fbpx
Таг: школи

таг: школи

Градинките и школите со празни клупи и дворови поради Ковид-19 (галерија)

Градинките, основните и средните училишта веќе четврти ден се без деца, откако владата ја донесе одлуката да се прекине воспитно-образовниот процес и наставата во наредните 14 дена, почнувајќи од 11-ти овој месец. Воедно, прекинати се и сите воншколски или дополнителни програми како што се курсеви за странски јазици и слично.

Шилегов: Иницијативата за децата да не се пуштаат на школо е политички мотивирана

Иницијативата на граѓаните за да не ги пуштаат децата на училиште, поради загадениот воздух е евтин политички блеф на ситно популистичката политика што ја креираше ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а чии што стравични последици по нашето здравје ги чувствуваме токму сега, одговори на новинарско прашање, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, пред денешната дискусија за развивање интегриран пристап за заштита...

Евакуирани седум училишта во Русија поради дојави за подматнати бомби

Повеќе од 5.700 ученици и наставен кадар во седум училишта во уралскиот град Перм во Русија се евакуирани поради дојава и закана со подметната бомба, соопшти локалното министерство за безбедност. Седум училишта и административни згради во градот, кој е 13. по населеност во Русија, добиле анонимни дојави дека во нив е поставен експлозив. „Половина час по информацијата, учениците и вработените се евакуирани од овие...

Две струшки училишта добија средства за проекти за меѓуетничка интеграција

Основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Гоце Делчев“ од Струга, по доставена програма, добија средства од Министерството за образование и наука за проекти од областа на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието. Заради зајакнување и поддршка на активностите што придонесуваат за развој и за унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието, МОН направи измени во Законот за основно образование и...

Албанија го одложи отворањето на училиштата поради ниската температура

Поради ниската дневна температура и ширењето на грипот, Албанија го одложи отворањето на училиштата по новогодишните празници. Според прогнозите, температурата до крајот на неделата ќе падне на минус 15 Целзиусови степени, а снег ќе има во цела Албанија. Министерството за здравство денеска предупреди дека се „создаваат поволни услови за понатамошно ширење на вирусниот грип“ и наложи цела оваа недела да бидат затворени...

Неколку германски училишта добија заканувачки пораки

Три училишта во Лајпциг, град на истокот на Германија, добиле електронски писма со сериозни закани, јавува телевизиската мрежа МДР, цитирајќи ја полицијата. Сите пораки имаат слична содржина: им се заканува напад со огнено оружје. Во школото „Ноје Никоаишул“ учениците од страв се забарикадирале во училница и повикале полиција! Во Магдебург, втор по големина град во областа Саксонија-Анхалт, закани добиле две училишта. Станува...

Попоски со (не)одговор на прашањето дали има одлука за затворање на турските школи

Македонија единствено ги поддржува демократски избраните институции на Турција и во тој поглед ќе соработуваме со владата во Анкара во насока на помагање и на остварување на нивните цели, секако во рамките на нашето законодавство и во рамки на нашите интереси. Ова денеска го изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што одлучила...

Сиднеј: Евакуација во неколку училишта поради закани за бомби

Ученици и кадар во неколку средни училишта во Сиднеј се повторно евакуирани, три дена по масовната евакуација во училишта во Австралија поради лажни закани за поставени бомби, објавија службени извори. Евакуација или блокирање се спроведени во девет училишта, јавуваат локални медиуми. - Сите училишта преземаат мерки за да ги осигураат своите ученици и ниту еден ученик не е загрозен – објави министерството за образование...

Талибанците најавуваат напади на школи во Пакистан

Талибанската фракција одговорна за масакрот на Универзитетот „Бача Кан“, на северозападот на Пакистан, денеска објави видеопорака во која се најавува дека ќе ги целат школи во земјата, нарекувајќи ги „расадници“ на лица кои го доведуваат во прашање законот на Алах. Во видеозаписот, кој брзо се ширеше преку „Фејсбук“, е прикажан Халиф Омер Мансур, чија фракција ја презеде одговорноста за нападот на...

Отворени училиштата во Лос Анџелес

Училиштата во Лос Анџелес денеска повторно се отворени откако е утврдено дека заканите поради кои вчера беа затворени, се лажни. Во понеделникот вечерта на адреса на одборот за јавно школство во Лос Анџелес пристигнала порака со закана за напади на училиштата. Поради пораката, училиштата беа затворени. По полициската истрага, ФБИ заклучи дека не станува збор за веродостојна закана, објави градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик...

Директорски смени во битолското образование

Пред стартот на новата учебна година започнаа директорските смени во битолското образование. Во наредниот период промени на директорските места ќе има во неколку основни и средни училишта во градот, каде на директорите им истекуваат и вторите мандати. Директорите на училиштата кои покажаа видливи резултати во работата, најверојатно ќе имаат шанса за трет мандат, но во друго училиште, како...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...