fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Експресниот кинески воз за Битола „времено“ е укинат веќе цела година, прескапа била поправката

Експресниот воз „Хераклеа“ на релацијата Скопје - Битола е укинат веќе една година, без најави за негово повторно враќање во сообраќај. И покрај бројните реакции на граѓаните за повторно воведување на овој воз, од Железници на РСМ - Транспорт велат дека еден од новите кинески возови е расипан и неупотреблив за сообраќај. - Поради високата цена за поправка како и...

Од „немирите во Скопје“ до џамијата во Охрид има 175 километри и 100 светлосни години

Со формулацијата „Немири во Скопје: Македонците прават нереди поради доаѓањето на турскиот претседател Ердоган“ српскиот портал „Дневно.рс“ пласираше крајно неумесен обид за да се привлечат што е можно повеќе читатели со бомбастичен наслов. Тој е ставен над една нормална статија, всушност пренесена вест од српската новинска агенција „Бета“ за посетата на амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара на...

Од среда прскање против комарци во Скопје

Град Скопје извести дека третата фаза од авионската и од терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне в среда. Авионското прскање ќе почне во раните утрински часови и ќе се врши рано утрото. Прскање против комарци од земја ќе почне во истото време и ќе се одвива и во следните два дена, а ќе...

Грчката железница засега нема интерес за воведување воз од Битола до Лерин

И покрај тоа што пругата од Битола до Кременица на македонско - грчката граница е веќе изградена, на неа во скоро време нема да минуваат патнички возови. Грчкиот железнички оператор - TrainOse не е заинтересиран за воведување пограничен воз меѓу Битола и Лерин. Како што информираат за „Мета“ од Железници на РСМ - Транспорт, на 30 мај во Скопје...

Скопје, трамвај ти ќе видиш – можеби (видео + инфографик)

video
Доколку не се вложи во побрз јавен превоз во најскоро време, македонскиот главен град во наредната деценија ќе прерасне во неподносливо место за живеење со уште поголемо загадување на воздухот и сообраќаен метеж на улиците, хроничен недостиг на паркинг места и уништено зеленило од непрописно паркираните возила. Експертите предупредуваат дека веднаш на Скопје му е потребен јавен превоз што...

Поради скопскиот маратон, некои автобуси в сабота по привремени траси

Поради одржувањето на „Виз Ер Скопски маратон 2019“,  в сабота дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција, известија од ЈСП - Скопје. Линиите 25 и 59 А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот. Од 8 до...

Бучавата од сообраќајот во Скопје и во Битола е до два пати поголема од дозволеното

Граѓаните од Скопје и Битола се соочуваат со дури два пати поголема бучава од сообраќајот во споредба со дозволените рамки. Покрај тоа што ги остава без сон, преголемата бучава може да предизвика нарушувања на психичката и физичката состојба. Мерењата на бучавата што ги направија од Техничкиот факултет во Битола покажуваат измерени вредности далеку поголеми од законските ограничувања на сите...

Денот на посетата на папата, 7 мај, сепак е работен ден

Иако претходно имаше најави дека е можно поради посетата на папата Франциск на Скопје, 7 мај да биде прогласен за неработен ден, тоа сепак нема да се случи и денот ќе биде работен, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Во текот на неговата посета на Скопје, каде ќе допатува од Бугарија, поглаварот на Римокатоличката црква, покрај средби со државниот врв, ќе...

Лажните дрва растат на плодна почва: „Скопското“, може да е турско, а може и не е

Пост на Фејсбук објавен вчера, во кој се тврдеше дека со четири фотографии ја објаснува трагичната судбина на едно дрво во Скопје, односно дрвото на тревник пред зграда во пролет, есен и зима, а потоа градба на местото на кое било дрвото, за кратко време предизвика многу гневни реакции против „скопската урбана мафија“ и голем број пресподелувања. Но, станува збор...

Градските автобуси во Скопје за празниците со неделен возен ред

Во текот на претстојните Велигденски празници и в среда, 1 Мај, Ден на трудот, автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред. Овој возен ред ќе се применува од петок до понеделник, а исто така и в среда, со исклучок на петок, кога одредени линии ќе сообраќаат по делничен возен ред. Тоа се линиите 11,...

Градска железница во Скопје: Прво анализа, потоа изградба

Проектот за воведување на градско - приградска железница во Скопје би создал услови за урамнотежен развој на главниот град, но најпрво ќе мора да се направат соодветни студии и да се пронајдат позначајни финансиски средства за неговата изведба. Владата во својата 4 - годишна програма за работа, во делот на инфраструктурата, го има вметнато проектот за воспоставување на приградски...

Градот Скопје и Железници размислуваат за комбиниран билет за воз и автобус

Град Скопје и Железници - Транспорт се заинтересирани за воведување на нова, комбинирана карта за патување со воз и јавен превоз во главниот град. Ваквиот билет веќе се користи во поголемите градови од развиените земји, а со него би им се овозможило на граѓаните со една карта да извршат трансфер од автобус во воз и обратно, со цел полесно...

За 18 години се загубиле 40 милиони патници од јавниот транспорт (инфографик)

Извор на фотографија: Општина Прилеп
Бројката на превезени патници во јавниот превоз во Македонија опаѓа низ годините, но сè повеќе македонски општини се одлучуваат да воведат редовен линиски превоз во градовите. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека лани услугите на градско - приградскиот превоз ги користеле 71.410.000 патници, додека со јавен транспорт во 2000 година биле превезени 111.408.000 патници. Статистичките податоци укажуваат на...

„Скопска“, освен за билети на ЈСП, да се користи и за други плаќања

По повеќе од две години од нејзиното воведување, електронската картичка „Скопска“ сè уште се користи единствено за патување со јавниот автобуски превоз во Скопје. Експертите посочуваат дека скопските јавни претпријатија треба да се обидат на оваа картичка да го вклучат и плаќањето паркинг за возилата, изнајмувањето велосипед, па дури и некои нетранспортни услуги од типот на посета на музеј...

Скопје ќе воведува нов автоматизиран систем за изнајмување велосипеди

Наместо изнајмување велосипед со лична карта на паркинзите на Ј.П. „Градски паркинг“, Скопје во иднина ќе добие автоматизиран систем за изнајмување на овие превозни средства на 30 локации низ градот. Градските власти планираат да воведат јавен систем за самоизнајмување 450 велосипеди, кои ќе бидат опремени со систем за позиционирање (ГПС). Граѓаните што сакаат да изнајмат велосипед, во иднина ќе можат...

Приватниците со 209, ЈСП со 275 автобуси во јавниот превоз во Скопје (инфографик)

Јавниот превоз во Скопје лани функционира со 105 линии. За овие линии, Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје (ЈСП - Скопје) пушта во сообраќај дневно, во просек 275 возила. Јавен превоз во Скопје вршат и приватните претпријатија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, кои заедно имаат 209 возила, пренесува „Порталб.мк“. Од Секторот за сообраќај на Град Скопје објаснуваат дека сегашното право за вршење...

Осум години Скопје ја чека изградбата на бесплатни паркинзи за возилата од другите градови

Иако бил вклучен како проект во 2011 година во првиот план за одржлив транспорт на Град Скопје, „Паркирај и вози“, концептот до денешен ден не е воведен во нашата метропола. Проектот со кој градовите од развиените земји го решаваат проблемот со сообраќајниот метеж во нивните центри не е изведен во изминативе 8 години од страна на градските власти. Никола Крстаноски,...

И приватниците сакаат субвенции за нови автобуси во јавниот превоз

Две недели по распишувањето на огласот за набавка на нови автобуси за ЈСП - Скопје, приватните превозници што вршат јавен превоз во главниот град посочуваат дека би сакале да добијат еднаков третман како и ЈСП - Скопје при обновата на возниот парк. Од „Макекспрес“ информираат дека во два наврати поднеле барања за одредување критериуми и технички карактеристики на возилата,...

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите. Од ЈСП - Скопје за „Мета“ велат дека негативното...

За 5 години, бројот на патници на ЈСП опаднал за 8 милиони (инфографик)

Опаѓа интересот за користење на јавниот градски превоз во Скопје. ЈСП - Скопје во изминативе 5 години изгубило околу 8 милиони патници годишно. Услугите на ова претпријатие лани ги користеле 44.726.781 патници, додека во 2014 година со автобусите на ЈСП - Скопје биле превезени 52.990.214 патници, се наведува во годишните финансиски извештаи за работењето на јавното сообраќајно претпријатие. Ваквата ситуација...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...