fbpx
Таг: скијање

таг: скијање

На Попова Шапка ќе се отвори Информативно-едукативен центар

Во сабота 12 јуни, во 13 часот во манастирскиот комплекс на Попова Шапка ќе се отвори Информативно-едукативен центар, прв од ваков вид во регионот. Информативно - едукативниот центар е лоциран во срцето на ски-центарот, во близина на манастирскиот комплекс. „Целта на едукативното катче е да обезбеди информации за сите посетители за историјата, флората и дивиот свет на Шар Планина, информации...

По неколкугодишен прекин, „Осоговски велеслалом“ се врати на Пониква

Осоговски велеслалом 2021
Осумдесетмина натпреварувачи од повеќе градови во државата учествуваа на настанот „Осоговски велеслалом 2021“, кој после неколкугодишна пауза, вчера повторно се одржа на спортско-рекреативниот центар „Пониква“. Учесниците на натпреварот, кој е во организација на општина Кочани и Скијачката федерација на Македонија, се натпреваруваа во пет категории во машка и женска конкуренција – цицибани, деца, млади, сениори и ветерани. И покрај топењето на...

Еда Ахмети: Младите треба да пробаат скијање барем еднаш

Скијањето е еден од најатрактивните спортови во текот на зимската сезона. Во интервју за Порталб.мк, Еда Ахмети од Тетово, ни раскажува за нејзината љубов кон зимските спортови, кои може да изгледаат и опасни. Ахмети студира архитектура, но нејзината најголема страст се скијањето и бордингот. Таа почнала да скија уште на 4-годишна возраст, а во последно време и борда. Бидејќи Еда...

Џипови ја демолираа ски-патеката на Пониква

Несовесни граѓани со автомобили ноќеска додека паѓаше снег, целосно ја „преорале“ најпопуларната ски-патека во зимскиот центар Пониква кај Кочани. Направена е голема штета, особено што патеката беше подготвена за првиот снег годинава и првите скијачи. И покрај тоа што ски-патеката е оградена, возачите успеале да ја поместат оградата, да се искачат и да остават длабоки траги по делот што...

„Че Тим ТВ“ ги претставува изненадувањата во „туристичкиот центар“ Попова Шапка

Младите автори од „Че Тим ТВ“ со поддршка од порталот „Portalb.mk“ направија ново видео во кое ја отсликуваат реалната ситуација во зимскиот центар „Попова Шапка“, кој пропаѓа со години, бидејќи во него не се инвестира. (За да го вклучите превод на македонски јазик, кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото) Со зимскиот центар управува „ЕЛЕМ Турс“. Некои од...

Попова Шапка можеше да биде тоа што се денес Банско и Боровец

Двата скијачки центри во Бугарија, Банско и Боровец, иако помалку популарни во времето кога Попова Шапка имаше светска слава, последните години имаа силен развој, и го доживуваат најголемиот „сјај“ што го имале досега, пишува „Порталб.мк“. Покрај тоа, благодарение на компаративните предности што ги имаат, ниските трошоци, овие центри се натпреваруваат со ски-центри во Франција и Швајцарија. Повеќегодишните проблеми во скијачкиот...

Заев в сабота да дојде во ски-центарот, бара иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара  средба со премиерот Зоран Заев и другите владини претставници кои се задолжени за развојот на зимскиот туризам. Тие бараат средбата да се одржи на Попова Шапка во сабота, во 11 часот. Тие му порачуваат на премиерот посетата на Попова Шапка да ја реализира како обичен граѓанин, за да ги следи реалните тешкотии...

Скијачот Џирардели сопственикот на „Банско“ – не се откажува од плановите за проширување

Марк Џирардели, петкратниот светски шампион во алпско скијање, веќе две години е мнозински сопственик на компанијата „Јулен“, концесионерот на зимскиот центар „Банско“ во Бугарија, кое е омилена зимска дестинација на голем број Македонци. Вели дека не се откажува од плановите за проширување на зимскиот центар, поради кои многу се протестираше во Бугарија и низ светот на крајот на минатата...

Еколозите загрижени дека туристичко Банско ќе го проголта паркот Пирин

Од Лондон преку Софија до Сиднеј, на 4, 11 и 18 јануари годинава во 20 бугарски градови и во 8 светски метрополи, илјадници луѓе маршираа на протести против најновите законски измени донесени во Бугарија со кој значително ќе се намали територијата на националниот парк „Пирин“ за сметка на зимскиот центар „Банско“, инаку многу популарна дестинација и меѓу македонските граѓани....

Попова Шапка со катастрофална зимска сезона

Од иницијативата за спас на Попова Шапка, зимската сезона 2016/2017 ја оценуваат како една од најкатастрофалните во последниве неколку децении. Велат дека скијање на Попова Шапка имало само три недели во февруари, но и во овој период ски-лифотвите постојано се расипувале и имало постојано метеж. - Освен што е стара инфраструктурата, на центарот немаше никаква организираност, нема каде да се...

„ЕЛЕМ турс“: Ски-лифтовите на Попова Шапка се застарени, но функционираат беспрекорно

Скијачката сезона на Попова Шапка се одвива во согласност со организациските политики на „ЕЛЕМ турс“ и без поголеми проблеми. Цела постојна инфраструктура е во функција, а скијачките патеки се одлично подготвени, се вели во реакцијата на компанијата која стопанисува со скијачкиот центар Попова Шапка на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“. - Цела скијачка инфраструктура, односно жичарниците и ски-лифтовите, работат и...

„Да ја спасиме Попова Шапка“: Наместо да го градат, институциите го уништуваат центарот

Попова Шапка е оставена без никаква инфраструктура, одржување и без конкретен проект за модернизирање на туристичките капацитети. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа граѓаните што ја поведоа иницијативата под мотото „Да ја спасиме Попова Шапка“. Тие се загрижени што центарот наместо да се гради, се уништува за овие 15 години. - Попова Шапка е претворена во трпеза на која не се знае кој јаде...

Робовалиев: Жерновски да се врати во Скопје и да ги исчисти улиците на општина Центар

„Мрзливиот Андреј Жерновски е ендемски вид од градоначалник. Тој со своето неработење успеа од општина Центар да направи периферна планинска општина која не може да се справи со снегот“, изјави денеска на прес-конференција Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека додека граѓаните мака мачат со снегот, Жерновски ужива во зимската идила во луксузниот Боровец и демонстрира грижа за граѓаните на општина...

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

На скијачкиот центар Попова Шапка официјално почна скијачката сезона. Снежната покривка на патеките надминува половина метар, а на Церипашина има повеќе од еден метар снег. - На најатрактивната патека на Балканот, Церипашина, пред неколку години поставивме дрвени тараби кои го задржуваат снегот, односно не дозволуваат ветерот да го разнесе снегот. Овој снег во текот на сезоната може да се искористи и за другите...

Нашите скијачки центри се само за шетање, за скијање нема доволно снег

Иако вчера имаше пообилни снежни врнежи, сепак низ нашите скијачки центри нема скијање бидејќи нема доволно снег. Ски-лифтовите не работат, а и патеките не се подготвени. Од скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово велат дека не очекуваат обилни врнежи ниту во наредните денови, така што во овој центар нема да има скијање до Божиќ. - Работат двоседот и едноседот за тие што сакаат...

Детски скијачки натпревар во чест на Стеве Илиевски-Караѓуле

На Попова Шапка в недела, на 29 март, ќе се организира четвртиот Меморијален детски скијачки натпревар „Стеве Илиевски-Караѓуле“. Меморијалниот натпревар во организација на скијачкиот клуб „Љуботен“, ќе се одржи на скијачката патека Пионерско брдо во повеќе категории. Досега учеството го потврдиле осум скијачки клубови од Македонија, Косово, Србија и од Црна Гора. За првите три места, во секоја категорија, се...

Шарпланински куп за деца за популаризација на скијањето

Заврши Шарпланинскиот куп за деца што викендов се одржа на Попова Шапка. Повеќе од 100 деца на возраст од шест до 16 години, од земјава и од регионот, скијаа во дисциплините слалом и велеслалом на патеката Пионерско брдо. Целта на манифестацијата е преку организирање детски натпревари да се популаризира скијањето, кое во Македонија е доста значајно за развој на зимскиот туризам....

Источниот и Североисточниот плански регион сакаат зимски центар на Пониква

Пониква останува единственото место каде жителите со Североисточна Македонија можат да скијаат. На Пониква има патеки за скијање, меѓутоа, треба да се изградат уште неколку нови, според интересот на граѓаните од овој регион. Ова е ставот на градоначалниците од Источниот и од Североисточниот плански регион, кои ангажираа бугарски консултанти за изработка на планскиот развој на Пониква и на Осоговски Планини. Консултантите во...

Денеска почнува скијачката сезона во Маврово

Денеска и официјално почна скијачката сезона во Маврово. Од локалната власт велат дека сè е подготвено за прифаќање на сите туристи и за обезбедување максимални услови за престој и за забава во овој туристички центар. Хотелските капацитети на Маврово се речиси исполнети, исто како и големиот број викендички.  

Денеска почнува ски-сезоната на Пелистер

Почнува скијачката сезона на Пелистер. Од денеска битолчани можат да уживаат во скијањето на ски-центарот Копанки. Новина за оваа година е што ски-патеката е подолга за 600 метри, а ставен е во функција и ски-лифтот. Така, сега се добива скијачка целина со патеката од жичарницата од 1.300 метри. Ски-лифтот има капацитет да пренесе 600 посетители на час, со тоа се намалува...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...