fbpx
Таг: СЈО

таг: СЈО

Коцијанчич: Македонските власти треба да преземат одговорност

Европската комисија одблизу ја следи ситуацијата во Македонија, особено по вчерашните настани и тоа што се случуваше во изминатите денови, но останува македонските власти да преземат одговорност во интерес на државата и на граѓаните, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Особено е важно да преземат одговорност. Ние сме во постојан контакт со нив и нашата позиција е особено...

Јакимовски: Одлуката на Иванов е донесена под огромен притисок

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека неговата партија е крајно изненадена од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари против кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има правосилна судска одлука. - Запрепастувачки е што оваа одлука се носи во момент кога имаме нефункционална техничка влада, распуштен парламент, а со ваквата одлука претседателот...

Германија очекува брзо разјаснување на одлуката на Иванов

Германската амбасада во Скопје денеска соопшти дека е длабоко загрижена поради најавата на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира и да ги амнестира политичарите. „Очекуваме принципот на владеење на правото да биде почитуван од сите страни. Се надеваме дека состојбата во државата и во општеството правно и политички нема да се заострува понатаму и дека јавната безбедност ќе остане сочувана....

Пломп: Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп синоќа реагираше на одлуката на претседателот Иванов да даде аболиција и амнестија на политичарите. „Отчетноста е клучна за решавање на политичкиот конфликт, за Пржино и пошироко. Незаконитоста не може да биде одговор. Целосна поддршка за Специјалното јавно обвинителство“, напиша Пломп на Твитер. https://twitter.com/wouterplomp/status/719991484246794240 Претседателот Иванов вчера во обраќањето до нацијата рече дека политичката криза е наметната однадвор и оти решението...

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, напиша дека наскоро ќе следува...

Брисел: Партиите да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино

Денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре судските процеси против политичарите ја става под знак прашање посветеноста на Македонија кон промовирањето на владеењето на правото, порача вечерва Европската комисија. „Поранешната југословенска република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против незаконитоста. Наспроти тоа, денешната одлука на претседателот Иванов да помилува неколку политичари...

Британска амбасада е загрижена и бара дообјаснување за одлуката на Иванов

Британската амбасада во Република Македонија побара објаснување на одлуката на претседателот Иванов да се прекинат судските процеси кои се водат против политичари. „Изјавата на Претседателот од попладнево треба да се објасни. Доколку одлуката да се помилуваат политичари се однесува и на истрагите за наводите изнесени во прислушуваните материјали, тоа би било многу загрижувачки. Целосна истрага на тие наводи и соодветен...

Ховит за „Мета“: Итен состанок во Брисел по одлуката на Иванов за амнестија и аболиција

Кршењето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, кој посредуваше во носењето на Договорот од Пржино. - Политичарите во Брисел итно ги проучуваат и се консултираат за последните случувања во Скопје и можам да предупредам на многу сериозни последици доколку некоја од партиите или поединец е одговорен за кршење на Договорот од...

Амбасада на САД: Иванов предизвика сериозна загриженост за владеењето на правото

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија изрази загриженост поради последната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги запре сите судски процеси што се водат против политичари во Македонија. „Чекаме понатамошни детали и појаснувања. Меѓутоа, изјавата на претседателот предизвикува сериозна загриженост за посветеноста на Македонија на вледеењето на правото“, стои во реакцијата на Амбасадата на САД. Иванов, во својот говор, објасни дека...

Заев: Ако СЈО престане да функционира, ние ќе продолжиме да ги објавуваме „бомбите“

Ако Специјалното јавно обвинителство престане да работи и прислушуваните разговори ги вратат во СДСМ, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, рече денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на платформата за демократска Македонија. „Ако биде уништено СЈО и ги вратат материјалите, Зоран Заев ќе продолжи да ги објавува прислушуваните материјали. Истовремено, како што рековме, ќе ги употребиме...

СЈО за изборите: Должност на иституциите е да продолжат да соработуваат со нас

Собранието, пред одлуката за распуштање, што во средата доцна вечерта ја соопшти претседателот на законодавниот дом, Трајко Вељноски, не ги заврши обврските кон СЈО. Пратениците не ја ни разгледаа иницијативата на СЈО за измени на Законот за заштита на сведоци, а не беа усвоени ниту препораките на Венецијанската комисија околу законот за приватноста и за свиркачите. Обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска,...

Јанкулоска на распит во судот за „Тврдина“

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, наводно, веќе два часа е во Основниот суд Скопје 1, каде денеска треба да бидат сослушани четворица од осомничените во случајот „Тврдина“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Никој не ја видел поранешната министерка за внатрешни работи како влегува во судот, но, според неофицијални информации, таа утрово дошла во судот на покана...

Собранието ќе се распушти без да си ги заврши обврските кон Катица Јанева

Денеска на полноќ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, треба да констатира дека законодавниот дом се распушта 60 дена пред избори, како што е предвидено според Изборниот законик. Во јули лидерите на четирите најголеми политички партии во Пржино се договорија дека опозицијата ќе се врати во Собранието, како една од мерките за решавање на политичката криза. Оттогаш Собранието требаше да реши, а не успеа,...

Даниелсон: Има уште многу работа за спроведување веродостојни избори

Останува уште многу работа што треба да се заврши за да се обезбедат услови за фер и демократски избори, изјави денеска во Скопје директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, по средбата со лидерите на четирите најголеми политички партии и со премиерот Емил Димитриев. Даниелсон ги повика партиите и државните институции заедно да работат за да осигураат веродостојни...

Началникот на УБК на распит во Апелациониот суд

Горан Грујовски, началник на Управата за државна безбедност (УБК) исказ дава во Апелациониот, наместо во Кривичниот суд од безбедносни причини, поради судскиот процес „Диво насеље“. На распитот се присутни и обвинители од Специјалното јавно обвинителство. Како што изјави денеска обвинителката Ленче Ристовска, во случајот „Тврдина“ под истрага се петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што...

Јанева: Началникот на УБК денеска ќе се појави пред суд на сослушување

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, кој денеска на прес-конференција го образложи обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, инаку началник на УБК, во 13 часот ќе се појави во Основниот суд Скопје 1. Ова додека траеше прес-конференцијата го изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. СЈО за првоосомничениот бара мерка притвор, а за останатите осомничени поблаги мерки на претпазливост, како што се одземање на...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи...

Советот на јавни обвинители ја почна седницата, Јанева не дојде

Советот на јавни обвинители ја почна седницата на која, како што е најавено, ќе се разгледуваат барањата на Специјалната јавна обвинителка Катица, Јанева за преземање на случаите „Маѓар телеком“, „Верушевски“ и „Шпион“. Иако беше поканета, сепак на седницата нема да присуствува специјалната обвинителка Јанева. Таа за денеска во 11 часот во просториите на СЈО закажа прес-конференција. Во понеделникот, претседателот на Советот...

СЈО трага по началник на УБК

Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање. СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата одбил ваквото барање. Исто така е одбиено и барањето за притвор на осомничениот. Засега, како што...

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со П.Р. (Политичка рубрика) и Р.Д. (Редакција „Дневник“). Станува збор за текстови кои се однесуваат за...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...