fbpx
Таг: слобода на изразување

таг: слобода на изразување

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на новинарката Душица Мрѓа

Уставниот суд утврди повреда на слободата на изразување на мислата на новинарката Душица Мрѓа од телевизија 24 вести, согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Уставниот суд утврди дека Граѓанскиот и Апелациониот суд не направиле разлика во кое својство била присутна новинарката Душица Мрѓа во Собранието за време на настаните од 27 април 2017 година. Судот, според соопштението, оценил дека таа...

Најстариот неделник во регионот НИН со комплетна промена на редакцијата

Досегашниот главен уредник на српскиот неделник НИН, Милан Ќулибрк се повлече од оваа функција во најстариот политички неделник во регионот, додека членовите на колегиумот и редакцијата на НИН дадоа оставка на новата сопственичка на медиумот Јелена Дракулиќ, пишува српскиот весник Данас. Редакцискиот колегиум во оставка на НИН преку соопштение за јавност вели дека новата сопственичка најавила промена на концепцијата на...

Српски монах со руско педигре успеа да откаже концерт на полски бенд во Белград

Полскиот метал бенд „Батушка“ беше приморан да го откаже нивниот концерт што требаше да се одржи на 23 ноември во Белград, јавува српскиот весник Данас. Ваквиот неславен епилог доаѓа откако монахот Арсеније од Српската православна црква објави 45-минутно обраќање на својот Јутјуб канал со наслов „Сатаната во Белград“. Тој повика на забрана на концертот на полскиот бенд во Белград, порачувајќи...

Антикорупциска бара Судскиот совет да ја разгледа пресудата против ИРЛ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска го повика Судскиот совет Македонија во рамки на законските надлежности што ги има да го разгледа случајот со судската одлука донесена од судијката Јованка Спировска Панева против со ИРЛ и новинарката Сашка Цветковска. Антикорупционерите укажуваат на неопходноста да се почитува независното истражувачко новинарство и слободата на говорот како темели на демократијата, а...

Метаморфозис со поддршка на новинарскиот протест против судската одлука за ИРЛ: Одлуката ги загрозува слободата на изразување и слободата на медиумите

Фондацијата Метаморфозис го поддржува протестот на новинарите што треба да се одржи утре, 17.11.2023 година, пред Граѓанскиот суд во Скопје поради судската одлука против главниот уредник на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), Сашка Цветковска и Здружението на граѓани ИРЛ во случајот со тужбата на Кочо Анѓушев и на компанијата Брако за клевета. Метаморфозис ја смета судската одлука за опасен преседан, особено...

ЕК: Наместо државни кампањи, за поддршка на медиумите се потребни одржливи решенија

Македонските власти мислат едно, додека Европската Унија кажува сосема различно во однос на повторното воведување на трошење јавни пари за државни и општински кампањи во медиумите. Европската комисија во најновиот Извештај за напредокот на патот кон ЕУ за 2023 година јасно наведува дека наместо државни кампањи, на медиумите им се неопходни одржливи решенија за нивна поддршка. Ваквата забелешка од Европската...

Германската министерка за образование: Внимателно со научната соработка со Кина

Неопходно е внимание во научната соработка со Кина, изјави германската министерка за образование и истражувања Бетина Штарк-Вацингер, пренесува германската новинска агенција ДПА.  „Позади секој кинески истражувач може да се крие Комунистичката партија, тоа треба да ни биде јасно“, изјави министерката за весникот „Велт“. Таа инсистира дека треба да се проверат сите облици на соработка, вклучувајќи ја и онаа помеѓу универзитетите, а...

Во Русија приведена новинарката Алсу Курмашева оти не се регистрирала за „странски агент“

Руско-американската новинарка Алсу Курмашева која работи за Радио Слободна Европа е приведена од руските власти оти не се регистрирала како „странски агент“ во земјата, информираат од Радио Слободна Европа. Од оваа медиумска куќа, како и од Комитетот за заштита на новинарите, ги повикаа руските власти под итно да ја ослободат новинарката Курмашева, која е задржана во градот Казан во притворско...

Почна ловот на новинари: Додик со акт клеветата ја прогласи за ново кривично дело

Претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик на РС, пренесе Ослобоџење. Станува збор за измени кои практично клеветата ја прогласуваат за кривично дело. Овие измени беа усвоени од Народното собрание на РС на седницата на 20 јули годинава. Тоа значи дека секој што ќе верува дека...

Уставен суд: На новинар од „Фокус“ му била повредена слободата на изразување на 27 април во Собранието

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука со која се утврди дека е сторена повреда на слободата на јавно изразување на мислата на новинарот на „Фокус“, Влатко Стојановски, сторена со две пресуди – една од Граѓанскиот суд Скопје од 2021 година и една од Апелациониот суд Скопје исто така од 2021 година, информираа од Уставниот суд по завршувањето на...

Руска новинарка нападната во Чеченија

Познатата руска новинарка Јелена Милашина и адвокатот Александар Немов биле киднапирани и претепани од маскирани напаѓачи речиси веднаш по нивното пристигнување во Чеченија. Само неколку минути по нивното слетување на аеродромот во Грозни, автомобилот на Милашина и Немов бил опкружен од три други возила и од нив излегле 10 маскирани лица, пишува Би-би-си. „Беше класично киднапирање,“ изјавила Милашина пред чеченскиот...

Јутјуберите во „сива зона“ и без надзор на АВМУ, потребна ли е регулација на инфлуенсерите?

Од промотивни рецензии за одредени производи, преку оценки на храната во угостителски објекти и видео интервјуа со јавни личности до продукција на своевидни информативни емисии во видео формат. Јутјуберството како создавање на аудиовизуелни медиумски содржини по барање од физички лица зема голем замав и во Македонија, а заедно со ова се поставува и прашањето за степенот на негова регулација. Во...

Русија го приведе американскиот новинар Еван Гершкович од „Волстрит Журнал“

Американски новинар кој работи за угледниот весник „Волстрит Журнал“ е приведен во Русија под сомнение за шпионажа, соопшти Руската служба за безбедност ФСБ, пренесува Би-би-си. Еван Гершкович, искусен новинар од Русија, работел во градот Екатеринбург во моментот на притворањето. „Волстрит журнал“ соопшти дека е „длабоко загрижен“ за неговата безбедност. ФСБ соопшти дека ги „запрела нелегалните активности“ и дека репортерот „дејствувал по американски...

ЕФН го осудува однесувањето на државните функционери кон новинарите во Северна Македонија

Во изминатите денови, државни функционери во Северна Македонија во неколку наврати вербално малтретираа новинари и медиуми. Европската федерација на новинари (ЕФН) се приклучи на својата партнерска организација во Северна Македонија – Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), во осудата на несоодветното однесување на јавните личности и потсетувањето на моралните обврски што ги носи јавната функција, соопшти ЗНМ. „Од 16 јануари,...

„Крвавиот четврток“ и судовите: Противречни пресуди за новинарите кои известуваа од Собранието

Апелацискиот суд со своите пресуди му ги повредил правата на новинарот Влатко Стојановски од „Фокус“ во врска со упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Вака се изјаснија судиите од Уставниот суд и денеска побараа по овој предмет да се отвори дискусија на дневен ред на некоја од наредните седници. „Во текот на советувањето и гласањето судиите го усогласија...

УНЕСКО: Во 2022 година се убиени 86 новинари и медиумски работници во светот

Бројот на убиени новинари и медиумски работници е зголемен за 50 отсто во текот на 2022 година, објави УНЕСКО. Дури 86 новинари и медиумски работници биле убиени лани, при што најопасни делови од светот, според бројот на убиства, биле Латинска Америка и Карибите. Организацијата за наука образование и култура на ОН, УНЕСКО има мандат да обезбеди слобода на изразување и...

Европска федерација на новинари: Во Косово имало шест напади врз новинари за време на ескалирачките тензии

Европската федерација на новинари алармира за зголемените закани со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници кои известуваат за тензиите меѓу Србија и Косово на северот на Косово и се придружува на нејзината членка - Здружението на новинари на Косово (АЈК) во барањето до надлежните органи, вклучително и Мисијата на Европската унија за владеење на правото на Косово (ЕУЛЕКС),...

Дезинформациите да се регулираат, но не и да се забранат, бара Комисијата за човекови права во Нов Зеланд

Независната регулација треба да го поткрепи пристапот на Нов Зеланд кон дезинформациите, смета главниот комесар за човекови права во оваа земја, Пол Хант, пишува „НЗХералд“. Ваквата изјава доаѓа пред претстојното објавување на документот што е формиран врз основа на анализа на новозеландските службеници кои ги истражувале активностите извршени од странство во функција за справување со штетните содржини, особено оние што...

Поголемиот дел од убиствата на новинарите во светот остануваат неразрешени

За 80 отсто од 263 убиства на новинари извршени во изминативе 10 години низ светот досега нема обвиненија, предупредува Глобалниот индекс на неказнивост за 2022 година (2022 Global Impunity Index) подготвен од Комитетот за заштита на новинарите (Committee to Protect Journalists), меѓународна организација посветена на унапредување на слободата на медиумите низ светот. Извештајот објавен по повод 2 Ноември - Меѓународниот...

ЗНМ: Навредите на Фејсбук кон новинарите може да ја загрозат нивната безбедност

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Оттаму предупредуваат дека објавување на ваков тип на содржина може да поттикне говор на омраза од страна на трети лица на социјалните мрежи, како и на дел од онлајн медиумите. „Лицето Божиновски во...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...