fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Од недела ограничен сообраќај на дел од булевар „Илинден“

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје соопшти дека од недела ќе има времен сообраќаен режим на дел од булевар „Илинден“. Ќе биде ограничено движењето на делот од крстосницата со булевар 8 Септември до Сити Мол, во сообраќајната лента во тој правец. Причината за изменетиот режим се градежни работи за гасоводна мрежа, што ќе ги изведува Акционерското...

Електричен автобус ќе сообраќа шест месеци на линијата „15“ во Скопје

Новиот електричен автобус, за кој Град Скопје пред неполни три месеци потпиша договор со израелската компанија „Чериот Моторс“ за пробно користење, од денеска во наредните шест месеци ќе сообраќа на линијата „15“. - Автобусот е направен во согласност со последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус кој троши минимално количество електрична енергија и е опремен...

Шилегов: Ќе го решавам проблемот со воздухот и ќе ги изградам тунелите под Кале!

Со проекти во вредност од 300 до 350 милиони евра во текот на неговиот мандат, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов очекува дека ќе ги реши во целост или барем во голем дел најголемите проблеми на градот, како што се загадениот воздух, преоптоварениот сообраќај, притоа плаќајќи, како што вели, разумни суми, за разлика од претходното раководство. Фасадата на Сити Галери...

Шилегов и Каминис потпишаа договор за соработка на Скопје и Атина

Договор за соработка помеѓу градовите Скопје и Атина потпишаа денеска во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје градоначалниците на двата града, Петре Шилегов и Јоргос Каминис. - Со потпишувањето на овој договор, со Атина ќе разменуваме информации, искуства и добри практики и ќе негуваме соработка во разни области на работа и надлежности, како што се: градска администрација и управување...

Запленети 91 килограм марихуана во Кичево, тројца приведени

Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера во Кичево привело три лица од Скопје и запленило 91 килограм марихуана. Против тројцата, како и уште против три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави. Како што објасни портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, марихуаната била набавена во Албанија, а требало со автомобил да биде транспортирана до Скопје....

Атина: Изјавата на Димитров фрла сенка врз преговорите и посетата на Коѕиас

Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите. Оваа изјава грчките медиуми ја припишуваат на „добро информирани дипломатски извори“ и сметаат дека ќе фрли сенка, или како што вели „Катимерини“, „облаци на хоризонтот“ врз...

Бебе почина откако се оттргнало од рацете на баба му и паднало

Женско бебе на на 14-месечна возраст вчера починало во приватна болница во Скопје, каде било пренесено откако паднало од височина од 2,5 метри. Бебето се оттргнало од рацете на бабата кога биле на меѓуспрат во влез и преку прозорец паднало надвор. Задобило скршеници на черепот и крварење во мозокот и покрај интервенцијата во болницата, починало вчера во 19.10 часот. Се работи...

Советот на Скопје ја поскапи водата за индустрискиот комплекс „Железара“

Советот на Град Скопје, на предлог на градоначалникот Петре Шилегов, денеска како прва точка на дневниот ред ја стави и ја усвои новата повисока цена на водата за „РЖ Услуги АД Скопје“ („Железара“). За предлогот гласале 38 советници. Со новата цена на водата, сепак овој комплекс ќе плаќа речиси три пати помалку од домаќинствата за кубен метар вода. „Овој капацитет воопшто...

Коѕиас неделава во Скопје со предлогот од седум точки

Нацрт-предлогот за решавање на спорот за името со седум точки, грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас ќе го донесе неделава во Скопје, слетувајќи на меѓународниот аеродром „Скопје“, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Според весникот, името, опсегот на неговата употреба, јазикот, идентитетот, трговските марки, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи нацрт спогодбата. Според „Катимерини“, предлогот за решение е...

Скопје го надмина годишниот ЕУ-лимит за аерозагадување уште во февруари

И оваа година Скопје ги надмина годишните дозволени ЕУ граници за аерозагадување уште во февруари, што е показател дека еколошката и здравствена голгота на Скопјани продолжува и во 2018 година, информира групата „Скопје Смог Аларм“. Како што објаснуваат екологистите, дозволената граница за концентрации на ПМ10 честички во просек во 24 часа е 50 микрограми на кубен метар. Во ЕУ, дозволениот број...

Теодоракис во 1997 година во Скопје предложи федерација со Грција

Познатиот грчки композитор, Микис Теодоракис (93), чиј говор на неделниот митинг во Атина шокираше многумина во Грција, особено кај т.н. левица, пред 21 година, во 1997 година, при престојот во Скопје, имаше сосема спротивни ставови за македонско-грчките односи и проблемот со името. Во април 1997 година, пред  Теодоракис да дојде и да одржи концерт во Скопје, весникот „Етнос“ откри дека...

Нимиц ги потврди посетите на Скопје и Атина следната недела

Медијаторот на Обединетите нации меѓу Македонија и Грција за спорот со името Метју Нимиц вечерва преку соопштение официјално ги потврди посетите на Атина и Скопје. „На покана на владите на Грција и ПЈРМ, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц ќе престојува во Атина и Скопје во периодот од 29 јануари до 1 февруари како дел од напорите на...

На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе

Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот. „Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух - здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на протестот и порачаа граѓаните да...

Маж од скопско Марино загинал во сообраќајка во Скопје

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 23.30 часот на булеварот„Александар Македонски“ во Скопје, животот го загубил 36-годишниот Г.С. од скопското село Марино, соопшти СВР Скопје. Загинатиот управувал со автомобил „мерцедес“ со скопски таблички кога загубил контрола над возилото, по што автомобилот удрил во метални столпчиња, а потоа во дрво и во метална канделабра. Од повредите возачот го загубил...

Екстремно загаден воздух во Скопје втор ден по ред

Речиси на сите мерни места во Скопје, освен кај наплатната рампа Петровец, утрово е регистрирано многу високо ниво на ПМ10 и ПМ2,5 честички во воздухот, а високи концентрации има во Тетово и Куманово, покажуваат податоците на веб-страницата „Квалитет на воздухот“ на Министерството за животна средина и просторно планирање. Тоа е втор ден како е регистрирана многу висока загаденост на најмалку...

Првото бебе во Скопје во 2018 година е девојче

Првото бебе родено во 2018 година во Скопје го здогледало светот во точно 1 минута по полноќ, извести Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје. Станува збор за девојче тешко 3,7 килограми, долго 49 сантиметри, кое е родено на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клинички центар. Среќната мајка е Борјана Радевска од Скопје, на која ова и е...

Во Скопје се забранува доставување стока од 7.30 до 18 часот

Советот на град Скопје на вчерашната седница усвоил одлука со која се забранува доставувањето стока во периодот од 7:30 до 18 часот, во периодот од од 1 декември до 31 март. Доставата меѓу 18 и 7.30 часот ќе може да се врши со задржување на возилото најмногу 15 минути. Оваа одлука е со цел намалување на загадувањето на подрачјето на...

Протест против масовното труење миленици во Скопје

Со извици „Правда за животните“, „Убијци“, Активистите за заштита на животните денеска со извици на „Правда за животните“, „Убијци“ протестираа и бараа надлежните органи да ги пронајдат лицата кои во изминатиот период трујат мачките и кучињата. „Деновиве додека силеџии сеат страв, убиваат животни со отрови, се однесуваат како да никој не им може ништо, институциите ги игнорираат барањата за хуман...

Утре делови од Ѓорче Петров, Карпош и Центар ќе бидат без струја

Дел од жителите на Ѓорче Петров, Карпош и Центар утре по неколку часа ќе бидат без електрична енергија поради поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа. Од 09:00 до 10:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Црногорска“, „Кузман Шапкарев“, „Гостиварска“ и „Беаз Куле“ во Ѓорче Петров. Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците...

Воздухот во Скопје вечерва е екстремно загаден

Воздухот во Скопје вечерва е загаден 10 пати повеќе од дозволеното ниво, до 50 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Во Општина Карпош, се измерени 427 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Лисиче 484 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, во Центар 426 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички, кај Ректорат 569 микгрограми на метар кубен ПМ-10 честички. Граѓаните, на социјалните мрежи, повторно апелираа до надлежните...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...