fbpx
Таг: Швајцарија

таг: Швајцарија

Во „Бунарџик“ отпочна со работа фабриката за сензори на швајцарски „Баумер“

Швајцарската компанија „Баумер“ денеска го отпочна производството во својата нова фабрика изградена во индустриската зона „Бунарџик 1“ во Скопје. Инвеститорот ќе вложи 4,7 милиони евра во нивниот погон, а во првата фаза ќе вработи 150 лица, информираат од владината прес - служба. Компанијата „Баумер“ од Швајцарија е една од светски најпознатите производители на сензори, инструменти за мерење, испитување и навигација,...

Со швајцарски пари, нови туристички содржини на Слатинско Езеро

Со пари од Швајцарската агенција за развој и соработка, општина Дебрца ќе изгради пешачка патека, паркинг и ќе постави три летниковци и повеќе клупи на Слатинско Езеро. За тоа се предвидени 20.000 швајцарски франци, како дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што го имплементира Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на заменик претседателот на Владата, задолжен за...

Опаѓа бројот на барања за азил во ЕУ

Во првата половина на 2018 година во ЕУ, Норвешка и Швајцарија биле примени 301.390 барања за азил, што е пад за 15% во однос на првата половина на 2017 година, соопшти Европската канцеларија за азилска поддршка (ЕАСО). Во јуни годинава, пак, биле примени 1.600 барања за азил помалку отколку во мај. Денеска објавените бројки од ЕАСО покажуваат дека генерално се задржува...

Швајцарија, ЕУ и САД ќе и помагаат на Владата со изборните реформи

Швајцарија е подготвена да помогне во зајакнувањето на капацитетите на Државната изборна комисија (ДИК), на општинските изборни комисии и генерално во изборните реформи, соопштила швајцарската амбасадорка во земјава, Сибил Зутер Техада на средбата со премиерот, Зоран Заев во Владата. Премиерот Заев на средбата истакнал дека Владата е определена за изборни реформи кои што ќе бидат прифатени од сите политички субјекти...

Во Цермат туристите се евакуираат со хеликоптери

Околу 13.000 туристи кои два дена беа отсечени во завеаниот ски центар Цермат во Швајцарија денеска се евакуираат со хеликоптери. Одлуката туристите да бидат евакуирани со хеликоптери била донесена затоа што железничката пруга се уште не е оспособена. Некои од туристите од тој познат скијачки центар на југозападниот дел на земјата и вчера биле евакуирани со хеликоптери, но евакуацијата била прекината...

Во Швајцарија заробени 13.000 туристи

Поради снежната бура, попратени со снежни удари на ветер, околу 13.000 туристи се заглавени во Зермат, популарниот скијачки центар во Швајцарија. Локалните власти предупредуваат на „многу големи лавини“. Во соопштението објавено на сајтот на скијачкиот центар предупредуваат на можен недостаток на струга во целиот град. Полицијата вчера наутро ги затвори патиштата кои водат до таа област, а во вечерните саати беа...

Сигурноста и приватноста – главни теми на Форумот за управување со интернет

Приватноста и сигурноста на интернет, но и влијанието на лажните вести и користењето на дигиталните технологии за манипулација на јавното мислење, заедно со проблемот на намалената доверба кон медиумите и државните институции, беа една од главните теми на 12-от состанок на Форумот за управување со интернет - IGF (Internet Governance Forum), кој се одржа во Женева од 18 до...

Евакуиран американскиот конзулат во Цирих

Канцеларијата на американскиот конзулат во швајцарскиот град Цирих денеска е евакуирана откако вработените пронашле сомнителен пакет на влезот, јавува швајцарско-германскиот весник „Блик“, повикувајќи се на вработени во конзулатот. Полицијата потврдила дека распоредила оперативци во центарот на градот, но засега не открива повеќе детали.

Во Швајцарија уапсени двајца Тунижани за поврзаност со тероризам

Полицијата во јужниот дел на Швајцарија уапсила двајца баратели на азил од Тунис, под сомневање дека се поврзани со странски екстремисти. Како што се наведува во соопштението на швајцарската сојузна полиција, апсењето на Тунижаните било извршено пред два дена во гратче во близина на Италија. Тие се уапсени поради потенцијална опасност по безбедноста и се поврзани со терористички активности во...

Сугарески најави изградба на водоводни и канализациски мрежи во 20 општини

Инвестиции од 20 милиони евра за нови водоводни и канализациски мрежи во 20 општини најави денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Рече дека акцентот ќе се стави на руралните општини, а целта е од сегашните 18 отсто, покриеноста со такви мрежи да се искачи на 40 отсто. - Со оваа нова инвестиција на Министерството за транспорт и врски,...

Дваесет и седум повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Најмалку 27 лица се повредени во судир на два воза на станица во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата. Судирот се случил на станица во планинското место Андермат, при маневар за пренасочување. Во инцидентот учествувале локомотива и композиција со пет вагони, во кои имало околу 100 патници. Железничката компанија „Матерхорн готард“ соопшти дека властите ја истражуваат причината за несреќата.

Осум лица исчезнати во свлечиште во Швајцарија

Осум лица, меѓу кои и државјани на Германија, Австрија и Швајцарија се водат за исчезнати во свлечиштето кое се случи на југоистокот на Швајцарија. Поради лизгањето за земјиштето се евакуирани неколку помали села. Во соопштението на каталонската полицијата Граубинден се наведува дека лицата од вчера се водат за исчезнати. Свлечиштето го погодило селото Бондо, во близина на границата со Италија. Евакуирани се...

Швајцарската полиција уапси лице осомничено за нападот со моторна пила

Швајцарската полиција синоќа соопшти дека уапсила лице кое е осомничено за нападот со моторна пила во градот Шафхаузен. Полицијата од кантонот Цирих, на „Твитер“ објави дека мажот е уапсен во градот Талвил, но не откри повеќе детали. Најавено е дека полицијата од Шафхаузен, каде беше извршен нападот, денеска ќе одржи прес-конференција. Педесетгодишниот Франц Вроусис е обвинет за напад со моторна пила на две...

Швајцарската полиција сè уште трага по напаѓачот од Шафхаузен

Мажот кој со моторна пила во швајцарскиот град Шафхаузен рани пет лица, од кои две потешко, и понатаму е во бегство, а полицијата интензивно трага по него. Полициската потрага се врши во областа на границата на Швајцарија и на Германија, а во акцијата се вклучени хеликоптери и кучиња. Швајцарската радио-телевизија јавува дека полицијата цела ноќ трага по 51-годишниот осомничен Франц Вруззис,...

Маж со моторна пила нападнал луѓе во Швајцарија

Најмалку пет лица се повредени, од кои две потешко, откако маж со моторна пила нападна луѓе во северниот швајцарски град Шафхаузен. Полицијата засега не открива детали за нападот, но локалните медиуми јавуваат дека полициските сили во центарот на градот спроведуваат операции за „специјални ситуации“. Портпаролот на полицијата во Шафхаузен потврди дека операцијата е во тек, но одби да даде какви било...

Џафери се сретна со швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада

Талат Џафери, новоизбраниот претседател на Собранието, денеска се сретна со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада, која изразила надеж дека по политичката криза на демократски начин ќе се ретаблираат државните институции, како следна фаза во стабилизирањето на земјата. „Амбасадорката ја подвлече понатамошната подготвеност на Швајцарската Конфедерација активно да продолжи со проектите во Македонија, особено со Собранието, бидејќи има директна финансиска и...

Швајцарците на референдум гласаат за олеснување на процедурите за државјанство

Гласачите во Швајцарија денеска излегуваат на референдум на кој треба да одлучат дали земјата треба да ги олесни строгите правила за добивање на државјанство за третата генерација имигранти. Швајцарските закони, како што принесува „Би-би-си“, не гаранираат доколку некој е роден во земјата дека по автоматизам ќе добие швајцарско државјанство, а имигрантите мора да чекаат 12 години за да аплицираат за...

Истражување: Во Македонија германската плата вреди двојно повеќе

Македонија и другите земји долж балканската магистрала (Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Црна Гора) се најевтини за живот и во нив германски државјанин за истите пари што во својата земја ги троши за основни работи, може да добие двојно повеќе. Ова го покажува обемното истражување на Институтот за економски и општествени науки од Диселдорф, кој ги анализирал статиските на...

Ранети двајца полицајци во Швајцарија, напаѓачот е во бегство

Швајцарската полиција трага по 33-годишен маж кој утринава рани двајца полицајци во местото Рехетобел, јавуваат швајцарските медиуми. Инцидентот се случил нешто по девет часот, кога полицијата се обидела да ја претресе куќата на осомничениот. Тој отворил оган и ранил двајца полицајци, кои веднаш се хоспитализирани. Осомничениот е во бегство и веројатно е вооружен, предупредува полицијата.

Заев во посета на Швајцарија, на средби со дијаспората

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од членовите на извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Тања Ковачев, е во дводневна работна посета на Швајцарија. За време на посетата на Швајцарија, Заев ќе има средби со граѓаните од дијаспората од Македонија. Вечерва, во Ешалон, во близина на швајцарскиот град Лозана, Заев има средба со градоначалникот на Ешалон, по што ќе се...

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...