fbpx
Таг: шпионажа

таг: шпионажа

Истрага за руската шпионажа: Германски офицер користел несигурна врска

Русите успеале да го прислушуваат разговорот меѓу високите офицери на Бундесверот за крстосувачките ракети Таурус поради грешка на еден од учесниците во дискусијата. На тоа укажуваат првите резултати од истрагата, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесе германската новинска агенција ДПА. Писториус вчера изјави дека полицаецот кој се приклучил на разговорот од Сингапур направил грешка. Имено, тој користел „необезбедена...

Германија поради Русија ги засили мерките против шпионажа

Русија нема да успее да создаде поделби во Германија, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во врска со неодамнешното руско шпионирање на германската армија, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Пропагандната машина на Путин сака да ја дискредитира нашата земја, да манипулира со јавното мислење и да го подели нашето општество“, изјави денеска министерката за медиумите од медиумската група „Функе“. „Ги...

Пендаровски: Сите 21 протерани руски дипломати во последниве две години вршеа шпионажа

Сите 21 лице со руски дипломатски статус што беа протерани, вели претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за Гласот на Америка на македонски (ВОА). Нашите служби, заедно со партнерските служби од НАТО тоа недвосмислено го докажале, појаснува тој. „Во изминатите две години, без последните тројца, протеравме 18 руски дипломати кои практично имаа статус на дипломати, а се занимаваа со шпионажа. Во...

Тројца бугарски државјани уапсени во Британија за шпионажа за Русија

Британските служби уапсиле тројца бугарски државјани за шпионажа во корист на Русија, пренесува mediapool.bg. Еден од уапсените лица бил поранешен советник во бугарското Министерство за енергетика. Тројцата биле задржани уште во февруари годинава, но информацијата од британските власти е објавена денеска. Тројцата бугарски државјани се во притвор, а според објавените информации станува збор за 45-годишниот Орлин Русев, 41-годишниот Бисер Џамбазов...

САД го соборија спорниот кинески балон кој прелетуваше над американска територија

На висока надморска височина над Атлантскиот Океан, САД го собори џиновскиот кинески балон за кој велат дека шпионирал клучни воени локации, откако балонот ја премина територијата на САД и предизвика дипломатски јаз меѓу двете земји. Американското Министерство за одбрана потврди дека неговите борбени авиони го собориле балонот над територијалните води на САД, пренесе Би-би-си. Претседателот на САД, Џо Бајден, планот за...

Откажана посетата на Ентони Блинкен на Кина по случајот со кинескиот балон

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен ја одложи посетата на Кина по аферата со кинескиот балон кој беше „уловен“ на небото над САД, јави Би-би-си. Кина вели дека балонот се користел за метеоролошки истражувања, но одлутал од трасата поради лошо време. Властите на САД, пак, се сигурно дека станува збор за кинески „извидувачки“ балон. Сепак, донесена е одлука да не го...

Регистар на руски шпиони идентификува 42 лица уапсени додека делувале во Европа

Регистар на руски шпиони во Европа објавен на Твитер, идентификува 42 лица, кои делувале во своите земји, за што добивале пари од Руската Федерација. Овој регистер е оформен врз основа на отворените податоци и информации за апсења или судења на овие идентификувани руски шпиони за изминатите пет години, , пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Бугарија...

Бугарската влада бара измени на Кривичниот законик заради сузбивање на руската шпионажа

Техничката влада на Бугарија бара да се измени Кривичниот законик за да се зајакне спротивставувањето на шпионажата. Предлозите за измените се дел од Извештајот за националната безбедност на Бугарија во 2021 година, кој од владата беше пуштен во парламентарна процедура на крајот на минатата година, пишува бугарскиот онлајн медиум mediapool.bg. Во извештајот се предлага Кривичниот законик да го уреди казнувањето...

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според еден извор, еден од уапсените повеќе...

Истрага во Бугарија за шпионажа во полза на Русија од страна на контраразузнавачи

Специјалното обвинителство на Бугарија почна истрага за двајца вработени во Државната агенција за национална сигурност - ДАНС (пандан на македонската АНБ) и на еден вработен во министерство што не е точно посочено, но се знае дека не станува збор за Министерството за внатрешни работи, јави бугарски „Медиапул“. Станува збор за сомнежи за нивна вклученост во група што шпионирала во полза...

Бугарија протера двајца руски дипломати поради шпионажа на нејзината армија

Бугарското министерство за надворешни работи протера двајца руски дипломати за кои обвинителите се сомневаат дека биле вмешани во шпионирање, давајќи им 72 часа да ја напуштат земјата. Двајцата дипломати барале класифицирани информации за плановите за модернизација на армијата и за одржување на воената опрема од 2016 година и имале за цел информациите да ги пренесат на странска држава или странска...

Врховен ја укина пресудата против Костовски за шпионажа, а ја потврди за прислушувањето

Врховниот суд ја укина пресудата на Основниот суд Скопје 1 со која Звонко Костовски беше осуден за шпионажа во случајот „Пуч“ и предметот во овој дел го враќа на повторно судење во првостепениот суд. Истовремено Врховниот суд ја потврдил одлуката на Кривичниот суд за делото неовластено прислушување и тонско снимање, за што Костовски доби една година затвор. Костовски, кој е...

„Велт“: Турција ги шпионира германските пратеници

Германската федерална полиција ги предупреди пратениците дека можеби се шпионирани од турски разузнавачки служби и оти може да се соочат со безбедносни ризици од Турци. Германскиот весник „Велт“ објави дека извештајот на германската федерална полиција би можел дополнително да ги влоши односите меѓу Турција и Германија. Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека кабинетот на федералната криминална полиција неделава спровел таканаречени „безбедносни разговори“ со...

ЗНМ бара укинување на притворот на Зоран Божиновски

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) очекува судот итно да го укине притворот на новинарот Зоран Бижиновски и да му дозволи да се брани од слобода во постапката што се води против него за злосторничко здружување, шпионажа и за уцена. Од ЗНМ денеска соопштија дека негови и претставници на Хелсиншкиот комитет, на 5 мај оваа година, го посетиле Божиновски во...

Челси Менинг ќе биде ослободена на 17 мај

Челси Менинг, трансродната личност што беше осудена на затворска казна од 35 години поради објавување доверливи информации, ќе биде ослободена на 17 мај. Менинг одлежа речиси седум години во воениот затвор „Форт Левенворт“ откако беше осудена дека објавила повеќе од 700.000 доверливи информации, видеоснимки, дипломатски преписи, што е најголема објава на такви податоци во историјата на САД. Белата куќа соопшти дека нејзината...

Грчки бизнисмен уапсен за шпионажа во Албанија

Грчки бизнисмен на 52-годишна возраст бил уапсен во Албанија под сомневање за шпионажа, јави грчкиот весник „Имерисија“. Уапсениот имал градежен бизнис во Албанија, а кога бил уапсен на аеродромот во Тирана, во неговата чанта биле најдени „разузнавачки материјали“.

Германија: Поведена истрага против 20 лица осомничени дека шпионирале за Турција

Дваесет лица се под истрага во Германија поради сомнеж дека шпионирале луѓе за кои верувале дека се приврзаници на муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на германското министерство за внатрешни работи. Инаку, властите во Анкара сметаат дека Ѓулен и неговите приврзаници стојат зад неуспешниот обид за воен удар во земјата, во јули минатата година. Ѓулен,...

Руски разузнавачи и менаџер во „Касперски“ уапсени за шпионажа

Двајца офицери на Федералната служба за безбедност на Русија и високопозициониран менаџер на компанијата „Касперски“ се уапсени во Русија. Како што пренесуваат руските медиуми, уапсените се обвинети за предавство во полза на интересите на САД. Адвокатот Иван Павлов рекол дека се уапсени шефот на истражната единица за компјутерски инциденти, Руслан Стојанов, вишиот службеник на ФСБ, Сергеј Михаилов, и неговиот заменик Дмитри...

Во Саудиска Арабија, 15 лица осудени на смрт поради шпионажа

Саудискиот суд денеска осуди 15 лица на смрт поради шпионирање во полза на Иран, соопшти денеска саудиската државна телевизија „Ал Арабија“. Осудените се дел од групата од 32 лица, кои се уапсени во 2013 година под обвинение дека шпиониреле за Иран. Судењето на групата, која ја сочинуваат 30 саудиски шиитски муслимани, еден Иранец и еден Авганистанец, почна во февруари годинава. Засега не...

Судот му го продолжи притворот на Зоран Божиновски за нови 30 дена

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го прифатил барањето на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и му го продолжил притворот на новинарот и сопственик на порталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, за нови 30 дена, соопшти попладнево Кривичниот суд. Обвинителството вчера до судот поднесе обвинителен акт, според кој Божиновски се товари за кривичните дела злосторничко здружување, шпионажа и...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...