fbpx
Таг: Скопска

таг: Скопска

„Скопска“ да носи поволности и да се плаќаат други услуги во градот, јавниот превоз со тоа ќе привлече патници

Електронскиот систем за наплата на билети и картичката „Скопска“ во скопскиот јавен превоз беше воспоставен во 2015 година и од тогаш до денес нема никакви измени во неговото функционирање, со исклучок на променетиот дизајн на картичките. За разлика од Скопје, околните главни градови од регионов воведоа многу поволности и нови услуги со ваквите картички за граѓаните, кои допринесуваат за...

Корона вирусот го преполови бројот на патници во скопскиот јавен превоз

Епидемијата на корона вирусот во земјава предизвика значајно намалување на бројот на патници во скопскиот јавен превоз. Деталните пресметки за изминатиов месец допрва ќе се прават, но првичните извештаи велат дека двојно е намален бројот на граѓани што ги користат градските автобуси во Скопје, покажуваат податоците на ЈСП - Скопје. - Генерално, бројот е намален двојно, па дури и повеќе....

Билетот за едно возење од денеска може да се користи на сите линии на ЈСП

Откако беше пуштен во пробна употреба на дел од линиите од скопскиот јавен превоз, билетот за едно возење од денес може да се користи на сите градско-приградски линии во Скопје, информираат од ЈСП. Билетот за едно возење чини 50 денари и истиот може да се купи во сите возила на ЈСП Скопје и во билетарниците на јавното сообраќајно претпријатие. „Билетот...

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

Со автобусите на ЈСП - Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите...

„Скопска“ купена пред повеќе од четири години ќе мора да се замени со нова

Граѓаните кои први ја набавиле персонализираната картичка „Скопска“ за користење на јавниот превоз пред повеќе од четири години ќе мора да ја променат со нова. ЈСП - Скопје во моментов е во процедура за набавка на нови електронски картички и билети, со тендер што беше распишан до 30 јануари. Новите картички сукцесивно ќе се набавуваат, а со цел да...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Цел месец доцни воведувањето на билетот за едно возење во скопскиот јавен превоз

ЈСП - Скопје засега нема информација кога ќе започне употребата на новите хартиени билети за едно возење во јавниот превоз. Веќе еден месец доцни воведувањето на ветениот билет, заедно со ставањето во функција на новата мобилна апликација за јавниот превоз и можноста за надополнување на средства на картичката „Скопска“ од страна на самите граѓани. Од ЈСП - Скопје за „Мета.мк“...

Ноември дојде, хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз нема

И покрај тоа што градските власти ветија дека од 1 ноември ќе стартува користењето на хартиениот билет за едно возење, на оваа поволност граѓаните ќе мора да почекаат уште малку. Реализацијата на тендерот за хартиените билети, заедно со новата мобилна апликација за јавниот превоз и дополнителните валидатори во автобусите, сѐ уште се во тек на реализација. Од ЈСП - Скопје...

Билетот за едно возење е со чип и е наменет за граѓаните од внатрешноста и за странци

По вчерашната одлука на Советот на град Скопје за определување на цената на новиот билет за едно возење, од ЈСП Скопје појаснуваат дека јавниот превоз во Скопје нема да поскапи. Цената за едно возење од 50 денари ќе важи единствено за идните електронски хартиени билети, кои ќе бидат пуштени во функција на 1 ноември. - Билетот ќе биде наменет само...

Од 1 ноември повторно хартиен билет за едно возење во скопскиот јавен превоз

Граѓаните од 1 ноември повторно ќе можат да купат хартиен билет за едно возење во автобусите од скопскиот јавен превоз. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денес посочи дека реализацијата на тендерот за оваа намена е при крај. Во моментов се одвива тест-периодот, а цената на билетот за едно возење ќе биде утврдена на утрешната седница на Советот на град Скопје. Билетот...

„Скопските“ со истечен рок, граѓаните ќе ги менуваат на свој трошок

Граѓаните кои први ја купиле картичката „Скопска“ пред четири години ќе мора да ја променат со нова, поради тоа што е истечен нејзиниот рок на важност. Од ЈСП - Скопје информираат дека станува збор за персонализираните електронски картички, и тоа за оние сопственици кои први ја извадиле оваа картичка во 2015 година. - Замената на картичките е на трошок на...

Картичката „Скопска“ ќе може да се надополни на над 20 нови локации

ЈСП Скопје ја прошири секундарната продажна мрежа за над 20 дополнителни локации (маркети, трафики и слично) низ скопските општини. Покрај тоа што ќе можат да ја купат картичката „Скопска“ на овие локации, граѓаните ќе можат и да ја надополнат картичката, без притоа да треба да одат до некоја од билетарниците на ЈСП Скопје. Како што информираат од ЈСП Скопје, граѓаните...

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот на посета на музеј...

Нема во продажба картички „Скопска“ за градските автобуси

Ако сте ја загубиле картичката „Скопска“ и треба да купите нова, тоа не можете да го направите уште од 10 декември во центрите „Скопска“ на Бит Пазар, во Транспортен центар и во центарот на Скопје, пишува „Порталб.мк“. Во ЈСП велат дека нови картички ќе бидат пуштени на продажните места во првите денови на новата година. Граѓаните бурно реагираат на недостигот и...

Картичката „Скопска“ ќе може да се купи и дополни само на билетарите на ЈСП

Граѓаните нема да може да купуваат и да ги надополнуваат електронските картички „Скопска“ од продажни места кои не се во сопственост на ЈСП Скопје, бидејќи денеска завршил договорот помеѓу ова јавно претпријатие и фирмата-мастер дилер за продажба на нивните услуги, информираат од ЈСП Скопје. „Купувањето и надополнувањето ќе може да се направи исклучиво во продажната мрежа на ЈСП Скопје која ја сочинуваат...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...