fbpx
Таг: Шинзо Абе

таг: Шинзо Абе

Вистиномер: Убиството на Шинзо Абе не е поврзано со лекувањето на ковид-19, ниту со вакцинацијата

Јапонија почна да ги администрира вакцините против ковид-19 откако во февруари 2021 година беше одобрена вакцината на „Фајзер“. Неколку месеци претходно, на 28 август 2020 година Абе соопшти дека се повлекува од функцијата премиер поради болест. „Ивермектин“, пак, воопшто не е на листата на јапонската влада како одобрен лек за ковид-19, според јапонската агенција за лекови и медицински средства,...

По атентатот, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе почина

Кратко време откако беше пренесен во болница по атенатот врз него, поранешниот премиер на Јапонија, Шинзо Абе, починал во болница откако состојбата му се влошила, јави Би-Би-Си. Абе (67) држеше говор во рамките на изборна кампања во градот Нара на југот на јапонија, по што беше застрелан. Напаѓачот, 41-годишник, беше совладан по нападот и однесен во полициска станица. Поранешниот јапонски премиер,...

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе e застрелан на предизборен собир, напаѓачот е уапсен

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе e застрелан на предизборен собир во градот Нара, во близина на Осака во западна Јапонија. Нападот се случил додека Абе држел говор, пренесе Би-би-си. Помладиот брат на Шинзо Абе им изјави на новинарите во Токио дека на поранешниот премиер во моментов му дадена е трансфузија на крв во болница и дека се прават обиди да...

Бизнисмени од Западен Балкан во посета на Јапонија за развивање на деловнa соработка

Претседателот на Клубот на извозници при Стопанската комора на Македонија, Глигор Цветанов, како дел од делегацијата на Коморскиот инвестициски форум, учествува на повеќедневна посета на Јапонија, во насока на развивање на деловните односи помеѓу Јапонија и земјите од Западен Балкан, информираат од Стопанска комора. „Во рамките на посетата, Глигор Цветанов учествуваше на првиот бизнис-семинар за земјите од Западен Балкан, кој денеска...

Коалицијата на премиерот Шинзо Абе пред убедлива победа на изборите во Јапонија

Владејачката коалиција на јапонскиот премиер Шинзо Абе доби најголема поддршка од гласачите на предвремените парламентарни избори што денеска се одржаа во Јапонија, покажуваат резултатите од излезните анкети, јавуваат светските агенции. Јапонските медиуми ги објавиле проекциите на резултатите за кратко време по затворањето на избирачките места во 20 часот по локално време. Според извештаите на медиумите, владејачката коалиција на Шинзо Абе ќе...

Јапонскиот премиер го распушти парламентот, избори на 22 октомври

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, официјално го распушти долниот дом на јапонскиот парламент, за да се одржат предвремени избори на 22 октомври. Откако претседателот на парламентот, Тадамори Ошима, го прочита писмото на Абе за распуштање на парламентот, пратениците ги подигнале рацете и три пати го повториле традиционалниот јапонски израз „банзаи“, со значење „вечен нека е“. По распуштањето на парламентот, Абе им...

Абе сака да го реши спорот со Русија

Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, вели дека земјата сака да го реши територијалниот спор, кој фрли сенка на односите со Русија по завршувањето на Втората светска војна. - Мировниот договор помеѓу Јапонија и Русија сè уште не е заклучен, дури и 70 години по завршување на Втората светска војна. Ова е крајно необична ситуација – им рече Абе на новинарите...

Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Владата на Јапонија работи на планови за непредвидени ситуации во случај кризата на Корејскиот Полуостров да доведе до бранови бегалци во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе. Тој на седница на парламентот рече дека јапонската влада формулира мерки, кои вклучуваат заштита на странци, процедури за слетување, изградба и функционирање на засолништа, како и проверка на баратели на азил. Абе појасни...

Северна Кореја би можела да направи боева глава со сарин, тврди Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека можно е Северна Кореја да произведе ракета со нервен гас сарин. - Можно е Северна Кореја да има капацитет да произведе боеви глави со сарин – рече Шинзо Абе на седница на парламентот. Изјавата на Абе доаѓа во време кога сè повеќе се зголемува загриженоста дека Северна Кореја би можела наскоро да изврши шеста нуклеарна...

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското море

Северна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореја, оценувајќи дека станува збор за провокација кон новата администрација на американскиот претседател, Доналд Трамп. Ракетата, како што пренесуваат светските медиуми, била лансирана во 7.55 часот според локално време од базата Бангјон во западниот дел на Северна Кореја и летала на исток, кон Јапонското море, каде паднала. Проектилот...

Историска посета на јапонскиот премиер Шинзо Абе на Перл Харбор

Јапонскиот премиер Шинзо Абе посети неколку споменици на Хаваи пред неговата историска посета на Перл Харбор. Абе ќе биде првиот јапонски премиер што го посетил Перл Харбор. Покрај него ќе биде и претседателот на САД, Барак Обама, кој пред само неколку месеци стана првиот американски претседател што ја посети Хирошима. Абе на Перл Харбор ќе им оддаде почит на мртвите, но нема...

На секој петти работник во Јапонија му се заканува смрт од прекувремена работа

На една петтина од работниците во Јапонија им се заканува смрт од премногу работа, покажува најновата владина студија посветена на работните навики во таа земја. Секоја година во Јапонија се регистрираат повеќе од стотина смртни случаи поврзани со премногу работа, а луѓето умираат од мозочни и од срцеви удари, но извршуваат и самоубиства, пренесуваат светските агенции. Покрај смртните случаи, работниците се загрозени...

Абе: Јапонија не може без нуклеарни централи

Јапонија не може без нуклеарна централа, рече јапонскиот премиер Шинѕо Абе во обраќањето пред новинарите во пресрет на петтата годишнина од земјотресот и од цунамито кои доведоа до катастрофи во нуклеарната централа Фукушима. - Нашата земја е сиромашна со ресурси и не може да се лиши од нуклеарна енергија доколку сака да гарантира редовно снабдување со енергија, имајќи ги предвид...

Анонимуси ја урнаа веб-страницата на јапонскиот премиер поради ловот на китови

Хакерската група Анонимуси соопшти дека ја урнала веб-страницата на јапонскиот премиер Шинзо Абе во знак на протест против плановите на земјата за лов на китови. Шефот на кабинетот на премиерот, Јошихиде Суга, соопшти дека утринава не можеле да пристапат до веб-страницата и оти полицијата покренала истрага. Суга потврди дека Анонимуси на „Твитер“ објавиле порака во која ја преземаат одговорноста за уривањето на веб-страницата, но...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...