fbpx
Таг: сиромаштија

таг: сиромаштија

Просечниот личен доход е 302 евра месечно, а кај најбогатите тој изнесува 4.180 евра

Просечниот личен доход лани изнесувал 302 евра месечно, а најбогатите (еден процент) во Македонија имале просечен доход од околу 4.180 евра месечно, објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи. Од Министерство за финансии велат дека „бројките покажуваат дека Македонија е со висока стапка на доходовна нееднаквост помеѓу граѓаните“. - Педесет проценти од луѓето во Македонија што...

СДСМ: За зајакнување на економијата, украдените пари ќе се враќаат во буџетот

„Граѓаните ќе дознаат и ќе видат какви злоупотреби се правени и за каков луксуз се трошени нивните пари во изминатите 11 години што предизвика 500.000 граѓани, заради таквото расипничко однесување на ВМРО-ДПМНЕ и на Никола Груевски, да живеат под прагот на сиромаштијата“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека тоа е најголемиот...

Светска банка ќе издвои 57 милијарди долари за Африка

Светска банка соопшти дека ќе издвои околу 57 милијарди долари за инвестиции во следните три години во државите во Африка. Најголем дел од тие средства, 45 милијарди долари, ќе ги издвои Агенцијата за меѓународен развој во рамките на Светска банка, која ќе дава бескаматни кредити на најсиромашните земји. Претседателот на Светска банка, Џим Јонг Ким, оваа недела ќе ги посети Руанда...

Дополнително осиромашиле 75 отсто од домаќинствата во Грција

Средната класа во Грција полека се топи и дури 75 отсто од домаќинствата во Грција дополнително осиромашиле во текот на 2016 година поради рестрикциите во текот на изминатите години и товарот од сè поголемите даноци. Половината од Грците се подготвени да ја напуштат земјата. Овие поразителни резултати ги покажа годишното истражување на Конфедерацијата на занаетчиите и на трговците во Грција. Грчките медиуми ударно...

445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија во 2015 година

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 година изнесувала 21,5 проценти, објави Државниот завод за статистика. Минатата година 445.000 граѓани живееле под прагот на сиромаштија, кој за едночлено домаќинство изнесува 78.000, а за четиричлено домаќинство 164.000 денари годишен приход. Највисока стапка на сиромаштија има кај најмладите, односно децата до 17 години, и таа изнесувала 28,6 проценти, а најниска кај највозрасните, односно...

Минатата година 21,5 отсто од граѓаните биле сиромашни

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2015 година изнесувала 21,5 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Анализирано по типови на домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца е 22,8 отсто. Стапката на сиромашни вработени лица е 9 проценти, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,2 проценти. Коефициентот „џини“ (мерка за нееднаквоста во распределбата на...

СДСМ: Економските мерки на Груевски донесоа добивка само за „фамилијата“

„Обвинетот Никола Груевски со своите врвни криминални економски политики затвори 10.000 домашни фирми. Секоја трета домашна фирма е со блокирана сметка. Македонија го допре дното во Европа и во регионот по странски директни инвестиции по жител“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на извештајот „Дуинг бизнис“ што го објави Светска банка. Во него се додава дека јавниот долг...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да објасни на кој начин стекна имот вреден 60 милиони евра

Со 60 милиони евра приграбени пари од џебот на граѓаните на Македонија, обвинетиот Груевски и неговата партија на власт, ВМРО-ДПМНЕ, купиле партиски имот распространет на 33.000 квадратни метри, се вели во соопштение на СДСМ. Во него се додава дека владејачката партија треба да им објасни на граѓаните на кој начин стекнала имот вреден 60 милиони евра. „Доколку се утврди дека овој имот...

43,2 проценти од населението било подложено на ризик од сиромаштија во 2014 година

Во 2104 година, 43,2 проценти од населението било подложено на ризик од сиромаштија или социјална исклученост, пишува во публикацијата „Одржлив развој“ на Државниот завод за статистика. Анализирано според пол, стапката била поголема кај мажите, 22,3 проценти. Младите лица до 18 години имале поголем ризик од сиромаштија, 29 проценти, додека најмалку се подложни лицата на возраст над 65 години, кои главно живеат...

СДСМ: 600 домаќинства преживуваат со пари колку што чинат едни очила на Груевски

„Дури и Државниот завод за статистика, којшто множи и дели како што ѝ одговара на власта на Никола Груевски, не успеа да го скрие податокот дека една третина од домаќинствата во Македонија го живеат месецот со само 106 евра месечен приход. Тоа значи дека 600 домаќинства во земјава преживуваат цел месец со парите што ги дал Груевски само за неговите...

ММФ: Корупцијата годишно „јаде“ два отсто од глобалната економија

Давањето мито вшмукува 1.500 до 2.000 милијарди долари годишно во светот, што ја нагризува економијата и ја влошува социјалната заштита за сиромашните, се наведува во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за состојбите со корупцијата. Корупција, мито и другите облици на измами кои се заеднички и за сиромашните и за богатите земји, го ограничуваат економскиот пораст и ја поткопуваат политиката на...

Во БИХ живеат еден милион сиромашни граѓани и 525 милионери

Во Босна и Херцеговина околу еден милион жители живеат на границата на сиромаштијата, а повеќе од 600.000 се под таа граница, пишува мостарскиот „Дневен лист“. Според одредени анализи, околу 30.000 жители на БИХ не умираат од глад благодарение на храната што бесплатно ја добиваат во народните кујни. Во БИХ има повеќе од 540.000 невработени и 718.000 вработени. Околу 200.000 вработени работат за...

Во областа Гора невработени се 95 проценти од жителите

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана ја повика владата на Албанија итно да преземе соодветни мерки за подобрување на состојбата во областа Гора, истовремено искажувајќи ја својата загриженост за крајно неповолната положба на тамошните етнички Македонци. - Сметаме дека досегашното однесување кон областа Горa и кон тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Потврда за ваквиот наш...

Половина од населението се соочува со ризик да стане сиромашно

Речиси половина од македонските граѓани (43,2 проценти) се соочуваат со ризик да станат сиромашни, покажува најновиот извештај на статистичкото биро на Европската унија, Евростат. Со удел од 43,2 проценти, ризикот од сиромаштија и од социјална ексклузија во Македонија е поголем од сите други држави во Европа. Во Европа, 24,4 проценти од популацијата, односно 122,3 милиони луѓе, во 2014 година биле соочени...

СДСМ: Македонија е 13. по беда во светот oд мизерните политики на Груевски

„Во Македонија, приказните на Груевски за нови вработувања и за инвестиции се чиста лага, а потврда за тоа дојде и од светски познатиот институт „Като“, кој ја смести Македонија на 13. место по мизерија и по беда во светот. Македонија е 5. земја по мизерија и по беда во Европа“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека...

Левица: Привилегиите на функционерите мора да бидат укинати

Иницијативниот одбор на Левица им упати новогодишна честитка на пратениците и на функционерите и им порача дека во 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и во високи плати додека народот тоне во сиромаштија. „Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да престане. Тука сме да им...

Тунтев: Реалноста надвор од буџетот е дека народот сè потешко живее

На втората расправа за предлог-буџетот во Собранието, пратениците дискутираа, повеќе политички, во однос на остварувањата на оваа власт и за забелешките од опозицијата, отколку за ставките во буџетот и што тој значи за граѓаните за следната година. Пратеникот на СДСМ, Томислав Тунтев, зборуваше за бројките надвор од буџетот и за тоа што тие, според него, значат во реалниот живот, во последните...

Климатските промени можат да турнат во сиромаштија 100 милиони луѓе

Климатските промени до 2030 година, би можеле да турнат во екстремна сиромаштија повеќе од 100 милиони луѓе со негативни последици врз земјоделството, поттикнување маларија и други болести, соопшти Светска банка. Во извештајот, објавен неколку недели пред самитот на ОН во Париз за климатските промени, се нагласува дека глобалното затоплување може негативно да дејствува на сиромашните кои не се подготвени за...

Тевдовски: Да се победи нееднаквоста и да се врати средната класа

Опозицискиот СДСМ го претстави четвртиот столб од „Визија за Македонија“, „Европска иднина и квалитетен живот“. Според опозициската партија, клучна улога има стабилен државен систем во кој граѓаните добиваат квалитетни услуги во здравството, образованието, животната средина, културата, локалната самоуправа. Целта, според претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, е да се победи нееднаквоста во општеството и да се врати средната класа. -...

Помалку од 10 отсто лица во светот се екстремно сиромашни

Светската банка прогнозирала дека до крајот на годинава помалку од 10 отсто од светската популации ќе живее во екстремна сиромаштија. Станува збор за 702 милиони лица, претежно во Субафрика и од Азија. Пред три години бројката на овие луѓе изнесуваше 12,8 отсто од светската популација. - Ние сме прва генерација во човековата историја што може да стави крај на екстремната сиромаштија – рече...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...