fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

ОН: Материјалната штета од војната во Сирија е 345 милијарди евра

Војната во Сирија, која трае повеќе од седум години, предизвикала материјална штета на околу 345 милијарди евра, соопшија Обединетите нации (ОН). Проценката беше објавена во Бејрут по состанокот на кој учествуваа 50 сириски и меѓународни стручњаци на ОН. Од таму велат дека за време на војната се уништени различни објекти во вредност од повеќе од 334 милијарди евра. Целиот извештај ќе биде...

ВМРО-ДПМНЕ: МВР лажеше дека апсело терористи за да ги покрие скандалите

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ порача дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и СДСМ се срам за Македонија и го нарушуваат нејзиниот углед со лаги и манипулации, бидејќи вчера излажале дека МВР уапсила седуммина македонски државјани што се бореле со терористите во Сирија, а всушност станувало збор само за преземање на уапсените. „За да ги покрие скандалите, злоупотребите и криминалите во кои...

МВР уапсило седдумина што се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските демократски сили, биле уапсени седуммина македонски државјани за кои постои основан сомнеж дека како терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак. Се работи за С.Р. (1990), Џ.А. (1993), Б.Ф. (1994), О.Ж. (1987), Е.О (1994), И.Ш. (1977) и...

Во турските воздушни напади уништен древниот храм Аин Дара во Сирија

Во воздушните напади на Турција на регионот Африн на северот на Сирија оштетени се 60 отсто од древниот храм Аин Дара кој датира од арамејската ера (1300 - 700 година пред новата ера), соопшти сириската опсерваторија за човекови права, пренесува „ХРТ“. Храмот е откриен во 1982 година, а се простира на површина од околу 50 хектари и е познат по...

Турција бара од САД веднаш да се повлечат од Манбиџ во Сирија

Министерот за надворешни работи на Турција, Мавлут Чавушоглу денеска побара од Соединетите Американски Држави „веднаш“ да се повлечат од градот Манбиџ на северот на Сирија, кој е под контрола на курдските борци, против кои Анкара поведе воена офанзива, јавуваат светските агенции. Манбиџ се наоѓа на околу 100 километри од енклавата Африн, каде турската војска веќе една недела води офанзива...

Ракети од Сирија паднале во Турција, еден загинат

Едно лице загинало, а 13 се повредени во ракетен напад од северот на Сирија на пограничниот турски град Килис, соопштија турските власти. Една ракета погодила џамија, а друга ракета погодила куќа. Набрзо потоа се слушнала повратна турска артилериска акција во правец на Сирија. Во тек е пети ден на големата турска офанзива против курдската милиција во енклавата Африн на северот на...

Ердоган: Нема прекин на акцијата против Курдите во Сирија

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган изјави дека нема да ја прекине операцијата против Курдите во Африн на северот на Сирија, што предизвика загриженост помеѓу сојузниците на Анкара. Toj рече дека, операцијата позната како „маслиново гранче“ ќе биде завршена кога ќе биде постигната посакуваната цел. Турција ја обвинува курдската полиција за поврзаност со Курдистанската работничка партија која се смета за терористичка група,...

Турски авиони денеска нападнаа 45 цели во Африн

Турски воени авиони денеска нападнале 45 цели во северниот сириски реон Африн, соопшти армијата и додаде дека копнените сили навлегуваат во зоната која е под контрола на курдската милиција поддржана од САД. Во соопштението се информира дека 32 авиони нанеле удари против засолништа, скривници, магацини за оружје и борбени позиции на курдските Сили за заштита на народот, во вториот ден...

Турција почна со гранатирање на курдската енклава Африн во Сирија

Турската артилерија денеска почна со гранатирање на регионот Африн во северозападна Сирија, со што Анкара и официјално ја почна кампањата против курдската милиција во ова подрачје, јавуваат светските агенции. Курдската команда соопшти дека турските сили истрелале околу 70 гранати на курдските села. Прекуграничниот напад следи по неколкудневните закани на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека ќе ја „скрши“ курдската...

САД од остатоците на ИД формира „Нова сириска војска“, обвинува Москва

САД од преостанатите терористи на Исламска држава формира „Нова сириска војска“ во провинцијата Хасека, тврди рускиот Центар за примирје, кој е дел од Министерство за одбрана на Русија. Центарот наведува дека припадници на меѓународната антитерористичка коалиција, предводена од САД, врбуваат бегалци кои се вратиле во своите домови да формираат единици за борба против владините сили во јужна Сирија. Од...

Путин нареди повлекување на руските сили од Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските сили да почнат повлекување од Сирија. - Им наредувам на министерот за одбрана и на шефот на Генералштабот да почнат со повлекување на руските сили во нивните бази – рече Путин за време на денешната најавена посета на базата Хмеимим во сириската провинција Латакија, прв пат по нејзиното формирање. Путин се сретнал со...

Ирак објави победа во војната против Исламска држава

Ирак денеска објави дека војната против Исламска држава (ИД) е завршена, по повеќе од три години воени операции со кои припадниците на терористичката ораганизација се изгонети од териториите во Ирак што ги беа окупирале. Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади прогласи дека ирачките вооружени сили целосно ја контролираат границата со Сирија, а владиниот портпарол појасни дека овој развој на настаните значи...

Свилановиќ: За пет години 1.000 борци од Западен Балкан заминале во Сирија и во Ирак

Околу 1.000 лица од земјите од Западен Балкан заминале да се борат во Сирија и во Ирак од 2012 до 2017 година, од кои 300 се вратени, околу 200 се убиени, а околу 400 сè уште се на боиштата, изјави денеска генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ. Тој, како што соопшти РСС, изјави дека темпото на...

Нова рунда од мировните преговори за Сирија следната недела во Женева

Новиот круг од мировните преговори за решавање на ситуацијата во Сирија под покровителство на Обединетите нации (ОН) ќе се одржи во Женева на 28 ноември. Ова било потврдено на состанокот на членовите на сириската опозција во Саудиска Арабија, јавуваат светските агенции. За нов предводник на делегацијата на сириската опозиција е избран Насер ал Харири, кој го замени радикалниот Ријад Хиџаб,...

Руските сили ќе се повлечат од Сирија пред крајот на годинава

Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, Валериј Герасимов, соопшти дека е можно значително да се намали бројот на руските сили во Сирија. Повлекувањето на руските сили, како што рече Герасимов, би можело да почне пред крајот на годинава. - Очигледно, по целосното исполнување на воените задачи, а останаа уште неколку, врховниот командант ќе донесе одлука за намалување на...

Решението за Сирија ќе бара отстапки од сите страни, изјави Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека постои вистинска шанса за ставање крај на судирите во Сирија, додавајќи дека решението ќе бара отстапки од сите учесници во судирите, вклучително и од сириските власти на претседателот Башар ал Асад, јавуваат светските агенции. Путин ова го истакна во своето обраќање во Сочи, на отворањето на мини-самитот посветен на Сирија, на кој учествуваа...

ИД повторно го контролира сирискиот град Букамал

Исламска држава ја вратила контролата над Букамал, град на истокот на Сирија соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон. „Исламска држава во целост ја вратила контролата над Букамал. Силите на режимот и нивните сојузници се држат на километар или два од предградијата – соопшти директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман. Пред два дена беше објавено дека екстремистите...

Трамп-Путин: Нема воено решение за конфликтот во Сирија

Американскиот претседател, Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин во заедничко соопштение се согласиле да ги продолжат напорите во борбата против Исламска држава се додека терористичката организација не биде целосно поразена, соопшти Кремљ. Двајцата лидери исто така ја потврдиле својата посветеност на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Сирија и ги повикаа сите страни во судирот да земат активно...

Нова рунда преговори за Сирија во Астана

Во Астана денеска почнува нова рунда преговори за Сирија, а на дневен ред ќе биде загрижувачката хуманитарна состојба во завојуваната земја, соопштија денеска казахстанските власти. Преговорите во Казахстан, прес сè, се однесуваат на војната и на техничките прашања и паралелно се одвиваат со преговорите во европското седиште на ОН во Женева. Станува збор за седма рунда преговори под закрила на Русија,...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите на Исламска држава, пронашла толку многу оружје што ќе ѝ требаат шест дена за да го собере, соопшти бригадниот генерал на сириската војска, Хасан Сухаил, додавајќи дека поголем дел од оружјето потекнува од земји членки на НАТО. - Ќе ни требаат најмалку шест дена за...

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...