fbpx
Таг: Скопје Север

таг: Скопје Север

ЕСМ Продажба е новиот снабдувач со природен гас преку „Балкан Утилитис“ од Бугарија

ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, соопштија оттаму. Потрошувачите на природен гас во државата потребно е да се обратат до ЕСМ Продажба за понатамошно снабдување за своите потреби од 1 јануари. „Договорот е...

Тројца снабдувачи со парно во Скопје, секој различно грее, РКЕ со над 50 поплаки за квалитетот

Првиот снег во Скопје и најавите за минимални температури и под минус 10 степени во наредните денови го кренаа алармот кај жителите на главниот град во врска со централното парно греење. Во Скопје има тројца снабдувачи со парно греење кон граѓаните и во моментов секој ја обезбедува оваа обврска на различен начин. Од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) велат...

Скопјани од утре ќе имаат топли радијатори, предвреме почнува грејната сезона

Почнувајќи од утре, 7 октомври започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, најави РКЕ. Инаку, оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени. Регулаторната Комисија за Енергетика (РКЕ) даде одобрение за испорака на топлинска енергија...

Четири паралелки од прво одделение во „Петар Здравковски – Пенко“ учат во градинка

Четири паралелки од прво одделение во основното училиште „Петар Здравковски - Пенко“ во населбата Скопје Север, поради недостиг на простор, односно училници во училишната зграда, ја реализираат наставата во градинката што се наоѓа во близина на училиштето, известува „Порталб“. Родителите се загрижени, бидејќи доколку не се прошири постојнaта училишна зграда, за овие паралелки нема да има простор и наредната година. -...

Искршен штаб на ДУИ во Скопје Север

Изборен штаб на ДУИ во населбата Скопје Север бил оштетен од засега непознат сторител, извести СВР Скопје. Штабот  се наоѓа на улицата Тале Христов, а биле искршени две стакла од излогот и стаклена врата. Во полиција случајот бил пријавен вчера во 15.25 часот. СВР Скопје вели дека се работи на откривање на сторителот.

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје. Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...