fbpx
Таг: СИРИЗА

таг: СИРИЗА

Грчките европратеници лути на Хрватите кои сакаат да формираат група „Пријатели на Македонија“

Обидот на хрватската европратеничка Маријана Петир да формира неформална група „Пријатели на Македонија“ во Европарламентот предизвика лавина реакции од грчките европратеници. Остро протестираа европратениците од СИРИЗА и од ПАСОК, реагирајќи бурно против користењето на името Македонија, со барање да се употребува меѓународно договореното привремено име поранешна југословенска Република Македонија. Според европратениците, чекорот на хрватската пратеничка оди против сите одлуки на Европската...

Мицотакис, а не Ципрас, е новиот миленик на грчките медиуми

Новиот лидер на десничарската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, полека почнува да го гради својот имиџ како нова политичка ѕвезда на грчката сцена. Мнозинството од грчките медиуми го следат секој негов чекор за реформирање на партијата, претставувајќи го како новиот политички лидер кој може да внесе сериозност и стабилност не само во Нова демократија, туку и во државата како потенцијален...

„Вима“: Грците годинава очекуваат полоша реприза на минатата година

Оптимизмот полека станува непознат поим за грчкиот народ. Анкетата на неделното издание на весникот „Вима“ покажува дека 71,5 отсто од граѓаните се изјасниле дека 2015 била година каде сè одело од лошо кон полошо, а 2016 година очекуваат да биде само реприза на лошото сценарио што го гледаа изминатите 365 дена. Мнозинството од граѓаните анкетирани за весникот се изјасниле дека ова...

Грција одобри закон за истополови граѓански партнерства

Грчкиот парламент со 194 гласа „за“ го одобри законот за истополови граѓански партнерства. Со изгласувањето на овој закон, хомосексуалните двојки во Грција што ќе се одлучат за цивилен брак, отсега ќе ги имаат истите права како и хетеросексуалните брачни партнери. Грција со изгласување на овој закон прави чекор напред во усогласување на своето законодавство и почитување на човековите права во согласност...

Ципрас во мисија да се спречи нов пожар во СИРИЗА

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, се очекува да почне со нови иницијативи и средби со членовите на СИРИЗА за да спречи можен одлив на гласови и на поддржувачи на владината програма во пресрет на новите гласања за другите мерки и реформи договорени со европските партнери. Со сè погласните медиумски објави за строгите мерки за штедење како намалувањето на пензиите, здравственото и на...

Ципрас и Павлопулос разговараа околу спорот за името

Грчката влада загуби нови двајца пратеници на синоќешното гласање за дел од новите мерки договорени со европските партнери. Владиното мнозинство падна на 153 пратеници, ставајќи ја владата на СИРИЗА и на Независни Грци одново на стаклени нозе со минимална предност во Собранието. Откако вчера изутрина од пратеничката група на СИРИЗА се повлече поранешниот владин портпарол, Гаврил Сакеларидис, левичарите го исклучија...

Новите мерки одново ја нишаат владата на СИРИЗА

Грчкиот премиер Алексис Ципрас загуби уште еден од блиските соработници, поранешниот портпарол на владата, Гаврил Сакеларидис. По шпекулациите дека Сакеларидис ќе се обиде да избегне присуство при гласањето на новите закони за спроведување на мерките договорени со европските кредитори, Ципрас отворено побарал од него да ја напушти собраниската група на СИРИЗА и да го предаде пратеничкото место. Сакеларидис во својата...

Жолчна кавга во грчкиот парламент околу спорот за името

Жестока расправија за иницијативите на грчкото министерство за надворешни работи околу решавањето на спорот за името ја прекина дискусијата на грчкиот парламент за гласање на мерките и на обврските договорени со европските партнери. Лидерот на неонацистичката партија Златна зора, Никос Михалолиакос, среде парламентарната дискусија обелодени документ, допис од министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој се бара од партијата да...

Почнува расправата за гласање доверба на владата на Ципрас

Во грчкиот парламент денеска почнува тридневната собраниска расправа за гласање доверба на новата влада на СИРИЗА и на Независни Грци. Собраниската дискусија ќе почне со говор на премиерот Алексис Ципрас, кој ќе ја претстави владината програма, а ќе продолжи со излагања на секој од министрите, кои ќе ги претставуваат програмите и целите на секое од министерствата. Тридневната процедура ќе заврши...

Коѕиас ќе продолжи да ја води грчката дипломатија

Никос Коѕиас останува шеф на дипломатијата во втората влада на Алексис Ципрас. Портпаролката на владата, Олга Геровасили, вчера на полноќ ги објави имињата на новите министри и заменици од СИРИЗА и од коалициската Независни Грци. Владата ќе поднесе заклетва рано утринава, а старо-новиот премиер Ципрас веднаш потоа заминува во Брисел на состанок за бегалската криза. Првите оцени во Грција се дека...

Ципрас поднесе заклетва за нов премиер на Грција

Алексис Ципрас и официјално го почна својот втор мандат како премиер. Вечерва тој, во претседателската палата во Атина, поднесе заклетва како нов премиер. Новиот состав на владината коалиција СИРИЗА - Независни Грци се очекува да биде соопштен набргу и новата влада да поднесе заклетва и да почне со работа утре или најдоцна в среда, кога Ципрас експресно ќе замине во Брисел на...

Ципрас: Пред нас е пат на работа и на борби

Победникот на грчките избори, Алексис Ципрас, преку „Твитер“ ја објави победата и плановите на потенцијалната втора влада на СИРИЗА. „Пред нас се отвора пат на работа и на борби“, напиша Ципрас на својот твитер-профил, најавувајќи на овој начин дека нема место за големи прослави бидејќи државата ја чекаат тешки економски и политички предизвици, спроведување на новите мерки и реформи, за да...

СИРИЗА победи на изборите во Грција, Нова демократија го призна поразот

Грчкиот народ одлучи да ѝ даде втора шанса на СИРИЗА и на нејзината досегашна влада. Според првите официјални резултати на 21 процент од пребројани гласови, СИРИЗА води со 35,4 проценти од гласовите, а Нова демократија освоила 28,2 проценти. Разликата меѓу двете партии се очекува дека ќе биде повеќе од 7 проценти. Дора Бакојани, пристигнувајќи во седиштето на Нова демократија, го призна...

СИРИЗА води на парламентарните избори во Грција

СИРИЗА се чини блиску до втората изборна победа. Првите неофицијални резултати од анкетите за медиумите покажуваат дека СИРИЗА ќе биде прва партија и ќе освои од 30 до 35 проценти, Нова демократија е веднаш зад неа, со прогноза дека би освоила од 28,5 до 33 проценти од гласовите. Трета партија, според овие резултати, е неонацистичката Златна зора со 6 до 8...

СИРИЗА останува посветена на ставот за сложено име за севкупна употреба

СИРИЗА на само неколку дена пред отворањето на гласачките места, конечно ја претстави својата политичка програма. Од програмата долга 145 страници, на плановите за решавање на спорот за името им се посветени само неколку реченици. Според програмата, левичарската партија останува на познатите грчки црвени линии. СИРИЗА останува на ставот дека и понатаму ќе го поддржува процесот на преговорите за решавање...

Меимаракис: Коалицијата на СИРИЗА и на Нова демократија е последната шанса за спас на Грција

Коалициската влада на Нова демократија и на СИРИЗА е последната шанса за спас на Грција, според првиот човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис. Лидерот на Нова демократија ова го изјави во интервју за агенцијата „Ројтерс“, останувајќи на ставот дека без оглед на сè, двете најголеми политички партии мора да соработуваат за да се најде решение за излез од кризата. Иако во...

Јалова дебата на грчките политички лидери на телевизија, но плодна на „Твитер“

Грчките граѓани не се поблиску до одлука за кого да гласаат на претстојните парламентарни избори по синоќешната телевизиска дебата меѓу седумте клучни политички лидери. Првото телевизиско соочување на првите луѓе на СИРИЗА, Нова Демократија, ПАСОК, Народно единство, Река, Независни Грци и Комунистичката партија, наместо како сочна дискусија што ќе даде одговор на прашањето што секоја од партиите планира за да...

Ципрас не сака влада со Нова демократија

Алексис Ципрас отфрла секаква можност за коалициска влада со Нова демократија. Неговиот опонент, прв човек на десничарската партија, Евангелос Меимаракис, пак, продолжува да бара изборите да донесат голема коалициска влада. На прес-конференцијата од Солун, во рамки на посетата на вториот најголем грчки град, по повод отворањето на меѓународниот саем ХЕЛЕКСПО, Ципрас посочи дека не е можно да има соработка меѓу...

Бунтовниците на СИРИЗА ќе се отцепат во нова партија

Бунтовниците од грчката владејачка партија СИРИЗА ќе формираат нова партија, јавува „Би-Би-Си“ повикувајќи се на извештаи од грчките медиуми. Премиерот Алексис Ципрас синоќа поднесе оставка, со што отвори пат за одржување предвремени избори. Оставката следеше откако Ципрас ја изгуби поддршката меѓу своите пратеници во гласањето за новиот договор со европските кредитори. Грчките медиуми јавуваат дека 25 пратеници-бунтовници од СИРИЗА ќе ја...

Расцеп во СИРИЗА по гласањето за грчкиот меморандум?

Грчката влада денеска е одново на тест. Гласањето за новиот кредит и пакет мерки за Грција ќе покаже колкава е поддршката од внатрешноста на СИРИЗА за владата и за напорите на премиерот Алексис Ципрас. Левичарската партија сè поизвесно е дека се наоѓа пред распад по утринскиот апел на поранешниот министер за енергетика, Панајотис Лафазанис, кој повика на формирање ново политичко...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...