fbpx
Таг: Шкотска

таг: Шкотска

Возел 320 километри на новогодишната ноќ за да спаси од евтаназија што повеќе кучиња од Британија

Семи Вилкинсон, љубител на расата кучиња „XL бул“ (XL Bully) возел повеќе од 320 километри (200 милји) на новогодишната ноќ за да земе кучиња од оваа раса и да ги однесе Шкотска, само неколку часа пред да биде воведена забраната за оваа раса во Англија и Велс, пренесува Индипендент.  Забраната за оваа раса стапи на сила во неделата, на 31...

Не е точно дека во Шкотска на секои три месеци може да се менува полот

Во постот што го рецензираме, невистинито се тврди дека лицата може да го менуваат полот во Шкотска, ако сакаат, на секои три месеци. Ова не е точно, при аплицирањето за промена на полот се дава и заклетва дека лицето има намера да остане во стекнатиот пол до крајот на својот живот. Дополнително, после самата апликација, се чека 3 месеци...

Шкотска е првата земја каде жените имаат законско право на бесплатни менструални производи

Менструалните производи, вклучувајќи тампони и влошки, од вчера станаа достапни бесплатно во јавните установи во Шкотска, откако стапи на сила првиот закон од ваков вид во светот, јавува „Си-ен-ен“. Предлог-законот за менструални производи беше усвоен едногласно од шкотските пратеници во ноември 2020 година, што претставува значајна победа за глобалното движење против менструална сиромаштија. Новиот закон подразбира дека менструалните производи ќе бидат...

Хигиенските влошки и тампони станаа бесплатни за сите жени во Шкотска

Хигиенските производи се бесплатни за сите жени, одлучи шкотскиот Парламент доцна синоќа, со што Шкотска станува првата земја во светот со ваква законска одлука. Според новиот закон, влошките и тампоните ќе бидат бесплатни и достапни во сите трговски центри, клубови за млади и апотеки, при што проценетите годишни трошоци за спроведување на Законот се пресметани на 24,1 милиони фунти. Инаку, во...

Хигиенските производи за жени во Шкотска ќе станат бесплатни, кај нас и натаму се луксуз

Photo by Ian Dick
Револуционерна одлука на шкотските власти: хигиенските производи за сите жени наскоро ќе се делат бесплатно. Шкотскиот парламент се очекува денеска да ја донесе оваа  одлука, со што Шкотска ќе стане првата земја во светот која се одлучи на ваков потег. Според одлуката, производите, како што се тампони и влошки, ќе бидат бесплатни за сите жени во Шкотска и достапни на...

Борис Џонсон победи со огромно мнозинство и вети конечен излез од ЕУ на 31 јануари

Со 364 освоени места во парламент, Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон освои огромно мнозинство на вчерашните избори, предизвикувајќи изненадување со 47 места повеќе отколку на претходните избори. Лабуристите освоија 203 места, односно 59 помалку отколку на претходните избори, со што е речиси сосема сигурно дека Велика Британија ќе излезе од ЕУ на почетокот на следната година. Изборниот резултат на...

Евакуиран шкотскиот парламент поради сомнителен пакет

Дел од шкотскиот парламент денеска е евакуиран откако во зградата е пронајден сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми. Како што соопшти портпаролот на шкотскиот парламент, пакетот е пронајден на кат каде што се наоѓаат канцелариите на Ториевците. Истражувачот на „Би-би-си“ на својот профил на „Твитер“ напиша дека во пакетот имало бел прав и дека бил испратен до еден од пратениците.

Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

Премиерката на Шкотска и претседателка на Шкотската национална партија, Никола Стурџен, повтори дека ќе бара дозвола за одржување втор референдум за независност на Шкотска. Таа соопшти дека од шкотскиот парламент следната недела ќе побара одржување реферндум, јавува „Би-би-си“. Стурџен наведува дека сака гласањето да се одржи во периодот од есента 2018 година до пролетта 2019 година. Таквиот потег би овозможил правно обврзувачки референдум,...

Британците не им дозволуваат на Шкотите нов референдум

Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез од Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург. Министерот за одбрана, Мајкл Фелон, ја изнесе идејата, по што се огласи премиерката на Шкотска, Никола Стурџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално. Фелон рече дека шкотската влада нема мандат да организира втор референдум за независност и...

Премиерката на Шкотска најави референдум за отцепување од Британија

Консултациите за распишување референдум за отцепување на Шкотска од Велика Бритаија почнуваат следната недела, соопшти премиерката Никола Стурџен на конференција на нејзината Шкотска национална партија (СНП). Првиот референдум беше одржан на 18 септември 2014 година, но тогаш 55 отсто од Шкотите гласаа против отцепување од Велика Британија. Сепак, сега ситуацијата би можела да биде значително поинаква, имајќи предвид дека Обединетото Кралство...

Стурџен: Шкотска е одлучна да остане во ЕУ

Шкотската премиерка, Никола Стурџен, која денеска допатува во Брисел, рече дека Шкотска е одлучна и сака да остане во Европската Унија. Лидерите на ЕУ денеска првпат се среќаваат без претставници на Велика Британија. За време на првиот ден од самитот, тие го повикаа британскиот премиер Дејвид Камерон да го забрза изборот за негов заменик и да почне процесот на раздолжување. Се...

Шкотскиот парламент може да стави вето на Брексит

Првата министерка на Шкотска, Никола Стурџен, во изјава за „Би-би-си“, вели оти е можно шкотскиот парламент да го блокира излегувањето на Велика Британија од Европската Унија, по референдумот во четвртокот. На референдумот 52 отсто наспроти 48 отсто од Британците гласаа за напуштање на ЕУ. Во Шкотка, пак, сликата беше сосема поинаква, односно 62 отсто од Шкотите гласаа за останување на...

Шкотска подготвува закон за нов референдум за независност

Шкотската влада почнала да подготвува закон кој треба да овозможи нов референдум за независност на земјата, додека траат преговорите за нејзината позиција во Европската Унија, изјави денеска првата министерка, Никола Стурџен. „Новиот референдум за незавиност на Шкотска е сигурнa опција која треба да биде на маса и, еве, тоа се случува сега“, изјавила Стурџен, пренесуваат медиумите. Според неа, за да се...

Камерон најави оставка, Шкотска и Северна Ирска размислуваат за отцепување

Дејвид Камерон утрово соопшти дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер до октомври, откако граѓаните на Велика Британија изгласаа земјата да ја напушти Европската Унија. Во говорот по одлуката на Британците за Брексит, Камерон рече дека волјата на британскиот народ мора да се почитува и оти тоа е упатство што мора да се почитува. Тој рече дека треба да се избере нов...

Запленети повеќе од два тони кокаин кај Шкотска

Француските цариници заплениле повеќе од два тони кокаин од брод кој минувал покрај брегот на Шкотска. Како што соопшти француската Национална дирекција за царинско разузнавање и истрага, акцијата била спроведена во четвртокот, по добиен сигнал од француските царински служби.

Осум лица загинаа откако се преврти брод во Шкотска

Осумте члена на екипажот на товарниот брод „Семфјорд“ најверојатно се загинати откако во саботата бродот се преврти во немирните води на северниот брег на Шкотска поради лошите временски услови. Прекината е потрагата по екипажот кој бил составен од седум Полјаци и од еден Филипинец, во која учествувале два хеликоптери, четири бродови и пет спасувачки тимови. За време на несреќата на тоа...

Прв случај на ебола во Шкотска

Лекари од Глазгов потврдиле дека еден здравствен работник од Шкотска е заразен со вирусот на ебола. Шкотскиот државјанин неодамна се вратил во земјата од Сиера Леоне, каде што работел со заболени од овој смртоносен вирус. По враќањето во Глазгов забележал дека има симптоми на ебола, а по деталните прегледи потврдено е присуството на овој вирус. Владата на Шкотска го потврди првиот случај...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...