fbpx
Таг: Шуто Оризари

таг: Шуто Оризари

На таблата на полициското одделение во Шуто Оризари има македонски јазик

Македонскиот јазик стои на таблата пред полициското одделение во Шуто Оризари. Тоа може да се види од фотографиите и видеото од отворањето на полициското одделение во Општина Шуто Оризари. Дезинформацијата веројатно тргна од објава на Петар Богојески, на којашто имаше коментари дека фотографијата е намерно исечена. Во реакциите под објавата беше приложена и оригиналната фотографија, па подоцна Богојески во коментар...

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и подобрување на здравјето се...

Кај Ромка откриен карцином на грло на матка, по години поминати во срам и во беспарица за да посети гинеколог

Околу 30 отсто од Ромките немаат матичен гинеколог, а 38,5 отсто никогаш не го контактирале својот матичен лекар по телефон. Половина од Ромките не прават ПАП-тест редовно, најмногу поради тоа што немаат матичен гинеколог, а дваесет отсто никогаш не направиле ПАП-тест. На стоматолог, без да имаат некој проблем, не одат 72 отсто од Ромките. Овие поразителни сознанија ги покажува истражувањето...

Девојче починало по удар од автомобил во Шуто Оризари

Сообраќајна несреќа се случила вчера попладне на улицата „Метохиска“ во скопската населба Шуто Оризари. Според информациите на Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера околу 13 часот и 45 минути било пријавено дека патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 45- годишниот Р.Н. од Скопје, удрило во малолетничка. Во несреќата девојчето се здобила со тешки телесни повреди, а...

Вистиномер: Ромите сè уште се дискриминирани, ЕК бара поголема инклузија

Ромската популација во Република Северна Македонија сè уште е најранливото малцинство во земјата и продолжува да биде заедница што се соочува со институционална дискриминација, сегрегација и социјални предрасуди. Ромите официјално се признаени како етничка заедница која се спомнува во Преамбулата на Уставот, изменета со Охридскиот рамковен договор во 2001 година, но се заедница која останува исклучена од многу сегменти...

Промовиран Мечинг фонд вреден 2,5 милиони евра за поттикнување на претприемништвото кај Ромите

Премиерот Зоран Заев денеска го промовираше Мечинг фонд (ко-финансирачки фонд) на Владата, на Министерството за труд и социјална политика, на Агенцијата за вработување и на Иницијативата за економски развој на Ромите – РЕДИ, вреден 2,5 милиони евра, во вид на исклучително поволни кредитни линии за невработени лица и регистрирани субјекти заради создавање на услови за нови вработувања, за поддршка...

Филипче: Жените во општина Шуто Оризари од денеска имаат матичен гинеколог

После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог. Министерството за здравство набави и опреми специјалистичка ординација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординација. „Навистина ми е мило што еве денеска можеме да одбележиме еден навистина значаен настан,...

Граѓаните на Шуто Оризари без здравствена заштита, матични лекари не се јавуваат на распишаните огласи за концесија

Граѓаните на Шуто Оризари се жалат дека се без здравствена заштита, бидејќи двајца од матичните лекари кои работеле во поликлиниката си заминале, а една се пензионирала. Фадиљ Џемаил, координатор во Здружението на граѓани „Иницијатива за развој и инклузија на зеадниците од Скопје“ рече дека 4.000 возрасни и 1.200 деца се без здравствена заштита. Тој апелираше до здравствените власти што побрзо да...

Депонијата во Визбегово и понатаму се полни и гори, инспекторите откриле камион со отпад од Шуто Оризари

Камиони од Шуто Оризари кои фрлале отпад во дивата депонија во Визбегово биле откриени од инспекторите на Државниот инспектопрат за животна средина кои вчера извршиле вонреден надзор. Депонијата во Визбегово е еден од најголемите еколошки проблеми на градот и голем загадувач на воздухот, со оглед на тоа што постојано гори. Инспекторите на лице место констатирале дека капијата, која мора...

Протест поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари [галерија]

Кај Спомен-куќата на Мајка Тереза во Скопје денеска се одржа протестна акција со наслов „Лавиринтот во Центарот за социјална работа во Шуто Оризари“, како израз на незадоволството од страна на ромската заедница поради нефункционалноста на Центарот за социјални работи во Шуто Оризари. „Детектирани се низа неправилности и несоодветен однос од страна на вработените кон социјално загрозените семејства и лица, поради...

МЗ: Д-р Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Шуто Оризари

Докторот Божидар Бошковски ќе биде новиот гинеколог во Општина Шуто Оризари, информираат од Министерството за здравство. Оттаму додаваат дека на вчерашната средба, министерот за здравство, Венко Филипче и гинекологот д-р Божидар Бошковски дискутирале околу отворањето на ординацијата, со цел жените од оваа општина да ја имаат потребната и неопходна здравствена услуга. „Локацијата за ординацијата е најдена, а на средбата беше...

Општината Шуто Оризари бара граѓанските организации да не спомнуваат улици со заболени

Во Општината Шуто Оризари има околу 2.000 семејства што се под зголемен социјален ризик поради неможноста да ги извршуваат своите работни дејности, а на дел од нив, локалната самоуправа им дистрибуира пакети со хигиенски средства и храна. Како што соопштија од Кризниот штаб на општината, треба да се разгледаат и донесат посебни мерки, ако има појава на позитивни лица...

За целосно да се исчисти депонијата во Шутка потребни се многу пари, вели Заев

Иако дивата депонија во Шуто Оризари почна да се чисти, работата заостанува, бидејќи паралелно со чистењето, се врши повторно полнење на депонијата. Продолжува и палењето на ѓубрето. Премиерот Зоран Заев вели дека за целосно чистење потребни се повеќе средства од тие што биле предвидени, пишува „Порталб.мк“. Постапките за чистење на дивите депонии треба да се предводат од општините на чии...

Инспекторка вели дека на дивата депонија кај Шутка не треба да се фрла ниту шут

На депонијата во Шуто Оризари не смее да се одлага ниту ѓубре ниту шут, категорично вели општинската инспекторка Анета Манчевска, отфрлајќи ги тврдењата на градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, пишува „Порталб“. -Не, не е вистина дека смее да се остава таму. Донесовме заклучок да не се фрла ѓубре ниту шут. Местото треба целосно да се исчисти - вели Манчевска. Нејзината...

Дивата депонија кај Шутка: Едни ја чистат, други ја полнат, трети ја палат – а сите се гушат

На просторот од 170.000 квадратни метри, кој се наоѓа на 5 километри од Скопје започна чистењето на досега исфрленото ѓубре, но за жал, паралелно продолжува и фрлањето отпад. Просторот за кој зборуваме е дивата депонија над населбата Шуто Оризари и селото Визбегово, која постојанo или самата се запалува или некој ја пали, а е опкружена со ниви засадени со...

За дивата депонија во Шуто Оризари се чека голема акција за чистење

Додека од надлежните стасуваат првите најави за чекори за решавање на проблемот со дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово, таа и понатаму се полни, а жителите голтаат чад, бидејќи постојано непознати сторители ја палат депонијата. Според она што го кажува градоначалникот на општината Шуто Оризари, Курто Дудуш, Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ наскоро ќе извршат...

Жителите на Визбегово бараат помош од Заев за чадот од дивата депонија

Дивата депонија меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово и понатаму гори, испуштајќи опасен чад кој сериозно го загрозува здравјето на граѓаните, поради што жители на Визбегово му пишаа и на премиерот Зоран Заев барајќи спас од ситуацијата на која што се изложени повеќе од четири месеци не само тие, туку и жителите на Чаир и Карпош, пишува „Порталб“. Граѓаните информираат...

Депонијата кај Шутка и понатаму гори и труе

Депонијата меѓу населбите Шуто Оризари и Визбегово гори веќе две седмици и вчера повторно огнот и чадот се засилија. Додека жителите не гледаат спас и не знаат што да прават со своите деца за да ги спасат од вдишување на чадот, градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, вели дека на 8 Март треба да се слави, а не...

Жителите на Чаир, Бутел и Визбегово дишат отров од запалената депонија во Шутка

Дивата депонија помеѓу општина Шуто Оризари и Визбегово веќе неколку дена гори, иако пожарот бил изгаснат седум пати во текот на два дена. Граѓаните велат дека дишат воздух што мириса на изгорена пластика, додека еколошките друштва сметаат дека последиците од оваа појава се смртоносни, пренесува „Порталб“. Жителите на Шуто Оризари, Визбегово, Чаир и Визбегово велат дека не можат да ги...

Груевски до 8 ноември треба да се јави во Шутка за отслужување затворска казна

Поранешниот премиер Никола Груевски доби упатен акт да се пријави во затворот во Шуто Оризари, каде треба да ја отслужи 2 годишната казна за набавката на луксузниот „мерцедес“. Според актот, Груевски треба најдоцна до 8 ноември да се јави во затворот. Упатниот акт му беше доставен утринава во Кривичниот суд, каде што тој го чекаше продолжението на судскиот процес за...

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...