fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Со новите МАН автобуси и мобилната апликација, ЈСП очекува да се зголеми бројот на патници (инфографик)

Со автобусите на ЈСП - Скопје лани биле превезени над 44,1 милиони патници или за околу половина милион помалку во споредба со 2018 година. Трендот на намалување на превезените патници трае минимум шест години наназад, при што од ЈСП се надеваат дека ваквата негативна состојба ќе биде сопрена годинава со набавката на новите МАН автобуси и воведувањето на новите...

Брзиот скопски „трамвај на тркала“ запре на бавната реакција за финансирање на проектот

„Трамвајот на тркала“ (брз автобуски систем - БРТ) во Скопје на почетокот од декември помпезно се најави дека ќе добие владина поддршка за пронаоѓање средства, но засега нема информации кои чекори досега се преземени за неговата реализација. Министерството за финансии повеќе од три недели не одговара на прашањата на „Мета.мк“ за тоа до каде е процедурата за аплицирање за...

Додека се чекаат субвенциите за инвертери, објавен огласот за субвенции за печки на пелети

Додека граѓаните ги чекаат повиците на општинските власти од Скопје, Битола, Кичево и Тетово за добивање ваучери од 60.000 денари за набавка на инвертер клима уреди, Министерството за економија го објави јавниот оглас за надоместување на дел од трошоците за набавка на печки за греење на пелети. Државата преку оваа мерка ќе издвои околу 480.000 евра за субвенционирање на...

Се грееме како во среден век, исклучително неефикасно, скапо и токсично (видео)

Скап увоз на струја, уништување на дрвниот фонд на шумите, огромно загадување на воздухот во градовите и дотраена мрежа за снабдување со централно греење се само дел од оценките на Светската банка за затоплувањето на објектите во земјава во текот на зимските месеци. Банката во еден од извештаите за реализација на проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во земјава,...

Билетот за едно возење се користи на дел од линиите, наскоро и апликација на ЈСП за мобилни

ЈСП - Скопје го пушти во функција билетот за едно возење на дел од линиите од скопскиот јавен превоз. Граѓаните кои патуваат кон Матка со автобус веќе можат да го купат електронскиот билет за едно возење, по цена од 50 денари. Од ова претпријатие за „Мета.мк“ велат дека се набавени 300.000 билети за едно возење, кои во многу скоро...

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост

Во Тетово престануваат да важат мерките за заштита од загаденост на воздухот, бидејќи PM-10 честичките се под дефинираниот праг, информираат од владината прес - служба. Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух (ДАМСК) за ден 27 јануари (понеделник), средно - дневните концентрации на РМ-10 се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен и...

За комбинираниот билет за јавен превоз сите надлежни се прогласуваат за ненадлежни

Никој не е надлежен за воведувањето на комбиниран билет за јавен превоз за граѓаните кои секојдневно патуваат во Скопје од околните градови. Она што е нормална пракса за било која развиена земја, кај нас не може да се воведе со години наназад, и покрај тоа што жителите на Велес, Куманово и Тетово редовно ја бараат. Комбинираниот билет би им...

Заврши распустот – ЈСП од утре ќе вози по вообичаениот возен ред

Јавниот превоз во Скопје од утре повторно ќе функционира по вообичаениот зимски возен ред. Од ЈСП - Скопје информираат дека редукцијата на автобусите на градските и приградските линии траела во изминативе три недели, а истата завршува со крајот на ученичкиот зимски распуст и враќањето на учениците во училишните клупи. „Од утре, автоматски продолжува и важноста на ученичките бесплатни билети за...

Со милионите за катните гаражи од „Скопје 2014“ во целост ќе се решеше паркирањето (инфографик)

Погрешните политики за решавање на проблемот со паркирањето во минатото го направија уште поакутен недостигот на паркинг места во Скопје денес. Споредбените податоци што ги анализираше „Мета.мк“ покажуваат дека парите вложени во катните гаражи од „Скопје 2014“ ќе беа доволни за решавање на проблемот со недостигот на околу 8.000 паркинг места во главниот град, а ќе останеа и доволно...

Недостигот на паркинзи во Центар носи повисоки цени и протести на пазарџиите

Пазарџиите од Зелениот пазар во Скопје утринава предизвикаа сообраќаен хаос во централното градско подрачје со блокадата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ пред седиштето на „Макпетрол“. Тие се незадоволни од зголемувањето на цената на паркингот кај пазарчето на 70 денари за еден час, бидејќи со ваквата одлука им се намалува прометот на пазарот. Пазарџиите бараат од Паркинзи на општина...

Децата од скопски Центар биле најчести пациенти за болести на дишните патишта

Додека загадувањето во Скопје урива светски рекорди речиси незабележано поминаа резултатите од испитувањето на последиците од загадувањето на амбиентниот воздух врз здравјето децата во Скопје. Највисока стапка на вкупен број на прегледи кај лекар специјалист заради болести на дишните патишта е регистрирана во Општина Центар додека најмалата била во Сарај, се вели во заклучоците од испитувањето на последиците од загадувањето...

Годинава ќе се возиме по првите километри од Кичево – Охрид и по експресниот пат Штип – Крупиште

Околу 25 километри нови експресни патишта и автопати ќе можат да се користат од македонските возачи годинава, доколку се остварат планираните проекти од Годишната програма за работа на Јавното претпријатие за државни патишта. Пролетва како прва фаза од изградбата на новата патна врска меѓу Штип и Кочани ќе бидат пуштени во употреба 14,3 километри од експресниот пат Штип -...

Дечињата го дочекаа Дедо Мраз на скопскиот плоштад, новогодишната забава од 20:30 часот

Новогодишната магија на „Винтерленд“ денеска ја надополни доаѓањето на Дедо Мраз кој меѓу насобраните деца на плоштадот „Македонија“ пристигна точно во 12 часот, и тоа на електричен тротинет. Доаѓањето на Дедо Мраз предизвика радост меѓу најмладите на плоштадот кои се фотографираа со својот омилен лик, пееја новогодишни песни и се радуваа. Како што информираат од Град Скопје, на присутните деца...

Секој петти стан во Скопје е под хипотека

Skopje i Vodno sonce sonchevo krstot od Kale
Заклучно со септември, годинава 132.527 станови биле ставени под хипотека што е 12,2 отсто од вкупниот број од 1.084.534 запишани станови во нашата држава, покажуваат податоците од Регистарот на цени и недвижности. На врвот на листата градови со најголем број станови под хипотека е Скопје каде од вкупно 317.074 станови под хипотека се ставени 64.301 стан или 20,2 отсто. На второто...

Чешки „Локо транс“ ќе гради фабрика за шински возила во Скопје

Македонската влада и чешката компанија „Локо Транс“ денеска го потпишаа договорот за државна помош за инвестицијата во вредност од 15 - 20 милиони евра, со која се планира да се отворат од 250 до 300 нови работни места во новата фабрика за шински возила што ќе се гради во Скопје, се наведува во соопштението од владината прес - служба. Вицепремиерот...

Општините ќе ги делат субвенциите за инвертери во 10.000 домаќинства

Локалните самоуправи во Скопје, Тетово, Кичево и Битола ќе бидат задолжени за делењето на субвенциите за купување на инвертер клими во 10.000 домаќинства во земјава. Владата на вчерашната седница ги усвоила измените во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвоени 12 милиони евра за неколку намени, информираат од владината прес-служба. Наместо средствата да ги распределува...

33 години неуспешни обиди за изградба на трамвај во Скопје (хронологија)

Приказната за изградба на трамвај во Скопје е стара неколку децении, исто како и реалната работа на градските власти за неговата реализација. Пребарувањето низ архивите околу темата за трамвајот, „Мета.мк“ ја однесе назад во далечната 1986 година, кога започнала изработката на првичната документација за воведување на новото средство за масовен транспорт во Скопје. По 33 години, Владата и Градот Скопје...

Субвенциите за еколошки мотори на автобусите и годинава останаа неискористени од приватниците

Приватните автобуски превозници од скопскиот јавен превоз и годинава не пројавија интерес за искористување на субвенциите на Град Скопје за адаптирање на моторите на автобусите на еколошки горива. Минатата година останаа неискористени средства во висина од 20 милиони денари, а идентичниот износ ќе остане неискористен и во 2019 година поради непостоење на интерес од приватните превозници. - Градот Скопје на...

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на физибилити студијата, како и...

Железниците на Македонија и Турција разговараат за воведување воз Скопје – Солун – Истанбул

Железници на РСМ - Транспорт и Турските железници разговараат за можноста за пуштање во функција на туристички воз Истанбул - Солун - Скопје. Како што информираат од нашиот железнички оператор, директорот Орхан Муртезани разговарал за ова прашање за време на состанокот со генералниот директор на Турските железници (TCDD) на крајот од минатиот месец. Од државните железници на Турција доаѓа и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...