fbpx
Таг: систематизација

таг: систематизација

МРТ со интерни огласи пополнува испразнети места, не може да добие дозвола за нови вработувања

Македонската радио-телевизија (МРТ) распиша 26 интерни огласи за вработените од оваа куќа во насока на пополнување на испразнети работни позиции и за унапредување на вработени во својата професионална кариера. Воедно, со ваквите огласи ќе се реши неправдата со оние професионалци кои се вработени со години наназад во МРТ, а кои со досегашната систематизација биле поставени на позиции кои не...

МИОА предлага јавниот сервис догодина да добие околу 19 милиони евра од државниот буџет

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во предлог буџетот за 2021 година за финансирање на Македонската радио-телевизија (МРТ) предлага да се предвидат средства во висина од 1.172.737.280 денари (околу 19 милиони евра) што би се издвоиле од државниот буџет, информираат за „Мета.мк“ од МИОА. Сепак, од ова министерство посочуваат дека за финансирање на радиодифузната дејност за МРТ, Македонска...

Владата повторно ветува систематизација на 700 административци кои 12 години земаат плата без работа

Систематизацијата на 1.688 административци вработени според Охридскиот договор, кои од 2008 година, во отсуство на понуда за државна работа, добивале плати иако седеле дома, започна за време на мандатот на претходната влада, но застана на половина. Сега, откако владините партнери не ја спроведоа предвидената систематизација во првиот мандат, ја вклучија во коалицискиот договор за вториот мандат. Но, барем засега,...

МРТ лани имала 232 новинари или 29 отсто од вкупниот број вработени во јавниот сервис

Македонската радио-телевизија (МРТ) на крајот на минатата година имала вкупно 814 вработени лица, од кои 768 во редовен работен однос, додека 46 биле хонорарно ангажирани. Од вкупниот број на вработени во јавниот сервис, 232 биле новинари, додека дури 80 биле уредници на радио и телевизиските програми. Новинарите учествувале со 29 отсто во вкупниот број на вработени во МРТ, се...

МРТ официјално работела со добивка, но со намален број на вработени во првите шест месеци

Македонската-радио телевизија (МРТ) официјално остварила позитивен финансиски резултат од работењето во првите шест месеци од 2020 година, иако приходите од државниот буџет и понатаму остануваат главен извор на над 85 отсто од приходите на јавниот сервис, покажуваат Извештаите за финансиското работење на МРТ за првиот и вториот квартал од 2020 година. Во првата половина од годинава, Националната радиотелевизија остварила вкупни...

МИОА ја одобри новата систематизација за дополнителни 460 работни места во МРТ

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) минатата недела ја одобрило новата систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), предложена од Програмскиот совет на МРТ. Потпретседателот на Програмски совет, Ведат Мемедалија, вели дека новата систематизација е потпишана од државниот секретар на МИОА, Адем Авзиу и предвидува зголемување на бројот на вработените на јавниот сервис од сегашните 764 на...

МРТ треба да вработи повеќе новинари, да отвори дописнички центри во земјава и да има дописници од регионот

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) не се изненадени од податоците во најновиот Правилник за систематизација на работните места во Македонската радио-телевизија (МРТ), кој покажува дека на јавниот сервис му недостигаат 469 вработени, од кои 202 се новинари. Според информациите на ЗНМ, нема јавно достапна анализа од службите во МРТ за...

Ревизорите бараат од МИА систематизирани работни места со утврдени задачи и контрола на авторските договори

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во објавениот Ревизорски извештај изразува мислење со резерва во однос на вистинитото и објективно прикажување на финансиските извештаи на Македонската информативна агенција (МИА) за 2018 година и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставените политики. Ревизорите констатирале слабости во воспоставениот систем на внатрешни контроли кај благајничкото работење и процесот на...

На МРТ ѝ требале уште 469 вработени, во моментов ангажирани 755 лица (инфографик)

На Македонската-радио телевизија (МРТ) ѝ недостасуваат 469 вработени, според најновиот Правилник за систематизација на работните места што го усвоил Програмскиот совет на МРТ на седницата одржана на 23 април годинава. За извршување на работните задачи во јавниот радиодифузен сервис е утврдено дека се потребни 1.224 извршители, додека во моментов се пополнети 755 работни места во оваа куќа. Податоците ја покажуваат...

Манчевски: Институциите мора да ги регистрираат вработените за да исплатат плати

Јавната администрација нема да може да земе плата, ако државните институции не ги регистрираат своите вработени во информатичкиот систем за управување со човечки ресурси, најави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски. Институциите кои не ги внеле податоците за вработените во регистарот, имаат рок од три месеци тоа да го сторат. Законските прописи со кои се предвидува оваа мерка,...

Разрешена директорката на Филхармонија, Маја Чаначевиќ

Министерството за култура на Република Македонија донело решение за разрешување на Маја Чаначевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија - Скопје. За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на филхармонијата. Во соопштението од Министерството за култура се вели дека според наодите на инспекциските служби, директорката на установата не го усогласила...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...