fbpx
Таг: Скопје

таг: Скопје

Лани немало дивоградби во Сарај, Гази Баба и Арачиново, а за Центар, Карпош и Аеродром нема податоци

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на бесправно изградени објекти за 2019 година полн со нејаснотии. Статистичарите информираат дека не добиле податоци за бројот на дивоградби за поголемите скопски општини Центар, Аеродром и Карпош. Во овие општини има интензивни градежни активности, додека во скопскиот регион со години наназад најмногу се инвестира во нови објекти. Покрај тоа...

Реката Вардар е место за фрлање отпад и извор на болести, ќе успееме ли да го прочистиме до 2026 година? (видео)

Бактериолошки во највисока четврта категорија на загадување, додека хемиски може да се случи да биде меѓу четврта и петта категорија на загадување во зависност од годишното време и водостојот. Ова е тажниот резултат од испитувањето на квалитетот на водите на реката Вардар во Скопскиот регион, којшто со години наназад го добива доктор Љупчо Костадиновски, специјалист по хигиена и здравствена...

Имаме богато железничко наследство, но немаме музеј и интерес за да го зачуваме (галерија)

Денот на македонските железничари и годинава беше симболично одбележан на 9 април. На овој ден, во далечната 1873 година се воспоставил сообраќајот на првата железничка линија меѓу Скопје и Солун. По 147 години од основањето на железницата во земјава, Македонија заедно со Албанија се последните земји во Европа кои немаат локација каде што може да се одбележи овој ден....

Филипче: Новозаболени од Ковид-19 во Охрид и Скопје од прослави, иако се забранети

Имаме нови кластери и за жал, морам да констатирам дека имаме непочитување на мерките. И покрај забраната, луѓето прават масовни собири, а тоа е нешто што апсолутно нема логика. Имаме граѓани кои се собираат, иако е тоа забрането. Не може да се прави свадба, кога е тоа забрането, не може други собири да се прават ако е забрането да...

Најголем дел од регистрираните активни случаи на ковид-19 се во скопските општини Чаир, Бутел, Сарај и Аеродром (инфографик)

Министерството за здравство информира дека според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 450 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 111, Бутел – 54, Сарај – 48, Аеродром – 45, Гази Баба – 42, Центар – 28, Карпош – 26, Кисела Вода - 18, Арачиново - 17, Студеничани -...

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е дадена на усвојување во Владата,...

Објавена виртуелна изложба за изгледот на Скопје во 1973 година на Џоел М. Халперн

Македонското студентско етнолошко - антрополошко друштво (МСЕАД) ја објави виртуелната изложба „10 години по земјотресот“ на Џоел М. Халперн. Фотографиите го прикажуваат изгледот на Скопје во 1973 година, десет години по катастрофалниот земјотрес што го погоди главниот град во 1963 година. На фотографиите може да се забележи изградбата на Соборниот храм, дел од Старата скопска чаршија, како и останатите...

По четири дена, ЈСП повторно го укина бесплатниот јавен превоз за возрасните лица

Порастот на бројот на новозаболени лица од Ковид-19 во Скопје предизвика повторно воведување на рестриктивната мерка за укинување на бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица. Од утре (2 јуни) жените со/над 62 години и мажите со/над 64 години нема да можат бесплатно да се возат на градските и приградските линии во Скопје во вторник, петок, сабота и...

Пуштен во употреба новиот паркинг во Клинички центар кај Гинеколошка клиника

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов и министерот за здравство Венко Филипче, денеска направија обиколка низ клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ и извршија увид во големиот број градежни активности што се вршеа изминатиов период. Воедно, тие информираа дека новиот паркинг кај Гинеколошката клиника е пуштен во употреба. Просторот за паркирање на местото на некогашната зграда на Клиниката за гинекологија ќе може да...

Регулаторна за 37 отсто ја намали цената за приклучок на системот за дистрибуција на парно

За 37 отсто се намалува надоместокот за приклучување на системот за дистрибуција на топлинска енергија, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Ова е една од главните измени во Мрежните правила за дистрибуција на топлинска енергија што ги одобрија регулаторите, а кои треба да го поттикнат приклучувањето на што поголем број на новоизградени објекти на системот...

Град Скопје ја заврши првата фаза од реконструкцијата на булевар АСНОМ и Пластичарската улица

Градските власти викендов ја завршија првата фаза од реконструкцијата на булеварите АСНОМ и Никола Карев (Пластичарска улица), информираат од Град Скопје. Булеварот АСНОМ е реконструиран и проширен на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. „Проширениот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на...

Патничките возови од утре ќе сообраќаат и за викендите, но со редуциран возен ред

Железници на РСМ-Транспорт од утре, 16 мај, ќе ги стави во функција патничките возови и за време на викендите. Возови во сабота и недела ќе има на релациите Скопје-Гевгелија-Скопје, Скопје-Битола-Скопје и Скопје-Велес-Скопје, додека нема да се сообраќаат возовите од Скопје кон Куманово, Кичево и Кочани. Почнувајќи од утре, на релацијата Скопје-Битола ќе сообраќаат возовите во 6:57 и 14:30 часот, додека...

Од понеделник јавниот превоз во Скопје ќе функционира непрекинато од 5 до 19 часот

Фото: Борче Поповски
Скопскиот јавен превоз од понеделник (18 мај) ќе функционира непрекинато во периодот од 5 до 19 часот, информираат од ЈСП-Скопје. Заедно со укинувањето на двосменскиот режим на сообраќај на возилата, автобусите на ЈСП и на приватните превозници ќе сообраќаат по саботен возен ред. Исклучок ќе бидат градските линии 9, 19, 20 и 23, кои ќе возат по редуциран делничен...

Полицискиот час покажува колку сообраќајот навистина влијае врз аерозагадувањето во Скопје (инфографик)

„Мета.мк“ продолжува со истражувањето на влијанието на сообраќајот врз квалитетот на воздухот во Скопје. Токму епидемијата со корона вирусот изминатава пролет овозможи уште еднаш да се докаже дека намалената фреквенција на скопските улици довела до намалување на присуството на ПМ-2,5 и ПМ-10 честичките и азотниот двооксид во скопскиот воздух во текот на април 2020 година. ЈП „Улици и патишта“ до...

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје ќе почне да се гради на крајот на 2021 година

Пречистителната станица за отпадни води во Скопје е планирано да почне да се гради на крајот од 2021 година. За капиталниот објект што ќе биде лоциран во близина на селото Трубарево во следните два месеци треба да се објави постапка за предквалификација за избор на најдобар понудувач за изведување на градежните работи, а веќе е објавена постапката за предквалификација...

Бечев: Реториката на бугарската власт ќе го засили ВМРО-ДПМНЕ

Одговарајќи на познатата реторика во политичкиот и медиумскиот простор во Бугарија во изминативе неколку седмици, за зовриениот котел со прашањето на националниот идентитет на Македонците, за македонскиот јазик и за Гоце Делчев, познатиот професор и аналитичар Димитар Бечев во колумна за Радио Слободна Европа на бугарски јазик порачува дека диктатот на Бугарија кон Северна Македонија од позиција на сила...

Почна изградбата на втората фаза од булеварот „Босна и Херцеговина“ во Бутел

Екипите на Град Скопје почнаа со изведба на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“, на потегот од крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ до крстосницата со улиците „Ќемал Сејфула“ и „Бутелска“. Увид во градежните работи на оваа делница денеска извршија градоначалникот Петре Шилегов и градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, информираат градските власти. - Очекуваме во...

Корона вирусот за два и пол пати го намали бројот на паркирани возила во центарот на Скопје

Намалената фреквенција на движење на граѓаните и воведувањето на полицискиот час поради епидемијата на корона вирусот влијае на работењето на зонското паркирање во Скопје. Податоците од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (ПОЦ) покажуваат дека бројот на паркирани возила во центарот на Скопје во текот на март годинава e за два и пол пати помал во споредба со просечниот број...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Лани имало 2.000 нови приклучоци на парно во Скопје, но нема развој на дистрибутивната мрежа

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) лани регистрирала 2.000 нови приклучоци во трите системи за снабдување со топлинска енергија во Скопје. Според Годишниот извештај за работењето на РКЕ во 2019 година, бројот на потрошувачи на топлинска енергија се зголемил на 57.517, од кои над 53.000 се приклучени на системот на БЕГ. Станува збор за рекорден број на корисници на централното...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...