fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Во Скопје се забранува доставување стока од 7.30 до 18 часот

Советот на град Скопје на вчерашната седница усвоил одлука со која се забранува доставувањето стока во периодот од 7:30 до 18 часот, во периодот од од 1 декември до 31 март. Доставата меѓу 18 и 7.30 часот ќе може да се врши со задржување на возилото најмногу 15 минути. Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на...

Протест против масовното труење миленици во Скопје

Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, Активистите за заштита на животните денеска со извици на „Правда за животните“, „Убијци“ протестираа и бараа надлежните органи да ги пронајдат лицата кои во изминатиот период трујат мачките и кучињата. „Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман...

Утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Центар ќе бидат без струја

Дел од жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија поради поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа. Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците...

Воздухот во Скопје вечерва е екстремно загаден

Воздухот во Скопје вечерва е загаден 10 пати повеќе од дозволеното ниво, до 50 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Во Општина Карпош, се измерени 427 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Лисиче 484 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Центар 426 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, кај Ректорат 569 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Граѓаните, на социјалните мрежи, повторно апелираа до надлежните...

Голема загаденост на воздухот во Скопје

Воздухот во Скопје и утрово беше многу загаден. Концентрациите на ПМ10-честичките измерени од мерните станици на Министерството за животна средина и прoсторно планирање се движеа од 129 микрограми на еден кубен метар во Гази Баба, 142 во Центар, 167 во Карпош, 172 кај Ректорат, до 230 микрограми на еден кубен метар во Лисиче. Според мерењата во Скопје, значителна загаденост на...

Ограбени двајца малолетници во Скопје под закана со нож

Две непознати лица вчера извршиле разбојништво врз двајца малолетници од Скопје во центарот на градот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Димитрија Чуповски“, две непознати лица со закана со нож извршиле разбојништво врз двајца малолетници М.Т. и Н. М. од Скопје, одземајќи им околу 1200 денари, а потоа со трчање се...

Пронајден мртов човек на автопатот Скопје – Куманово

Мртов човек е пронајден на автопатот Скопје – Куманово, потврдија од МВР. На местото каде е пронајден трупот немало траги од крв, ниту пак траги од кочење на возило. Од МВР наведуваат дека се преземаат мерки за откривање на причините за смртта кај човекот и оти со повеќе детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.

Загаден воздух во сите скопски општини – во Лисиче речиси 10 пати над дозволеното

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било над дозволеното, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мерните станици, најголема загаденост во изминатото деноноќие е забележано во Лисиче, каде вчера во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Во општина Центар, вчера во девет часот биле измерени...

Изменет сообраќаен режим во центарот на Скопје

Во периодот од 16:00 до 17:00 часот денеска затворени за сообраќај ќе бидат улицата 11.Октомври од крстосницата кај Црвен крст, преку улицата Димитрие Чуповски до крстосницата кај ТЦ „Палома Бјанка“, улицата Филип Втори Македонски од хотелот „Холидеј ин“ до крстосницата со улицата 11.Октомври поради одржувањето на традиционалната Атлетска улична трка во централното градско подрачје. Автобусите кои ги опслужуваат линиите со...

Кривична пријава за скопјанец кој се обидел да ограби две менувачници

Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Н. (45) од Скопје, поради сомнение дека се обидел да ограби две менувачници, во Карпош и во Центар. Како што соопшти МВР, Б.Н. првото од двете дела го извршил на 2-ри овој месец, околу 13,35 часот, на ул. Московска, на подрачјето на општина Карпош, во менувачницата...

Протест за „Диво Насеље“ дeнеска пред Кривичен суд во Скопје

На потегот од плоштадот Скендер-бег до Основен суд Скопје 1, денеска со почеток од 13 часот, ќе се одржи протест против судската пресуда за случајот „Диво Насеље“. Протестот го организира Здружението за албанска култура, коe вчера го пријави настанот во полициската станица Бит-пазар. Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено дека треба да присуствуваат сите граѓани...

Владата ќе набави нови инкубатори и ќе бара пари за пречистителна станица за Скопје

Владата на денешната 33. седница ја усвоила информацијата за изградба на пречистителна станица за отпадни води во Скопје, односно за билатералниот договор за кофинансирање на проектот „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадни води за градот Скопје“ помеѓу Европската комисија и Владата, соопшти службата за информирање. Владата ги задолжила Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање...

Сончево и топло време, со умерена локална облачност

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло за овој период од годината, со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 12 Целзиусови степени, а максималната од 24 до 28 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб...

Со 40.000 гласови повеќе од Трајановски, Шилегов е новиот градоначалник на Скопје

Петре Шилегов од СДСМ официјално е новиот градоначалник на Град Скопје. Според резултатите од 100 проценти обработени податоци добиени од избирачките места кои Државната изборна комисија ги објави вечерва на веб-страницата, Шилегов на изборите вчера освоил 141.125 гласови, односно 50,32 проценти, и ја доби градоначалничката функција во првиот круг од изборите. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и досегашен градоначалник, Коце Трајановски, освоил...

Шилегов неофицијално во првиот круг победува во Скопје

Според неофицијалните информации на веб-страницата на ДИК, од преброените гласачки ливчиња од 657 избирачки места од вкупно 685 во Скопје, кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов, оствари победа во првиот круг, со речиси 135.000 гласови, наспроти малку повеќе од 96.000 на неговиот противкандидат, Коце Трајановски од ВМРО-ДПМНЕ, кој во изминатите два мандати беше на чело на главниот град. Според членот...

Трајановски очекува да биде изгласан тој што нуди нови проекти за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Коце Трајановски, денеска гласаше на избирачкото место 2489 во просториите на урбаната заедница Автокоманда. „Имав задоволство денеска да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на тие што имаат реализирано проекти и на тие што ветуваат и нудат нови проекти...

„Ејџијан ерлајнс“ повторно ќе лета на релација Атина – Скопје

По повеќе од една деценија, најголемиот грчки оператор „Ејџијан ерлајнс“ повторно ќе ја воспостави авионската линија помеѓу Атина и Скопје во јуни 2018 година, соопштија од грчката компанија. Потпретседателот на компанијата, Ефтихиос Василакис, вчера го претстави новиот пакет на летови како дел од плановите за проширување на летниот период на „Ејџијан“ за 2018 година, во кој ќе се додадат осумнаесет нови...

Анкета: Трајановски и Шилегов најверојатно во втор круг во трката за градоначалник на Скопје

Изборите за градоначалник на Скопје ќе бидат неизвесни, покажа телефонска анкета што во периодот од 23 септември до 2 октомври ја спроведе „М-проспект“ на барање на „Телма“ и на МЦМС, на примерок од 1.560 испитаници, со статистичка грешка од 2,5 отсто. Според податоците, разликата меѓу двајцата кандидати за градоначалник на Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ , Коце Трајановски, и на СДСМ, Петре Шилегов,...

Ограбена аптека во Скопје

Непознато лице со закана со нож ограбило аптека синоќа во 21 часот на улица Бутелска во Скопје. Напаѓачот со нож им се заканил на вработените и ги украл парите од дневниот промет. Екипа на полицијата извршила увид на местото на настанот, а во моментов се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.

Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

Ноќеска во околу 1.30 по полноќ, на улица Борис Сарафов во Скопје, непознат сторител извршил кражба во фирма сопственост на Џ.М. од село Сарај. Крадецот ја скршил влезната врата и од метален сеф одзел околу 5.000 евра. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...