fbpx
Таг: Ширет Елези

таг: Ширет Елези

Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку проектот за подобрување на општинските услуги МСИП

Министерката за финансии Ширет Елези информираше дека Тетово ќе добие нов булевар и градски превоз преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП. Преку 3,5 милиони евра од овој проект досега се доделени за капитални проекти во оваа општина за набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта, набавка на комунални возила, рече заменик министерката за финансии Ширет Елези на настанот...

Со помош на Светска банка ќе се модернизира земјоделството

Проект за модернизација на земјоделството во вредност од 50 милиони евра, како и проект за администрирање на социјалното осигурување во вредност од 13,8 милиони евра ќе се реализираат во рамки на четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка. Заменик-министерката за финансии Ширет Елези пред Собранието ги образложи законите со чие усвојување се овозможува финансирање на овие проекти. -Проектот за модернизација на...

Прифатени амандмани на ребалансот на буџетот за проекти за локална инфраструктура

Амандмани со кои ќе се алоцираат средства за два проекти од локална инфраструктура, беа прифатени од Министерството за финансии на вчерашната комисиска расправа за ребалансот на буџетот во Собранието, на која присуствуваше заменик-министерката за финансии, Ширет Елези. „Станува збор за два амандмани, едниот предложен од пратеници од владејачкото мнозинство, а другиот од пратеници од опозицијата, во вкупна вредност од околу...

Ребалансот на буџетот, најдоцна до октомври

Ребалансот на буџетот ќе се оствари најдоцна до октомври, изјави денеска заменик-министерката за финансии Ширет Елези. Таа додаде дека службите се во подготовка на анализа на реализацијата на сите проекти без разлика дали се тековни или капитални во делот на податоците што ги црпат од Трезорот. Според нејзе, наплатата на даноците и општите приходи во првата половина од годинава е зголемена...

Заев може да биде „министер за финансии во сенка“, заклучи владата

Владата донесе заклучок, премиерот Зоран Заев да може „да ги насочува дејствата во областа на финансиите и финансиските политики“, како и заклучок заменичката на министерот за финансии, Ширет Елези, да ги преземе овластувања и одговорностите за раководењето со ова Министерство. Ваквите заклучоци, како што информираше на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа, членовите на Владата ги донеле на вчерашната седница. –...

Министерство за финансии: Јавниот долг се намалува, враќаме стари кредити

Заклучно со 2016 година, јавниот долг учествуваше со 48,5 поценти од домашниот-бруто-производ (БДП) или 4,7 милијади евра, а на крајот на 2017 година вкупниот јавен долг е намален на 47,2 проценти од БДП. Ова денеска го одговори заменик-министерката за финансии, Ширет Елези на новинарско прашање за задолжувањето. - Само во јануари 2018 година, Министерството за финансии исплати над 200 милиони евра долг...

Елези: Се намалуваат трошоците за брзите кредити до 200 евра

Високите трошоци за брзите кредити се намалуваат, а тоа ќе се овозможи со законските измени, кои ги изготви Министерството за финансии. Вкупните годишни трошоци за потрошувачки кредити се ограничуваат на 55 отсто од кредитот, а порано годишните трошоци не беа ограничени и достигнуваа и до 500 отсто од кредитот. Со измените се опфаќаат и мали кредити под 200 евра кои...

Елези: Ги следиме меѓународните стандарди за спречување на даночно затајување

Македонија ги следи меѓународните стандарди и трендови за спречување даночно затајување и избегнување плаќање данок, истакна заменик-министерката за финансии Ширет Елези на конференцијата која се одржува во Тбилиси, Грузија, насловена „Подобрување на меѓународната соработка: Борба против даночната евазија“. Елези истакна дека до крајот на 2019 година државата ќе ги имплементира стандардите БЕПС (Base Erosion and Profit Shifting), кои се однесуваат на...

Елези: Жените во руралните средини се соочуваат со пречки на пазарот на труд

Заменик министерот за финансии, Ширет Елези учествува на конференцијата организирана од Светска банка на тема „Развивање на потенцијалот за економски раст - преку подобрување на родовата еднаквост“, која се одржува во Виена. Елези истакна дека родовата еднаквост и учеството на жените на пазарот на капитал имаат придонес кон зголемување на економскиот раст. Таа посочи дека жените на пазарот на труд се...

Како „копи-пејст“, „препишани“ и „излишни“, не поминаа 95 амандмани за буџетот

„Не се прифаќа“. „За побараното со овој амандман веќе се предвидени пари во буџетот за 2018 година“. „Општините треба да аплицираат во соодветното министерство и ќе добијат пари од буџетот“. Така денеска гласеше постојано одговорот што го даваше Ширет Елези, заменик-министер за финансии, како претставник на Владата, на сите прашања од претседавачот на седницата на собраниската Комисија за финансирање...

Само пофални зборови за буџетот за 2018 година од пратениците на СДСМ

На првото продолжение на 12. седница на Комисијата за финансирање и буџет, која се одвива без присуство на опозицијата, пратениците на СДСМ го оценија како реформски предлог-буџетот за 2018 година. Според нив, тој ќе обезбеди поголем економски пораст и повисок животен стандард на граѓаните. Тие сметаат дека за разлика од претходните буџети, овој не е популистички. Пратеничката на СДСМ, Кети Смилевска, рече дека...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...