fbpx
Таг: штети

таг: штети

Алармантна состојбата со пожарите: Сушата, ветерот и натпросечните температури се опасна комбинација

Нема ден да помине без информација за десетици пожари на отворено кои биле регистрирани од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на  ЦУК Стојанче Ангелов денеска упати апел до градоначалниците и граѓаните во земјава дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, а само во текот на вчерашниот ден имало 60 пожари. „И покрај вчерашното интензивно...

Оштетени домови од денешното невреме во Охрид

По пладневното невреме што го зафати Охрид, градоначалникот го свика на состанок општинскиот кризен штаб, при што донесена е одлука комисијата за проценка на штети да излезе на терен, информира охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. „Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите. Најпогодени се домовите во населбата...

Ангелов: Додека не се утврдат точните штети, мостот „Беласица“ ќе остане затворен

Мостот „Беласица“, кој го поврзува Ист гејт со железничката и автобуската станица ќе биде потполно затворен за пешаци и моторни возила додека се утврдат и санираат штетите од пожарот кој ноќеска го зафати долниот дел на мостот. Како што кажа директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, ваква одлука донесе Град Скопје, затоа што овој мост претставува...

Скопје денес: Откорнати покриви, поплавени објекти, оштетени автомобили – УХМР предупреди за ново невреме

Две лица се повредени, повеќе покриви на згради и куќи се откорнати и оштетени, голем број објекти, улици подвозници беа поплавени, стотици дрвја се откорнати и скршени. Ова е билансот од вчерашното невреме кое го зафати главниот град Скопје во попладневните часови со силен ветер, обилен дожд, град и грмотевици. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) објавија метеоаларм со...

Порталб: Владата не одговара зошто не помогна за штетите од поплавите во Тетово

Поплавите во последните неколку дена во Тетово и околните села им предизвикаа значителни штети на жителите. Но, иако имаше барање од Кризниот штаб на општина Тетово да им се помогне на жителите околу претрпените штети, Владата на Македонија не го прифати истото. На прашањето од Порталб.мк зошто не им се помогна на жителите при ваквата непогода, тие не даваат...

Деветнаесет пожарникари работеле на санирање на штетите од невремето во Неготино

Деветнаесет пожарникари работеле синоќа до 23 часот на санирање на штетите од невремето во Неготино, кое беше проследено со силен ветер и поројни дождови. „Општина Неготино, од 16:10 до 16:30 часот, беше зафатена од силен ветер и поројни врнежи од дожд, се направени штети, паднати дрва, кровови од куќи и гаражи, паднати бандери, паднати фолии на земјоделци и слично. За...

УКРИНФОРМ: Украина потопи уште еден руски воен брод, досега уништени 38.000 објекти во земјата

Во напад на украинската морнарица кај Змискиот остров, погоден е рускиот воен брод Всеволод Бобров, при што тој бил оштетен и бил испратен назад кон пристаништето во Севастопол, јавува Укринформ. Во одделен извештај, Би-би-си ги пренесува сателитските снимки од потопен друг руски воен брод кај Змискиот остров, како резултат на нападот на украинските сили на островот кој беше окупиран...

Временските и климатски катастрофи кои ги погодија САД годинава чинат речиси 105 милијарди долари

Речиси 105 милијарди долари ги чинат Соединетите Американски Држави (САД) климатските промени, земајќи во предвид дека во првите девет месеци од годинава земјата ја погодиле 18 временски и климатски катастрофи, покажува извештајот на центарот при Националната управа за океани и атмосфера (NOAA), пренесува новинската агенција Анадолија.  Просечното време меѓу таквите катастрофи со штета од милијарди долари паднале од 82 дена...

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми. Заклучно со 15 август, годинава биле опожарени површини...

Поради временски непогоди, Владата во просек годишно им исплаќа по 3,5 милиони евра на земјоделците

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство во земјава. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на РСМ во просек годишно исплаќаат по 3,5 милиони евра на земјоделците на основ на штети од временски непогоди, информираат за „Мета.мк“ од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Долгите топлотни бранови и долготрајните суши, градот...

АСО: Најголема исплатена штета лани е за осигурување имот и изнесува 382.000 евра

фото : АСО
Граѓани, компании и институции од пријавени штети лани наплатиле вкупно 4 милијарди денари (65,1 милиони евра) што е на исто ниво како и во 2019 година. Од тоа, за штети по полиси за неживотно осигурување се исплатени 58 милиони евра, а исплатите на штети по основ на осигурување на живот изнесуваат 7,1 милион евра. Најголемата исплатена бруто штета од осигурување...

ДЗС: Во јули за 94,9 отсто помалку странски туристи

Туризмот во земјава продолжува да бележи катастрофални резултати како последица на ковид-кризата, која најмногу го погоди токму туристичко-угостителскиот сектор. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) за месец јули 2020, бројот на домашните туристи, во однос на јули 2019 година, е намален за 4,8 отсто, а на странските за 94,9 отсто. Бројот на странските туристи во јули 2020...

Прилепските занаетчии претрпеа огромни штети поради состојбата со корона вирусот

Околу 350 самостојни занаетчии од Прилеп претрпеа сериозни штети поради пандемијата со корона вирусот. Дел од дуќаните сè уште се со катанци на вратите, а голем број занаетчии кои и претходно не можеа да врзат крај со крај, два месеца немаат никаков приход. „Пандемијата предизвика сериозни штети, бидејќи ситуацијата со корона вирусот ни наметна сосема нови услови за живот. И...

Зонското паркирање е времено укинато во некои градови, во Скопје непречено работи

Епидемијата на корона вирусот доведе до привремено укинување на зонското паркирање во некои од градовите во земјава. Во Охрид и Куманово платениот паркинг беше укинат со воведувањето на полицискиот час и мерките за заштита од Ковид-19 во текот на март, но во овие градови од неделава повторно ќе се наплаќа паркирањето за секој изминат час. Општина Штип, пак, допрва ќе...

Одложено плаќање на даноците и субвенции се дел од економските мерки на државите поради корона вирусот

Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ ги претстави дел од фискалните мерки на голем број на држави, за справување со економските последици предизвикани од состојбата со корона вирусот. Најголем дел од мерките се однесуваат на одложено плаќање на даноците и субвенции за скратеното работно време. Одложено плаќање на данокот на додадена вредност (ДДВ) има во Данска на 30...

Компаниите сѐ уште немаат пресметки за загубите што ги трпат од корона вирусот

Трговските и другите производствени домашни компании се уште немаат доставено до Стопанската комора на Македонија, СКМ, пресметки колкави загуби трпат поради состојбата со корона вирусот, односно намалениот промет како и број на вработени. Во каква состојба се најдоа во изминативе недели и дали ќе достават до СКМ конкретни пресметки и барања за интервенција од државата, се уште е неизвесно. Производствените...

Министерството за економија ги повика туристичките здруженија да направат списоци за штетите од корона вирусот

Министерството за економија укажува дека  Македонија како и повеке земји во светот се наоѓа во ситуација на предизвици и последици како резултат на COVID-19, а дека штетите во туризмот ќе бидат најголеми, имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. Како што соопштија од Министерството, според добиените информации од туристичките комори, има значителен број на откажувања и одложувања на најавени...

Ставен е под контрола пожарот на Осоговските Планини

Во текот на вечерта и ноќта се гаснеше пожарот на Осоговските Планини, што се закануваше да ги зафати околните села и туристичкиот центар Пониква кај Кочани. Непрекинато во текот на ноќта интервенираа Противпожарните единици на Кочани, Виница, Македонска Каменица и Штип, механизација на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“, служби од Полицијата и Македонски шуми од Скопје. „Пожарот што избувна вчера попладне...

Се воведуваат дежурства за следење на пожарите во Македонска Каменица

Над сто хектари површина со сува трева и шума изгореа во пожарот кај Саса пред два дена. При тоа, беа зафатени и десет хектари на букова шума, а огнот зафати и површини преку границата со Бугарија. Ова беше најголемиот пожар од вкупно 12-те регистирани оваа година во Општината Македонска Каменица, а истоврмено и пожар со најголема штета. Поради тоа...

Прекината исплатата за штетите од земјотресите во Охрид

Формирана е посебна комисија која ја чешла документацијата за исплатите од земјотресите во Охрид а покрената е и дисциплинска постапка против службеник во општината. Оваа информација од локаната самоуправа следи откако од ВМРО-ДПМНЕ обвинија за спорни плаќања на суми поголеми од настанатата штета. Исплатата на штетите од земјотресите што се случија летото во 2017 година во Охрид е запрена откако...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...