fbpx
Таг: Шпанија

таг: Шпанија

Шпанија разгледува можност да им дозволи на регионите да организираат референдуми

Шпанија би можела да направи промени во уставот на земјата што ќе им овозможат на регионите да организираат референдуми за независност во иднина, вели шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис за „Би-би-си“. Тој додава дека за ова прашање би требало да се одржи референдум на национално ниво. - Формиравме комитет во парламентот што ќе ја разгледа можноста да...

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По поранешниот каталонски лидер, властите во Мадрид...

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар. Каталонија...

Шпанското обвинителство бара притвор за осум каталонски министри

Шпанското обвинителство побарало притвор за осум членови на соборената сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, соопштија од Врховниот суд на Шпанија, во кој министрите беа сослушани. Како што се наведува, побарано е министерот Санта Виљ, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување на независноста минатиот петок, да биде ослободен со кауција од 50.000 евра. Соборениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и четворица министри одбија...

Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија на пленарна седница го блокираше прогласувањето на декларацијата за независност на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Мундо“. Уставниот суд ги предупреди членовите на канцеларијата на постојаниот претставник на парламентот во Каталонија, меѓу кои и претседателката на парламентот на Каталонија, Кармен Форкадељ, да прекинат со иницијативи што вклучуваат спроведување на декларацијата, наведува весникот. Освен до Форкадељ, предупредувањето е упатено...

Шпанскиот Врховен суд почна процес против каталонските законодавци

Шпанскиот Врховен суд почна да го процесуира обвинението за бунт поднесено против претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадела, како и други високи законодавци од тој регион, соопшти денеска портпаролот на судот. Шпанскиот државен обвинител, Хозе Мануел Маса, како што беше најавено во понеделникот, го обвини поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за побуна, измама и за злоупотреба на јавните фондови. Сменетиот...

Пучдемон се наоѓа во Брисел, не се исклучува можноста да бара азил

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон е во Брисел и не се крие, изјавил неговиот адвокат Пол Бекарт, кој не ја отфрла можноста Пучдемон да бара азил во Белгија. - Тој ги има сите права да биде таму, против него не се води никаква постапка - изјавил Бекарт за фламанското државно радио. Прашан дали Пучдемон планира да бара азил во Белгија, Бекарт...

Нов ден неизвесност во Каталонија откако Мадрид ја презеде власта

Шпанскиот регион Каталонија, кој во петокот еднострано прогласи независност, по што шпанската влада ги суспендираше сите регионални водачи, од кои прв е лидерот Карлес Пучдемон, денеска влегува во првиот работен ден по прогласувањето независност, кога се очекува мерките што Шпанија ги донесе во петокот да стапат на сила. Судот во Мадрид денеска ќе ја добие сета потребна документација врз основа...

Шпанските власти од денеска ја преземаат контролата над Каталонија

Преземањето на контролата на шпанските власти над Каталонија денеска стапи на сила. „Претседателот на шпанската Влада ја презеде улогата и овластувањата од претседателот на Каталонија“, се наведува во официјалното соопштение на шпанските власти. Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зојдо, наведува дека денеска е отпуштен и шефот на регионалната полиција, Хозе Лјиуд Траперо, против кого беше поведена истрага за поттикнување...

Шпанскиот премиер ја распушти каталонската влада

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вечерва соопшти дека ја распушта владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи „Каталонска Република“, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми. Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги...

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. - Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со шпанскиот устав - рече тој. Министерот за...

Водачите на Каталонија ќе бидат обвинети за бунт

Врховниот јавен обвинител на Шпанија ќе поднесе обвинение за бунт против сите одговорни за гласањето во каталонскиот парламент за независност на Каталонија, јави „Индипендент“. Според портпаролот на обвинителството, обвинителот разгледува дали обвинението треба да се однесува само на владата на регионот Каталонија, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пучдемон, или и на пратениците во регионалниот парламент. Според анонимниот извор од обвинителството, обвиненијата...

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

Пратениците на каталонскиот парламент денеска на тајно гласање прогласија независност на Каталонија од Шпанија. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата. Каталонскиот парламент гласаше за почнување на конститутивен процес за одвојување на Шпанија со 70 гласа „за“, 10 „против“ и два неважечки, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“. Расправата во каталонскиот парламент траеше неколку часа, а ја одбележа остра поделба во поглед на барањето за независност. Портпаролот...

Каталонските сепаратистички партии бараат прогласување независност

Каталонските партии кои се залагаа за независност поднеле барање до регионалниот парламент да прогласи независност на „Република Каталонија“, но не е познато дали за тоа барање ќе се гласа на денешната седница. Шпанскиот весник „Паис“ пишува дека партијата Кандидатура за народно единство (КУП), која е наклонета кон независноста и е партнер на каталонската влада, на чие чело е Карлес Пучдемон,...

По мерките, прв чекор е смена на Пучдемон, порача Рахој

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која треба да се гласа за смена на владата на Каталонија, откако овој регион на 1 октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија. Во Сенатот во моментов говори шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој рече дека...

Шпанија не е Југославија, им порача Јункер на Каталонците

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Каталонците не се под репресија на Шпанија и дека ситуацијата во која се наоѓаат не може да се спореди со таа во поранешна Југославија. - Во Каталонија не постои проблем со кршење на човековите права, затоа што Католонците, кои ми се мили и чија култура ја почитувам, не се под репресија на...

Каталонскиот министер за економија си поднесе оставка и бара да се распишат избори

Министерот за економија во каталонската влада, Санти Вила, поднел оставка, соопштиле извори од владата за новинската агенција „Ројтерс“. Оставката ја поднел вчера, по одлуката на регионалниот претседател Карлес Пучдемон да одбие да распише избори и да ја остави можноста за еднострано прогласување независност од Шпанија. Санти Вила изјавил дека е против таквата декларација и дека повеќе се залага за распишување избори,...

Ако Мадрид го реализира планот, кризата ќе ескалира, тврди Пучдемон

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон изјави дека кризата во Шпанија ќе ескалира доколку централната власт го реализира планот за преземање на управата над Каталонија. „Планот на шпанската влада ќе создаде сериозна вонредна ситуација со одемањето на автономијата на Каталонија“, навел Пучедемон во писмото до шпанскиот Сенат, кој денеска во 17 часот треба да ја разгледа примената на членот 155 од Уставот, кој предвидува...

Рахој се надева дека мерките против Каталонија нема да траат долго

Шпанскиот премиер изјави дека плановите на владата да ја преземе контролата над Каталонија и да го спречи обидот за независност се исклучителни и изрази надеж дека тие нема да траат долго. Рахој во парламентот рече дека примената на член 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување владеење на правото кое, според него, е укинато со обидот за сецесија на...

Каталонските власти нема да ги слушаат наредбите на Мадрид

Властите на Каталонија нема да примаат наредби од Мадрид, туку ќе го слушаат само каталонскиот народ, соопшти портпаролот на каталонското министерство за надворешни работи, Раул Ромевa. - Сите институции, вклучувајќи ја и полицијата, треба да ги следат инструкциите од демократски избраната власт на Каталонија – изјави Ромева за „Би-би-си“. Тој додаде дека не може да верува во демократијата на Европска Унија,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...