fbpx
Таг: шпаркасе банка

таг: шпаркасе банка

Студентите мета на фишинг напад – не кликајте на лажни мејлови и линкови за субвенциониран оброк!

Фишинг напад претставен како наводен линк од „Шпаркасе банка“ од утрово ги демне македонските студенти со ветување дека ќе добијат пари. Нападот кој се споделува преку мејл и како линк што води до лажна веб-страница на банката бара од студентите да ги внесат своите податоци за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“. Покрај личните податоци и податоци за...

Субвенциониран оброк: 60 отсто од студентите ги подигнале картичките, МОН со апел до останатите

Околу 60 отсто од студентите кои ги исполниле условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк досега ја подигнале наменската платежна картичка преку која единствено може да се користат средствата кои им следуваат, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН) по добиени информации од Шпаркасе банка, која беше одбрана да го спроведува платниот промет за оваа мерка. МОН...

Мета.мк открива: Каде сè ќе може да се користат картичките за субвенциониран студентски оброк?

Повеќе од 21.000 студенти досега аплицирале на платформата „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН) за добивање на субвенциониран студентски оброк. Од нив, до овој момент се одобрени 17.633 барања односно над 83 отсто од сите поднесени, додека одбиени се нешто над 900 барања. Останатите 2.626 апликации поднесени во вториот рок во моментов се обработуваат и по нив...

Од октомври студентите ќе купуваат оброк преку специјални картички – потпишан договор меѓу МОН и Шпаркасе банка

Од новата академска година, средствата за субвенциониран оброк студентите ќе ги добиваат на наменска платежна картичка. Министерството за образование и наука (МОН) денеска склучи договор со Шпаркасе банка АД Скопје, која беше одбрана за банка што ќе ги изработи картичките и преку која ќе се врши исплатата. Од МОН велат дека соработката со банката ќе овозможи средствата да се користат...

ЕБОР со 20 милиони евра ќе ги поддржи локалните бизниси во земјава погодени од ковид-19

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбеди кредитна линија во износ од 20 милиони евра за кредитирање на локалните приватни бизниси и корпорации погодени од пандемијата на корона вирусот во земјава. „Македонската економија е помалку зависна од туризмот во споредба со земјите на Западен Балкан, но производството и трговијата имаат силно влијание. Новото финансирање е витално за надминување на...

ЕБОР со нови 2 милиони евра кредит ќе ја поттикнува енергетската ефикасност во земјава

Нов кредит од 2 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) преку Шпаркасе банка - Македонија ќе заврши кај граѓаните, здруженијата за домување и компаниите за сервисни услуги за подобрување на енергетска ефикасност во македонските домови. Средствата од ЕБОР ќе се позајмуваат за проекти што ќе инвестираат во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија. Како што...

ЕБОР и „Шпаркасе банка Македонија“ ќе го зголемат финансирањето на МСП

„Шпаркасе банка Македонија“ е втората македонска банка која ќе и се приклучи на иницијативата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поттикнување на кредитирањето на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата. ЕБПР обезбедува 10 милиони евра на „Шпаркасе банка Македонија“, од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, која заедно со Европската унија (ЕУ), обезбедува среднорочно...

Разбојник однел 6.500 евра од „Шпаркасе банка“ во Кичево

Вооружен разбојник вчера ја ограбил експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево, од каде одзел поголема сума денари и девизи, информира МВР. Грабежот се случил околу 12.30 часот, а разбојникот, со закана со пиштол од вработената одзел 100.000 денари, 2.500 евра и околу 2.800 американски долари, по што побегнал. Од МВР велат дека е извршен увид на местото и дека се трага...

„Шпаркасе“ спроведува истрага заедно со МВР за кражбата од сефовите на банката

„Шпаркасе банка“ - Македонија попладнево испрати соопштение до јавноста дека продолжува со редовно работење со сефовите, откако МВР соопшти дека пет граѓани пријавиле исчезнување на предмети и на пари од сефовите во објект на банката. Како што извести „Нова ТВ“, откако беше објавена информацијата за исчезнувањето вредни предмети и пари од сефовите, пред банката се создал метеж од клиенти кои сакале...

Им ги испразниле сефовите на пет граѓани во „Шпаркасе банка“

Пет граѓани пријавиле во СВР Скопје дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети. Како што извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага.

Шпаркасе банка се претвора во „финансиски супермаркет“

Шпаркасе банка Македонија со нејзината подружница „С-лизинг“ денеска објави стратегиско партнерство со „Винер осигурување“ и со „Винер лајф осигурување“. Ова партнерство ќе придонесе Шпаркасе банка Македонија да се претвори во „финансиски супермаркет“, каде што граѓаните и компаниите ќе можат на едно место да ги добијат сите услуги од банкарското работење, лизингот и од осигурувањето. Новите производи што ќе се пласираат...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...