fbpx
Таг: Сирија

таг: Сирија

САД лансира дополнителни напади врз Јемен

САД лансираше нови воздушни напади врз Јемен. Беа таргетирани воени цели поврзани со Хути, воената организација која го контролира поголемиот дел од Јемен, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Овие напади доаѓаат само неколку дена по масовните напади на САД и Обединетото Кралство врз Јемен во саботата. Од Обединетото Кралство тврдат дека нападите биле чин на самоодбрана, со цел спречување на нападите...

САД лансира воздушни напади во Ирак и Сирија како одговор на нападот на американска база во Јордан

Соединетите Американски Држави лансираа воздушен напад на повеќе од 80 воени цели во Ирак и Сирија кои се поврзани со паравоени сили поддржани од Иран, пренесува Гардијан. „Овие напади започнаа вечерва. Тие нема да завршат вечерва. Ќе преземеме и дополнителни активности, сите со цел да ставиме крај на овие напади и да се намалат капацитетите на иранската револуционерна гарда“, изјави...

Пакистан со одмазднички напади врз Иран, загинаа седум лица

Пакистан изврши одмазднички ракетни напади врз Иран, при што наводно загинале седум лица, јавуваат светските медиуми, откако во вторникот Иран изврши напади врз Пакистан. Пакистан соопшти дека нападите погодиле „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан-Балучестан, пренесува Би-би-си. Убиени биле три жени и четири деца, соопшти иранската државна телевизија. Реципрочните напади доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток со неколку кризи...

Израел ќе повлече дел од своите војници од Газа

Израелската влада најави дека ќе повлече дел од своите војници од Газа, известува Гардијан. Најголем дел од војниците кои ќе бидат повлечени доаѓаат од повеќе од 300.000 резервисти кои беа регрутирани за војната. Целта е да се „реенергизира“ израелската економија. Дополнително, ваквата одлука е дел од менувањето на фокусот на израелската офанзива кон попрецизни операции против Хамас. Сепак, дел од...

Климатските промени ја интензивирале сушата во Сирија, Ирак и Иран

Климатските промени ја влошиле сушата која ги зафати Сирија Ирак и Иран последните три години и значајно ја зголемиле веројатноста ваквата суша да се случи, заклучува нова студија. Од 2020 година, во регионот е забележано пониско ниво на дожд, што довело до внатрешно раселување на населението, како и уништени посеви. Како последица, постои неконзистентно снабдување со храна во регионот, известува...

САД бомбардираше две складишта со муниција во Сирија како одговор на напади на американски бази

САД утрово лансираше воздушен напад на две складишта за муниција и оружја во Сирија. Овој напад следи по низата напади од страна на паравоени формации поддржани од Иран и од Иранската револуционерна гарда на американски бази во Сирија и Ирак, известува Асошиејтед прес. Од САД тврдат дека нападот е одговор на нападите на американските бази и дека не е поврзано...

Кривична пријава за тројца македонски државјани, се приклучиле на ИСИС

Во рамките на глобалната борба против тероризмот полицијата приведе тројца македонски државјани, на кои им е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело "служба во непријателска војска", соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие, како што кажаа од МВР, се приклучиле во вооружените формации на терористичката организација Исламска држава (ИСИС) на територијата на Сирија во текот на 2014 година и...

Нов земјотрес во Турција со јачина од 6,3 степени по Рихтер

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Турција во близина на сириската граница доцна попладнево, предизвикувајќи паника и дополнителна штета две недели по најсилниот земјотрес во модерната историја во земјата, со повеќе десетици илјади жртви, објави Ројтерс. Според сведочењата на новинарите потресите биле силни и долготрајни, оштетувајќи згради и оставајќи прашина во ноќниот воздух во...

По 13 дена под урнатини, во Турција спасени три лица, меѓу кои и дете

По 13 дена поминати под урнатини, во Антакија се спасени три лица, меѓу кои и дете. Тие поминале 296 часа заробени во срушена зграда, по катастрофалните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 Февруари, јави турската новинска агенција Анадолија. Во двата земјотреси, со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала, досега загинаа повеќе од 45.000 луѓе,...

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме за протестот и бојкотот на...

Верска пропаганда која му се заканува на Косово

Опасните содржини кои промовираат политички ислам, верски екстремизам, вклучително и „света војна“ (џихад) за создавање на исламска држава и непочитување на уставот на земјата, и натаму се присутни на стотици веб-страници на албански јазик, пренесува на македонски „Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   KALLXO.com, во своето истражување спроведено за Центарот против дезинформации на Западен Балкан, предводен од Фондацијата Метаморфозис, откри...

Земјотресите во Турција и Сирија не се предизвикани со ХААРП

По катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, на социјалните мрежи се појавија нови теории на заговор кои без никакви докази инсинуираат дека катастрофалниот земјотрес бил на вештачки начин создаден од САД со користење на ХААРП технологија. Наспроти ваквите тврдења, ХААРП е програма која ги истражува својствата и однесувањето на јоносферата, а научниците и метеоролозите велат дека не може да...

Седум лица преживеале под урнатините осум дена по земјотресот во Турција, бројот на жртви надмина 41.000

Уште седум луѓе беа спасени вчера, осум дена по силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Надежите за пронаоѓање дополнителни преживеани од, како што Светската здравствена организација (СЗО) ја нарече, најголемата природна катастрофа во последните 100 години, се намалуваат, јавува „Гардијан“. Од под урнатините во регионот Караманмараш вчера биле извлечени тројца млади момчиња на возраст од 17, 18 и...

Два камионa со хуманитарна помош од Црвениот крст тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите

Два камиона со 800 пакети храна, 1.700 пакети со средства за хигиена и 4.000 ќебиња собрани од Црвениот крст на Северна Македонија денеска тргнуваат кон регионите погодени од земјотресите што минатиот понеделник се случија во Турција и Сирија. Исто така, како хуманитарна помош, како што извести генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, до денеска се собрани вкупно 25.120.773...

Сиријка и нејзиното новороденче двапати извлекувани од урнатини

Родилка од Сирија и нејзиното новороденче се под лекарска грижа в болница и во шатор без хуманитарна помош, откако два пати во една седмица се извлекувани од урнатините на нивната куќа во градот Џиндајрис, известува Би-би-си. Дима била во седмиот месец на бременост, кога минатиот понеделник наутро првиот катаклизмичен земјотрес предизвикал уривање на дел од куќата во Џиндајрис. Задобила полесни...

Нема докази дека проектот ХААРП го предизвикал земјотресот во Турција

ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви...

По 7 дена под урнатините спасена 40-годишна жена, бројот на загинати се искачи на речиси 33.200

Спасувачките екипи утрово извлекоа 40-годишна жена од урнатините на зграда во градот Ислахије, во турската провинција Газиантеп. Жената преживеала приклештена во кршот цели 7 дена по најсилните земјотреси што што минатиот понеделник ги погодија југоисточна Турција и северозападна Сирија, и покрај температурите што често беа под нулата, јави Асошиејтед Прес (АП). Покрај двата разурнувачки земјотреси, со магнитуда од 7,8 и...

Ден на жалост за жртвите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе одлука со којашто денешниот ден, 13 февруари, е прогласен за Ден на жалост во земјава. Одлуката, како што информираат од Владата, е донесена како израз на солидарност и почит за големиот број загубени човечки животи предизвикани од катастрофалниот земјотрес што се случи во Република Турција и Арапската Република Сирија на 6...

Сè уште се извлекуваат преживеани од земјотресот: „Си реков дека сум мртов“

Ибрахим Закарија целосно изгубил осет за времето паѓајќи во и будејќи се од бессознание додека бил затрупан речиси пет дена во урнатините на својот дом по големиот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија оваа недела, објави „Асошиејтед прес“. Дваесет и три-годишниот вработен во продавница за мобилни телефони од сирискиот град Џабле преживеал пиејќи валкани капки вода и на...

Северна Македонија ја покажува хуманоста на дело, се собира помош за настраданите во Турција и Сирија

Откако во понеделникот низ светот одекна веста дека страшен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала земјотрес направи пустош низ југоисточна Турција и Сирија бројот на жртвите секојдневно расте. Според  официјалните податоци, како што пренесе Би-би-си, до денес е евидентирано дека во Турција загинале 18.342, а во Сирија 3.377 луѓе. https://meta.mk/prezhiveanite-ja-pominaa-chetvrtata-nokj-na-stud-brojot-na-zhrtvi-od-zemjotresot-nadminuva-21-000/ Овие потресни информации не ги оставија рамнодушни срцата...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...