fbpx
Таг: Шарл Мишел

таг: Шарл Мишел

Босна и Херцеговина доби зелено светло за почнување пристапни преговори со ЕУ

Лидерите на земјите-членки на Европската унија вчера во Брисел ѝ дадоа зелено светло на Босна и Херцеговина за отворање на пристапните преговори за членство во блокот, објави Н1. Одлуката на европските лидери следува по препораката на Европската комисија (ЕК), која минатата недела објави извештај во кој констатира дека Босна и Херцеговина доволно ги исполнува условите за почеток на долгиот пат...

Мишел за масакрот во болницата во Газа: Нападите на цивилна инфраструктура се косат со меѓународното право

Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа најмалку 500 луѓе порача дека нападите на цивилна инфраструктура се против меѓународното право. Израел беше обвинет од голем број фактори од меѓународното заедница за експлозијата во болницата, но премиерот Нетанјаху и израелската армија вчерашниот масакр го припишаа на Хамас, велејќи дека станува збор за погрешно...

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски „Шпигел“. „Украина може да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако двете страни си ја сработат домашната задача“, вели Мишел, одговарајќи на прашањето дали мислел и на Украина кога повика...

Мишел: До 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел попладнево од Бледскиот 18. стратешки форум порача дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување. Според Мишел, токму тоа треба да биде еден од главните предизвици на Унијата. Следното проширување, а истакна и дека треба да се предвиди во новиот буџет на Европската комисија. Мишел, исто така, предложи да се...

Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Северна Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Блед, Словенија каде учествува на Бледскиот стратешки форум, се сретна со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговараше за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Двајцата премиери оценија дека...

Експлозивна направа фрлена врз полициски пункт во Северна Митровица

Експлозивна направа била фрлена рано утрово врз полициски пункт во северниот дел на Митровица, јавува Радио Слободна Европа. Нема повредени лица во нападот, а овој чин е само последен во серијата на инциденти што се случиjа изминатиов период во северниот дел на Косово. „Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехника во комбинација со запалив материјал“, изјавил за Радио Слободна...

По 17 години и многу компромиси Северна Македонија ги почнува преговорите за членство во ЕУ

Денешниот ден е историски – конечно после 17 години и многу тешки компромиси, се отвора процесот за прием на Северна Македонија во големото европско семејство кон ЕУ. Првиот чекор кон европската иднина е направен, а три-деценискиот сон е на дофат, истакна македонскиот премиер Димитар Ковачевски по завршувањето на првата меѓувладина конференција со Европската унија што претпладнево се одржа во...

Брисел го поздрави усвојувањето на заклучоците за францускиот предлог, Мицкоски вели дека „ништо не е завршено“

Информацијата која помина во Собранието нема никакво значење затоа што рамката ја усвојува Владата, но, затоа, обврските кои произлегуваат од преговарачката рамка, а тоа е промена на Уставот со цел внесување на Бугарите, нема да помине во македонското Собрание, порача лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција по изгласувањето на предложените заклучоци за францускиот предлог. Мицкоски рече дека пратениците...

Мишел: Македонци, имате историска шанса да кажете ДА, ДА за ЕУ и ДА за нашите деца (видео)

„Дозволетеми искрено да ви кажам како пријател дека оваа можност е премногу важна за да се пропушти. Никогаш не сме биле толку блиску. Македонци имате историска можност да кажете „да“, „да“ за почетокот на преговорите, „да“ за ЕУ, „да“ за нашите деца. Вашата земја има можност повторно да стане првак во проширувањето, тоа ќе внесе нова динамика, овие реформи...

Ковачевски – Мишел: Предлогот предвидува македонскиот јазик да е еднаков со другите јазици на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска имаше средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој е во посета на Скопје. На средбата, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Шарл Мишел потенцираа дека европскиот предлог за отпочнување на преговорите за Северна Македонија ги вклучува сите македонски позиции и забелешки и дека преговорите може да почнат веднаш по одобрување на истиот, информираат од владината...

На средбата со Шарл Мишел, Пендаровски потенцирал дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат гарантирани

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, потенцирал дека македонскиот јазик и идентитет мора да бидат почитувани и гарантирани од страна на ЕУ. Мишел престојува во еднодневна посета на земјава а на средбата со претседателот разговарале за предизвиците во однос на европските перспективи и за предлогот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со...

Макрон: Најден е компромис за преговарачката рамка на Северна Македонија

Францускиот претседател Емануел Макрон од Мадрид, на НАТО самитот соопшти оти смета дека е најдено компромисно решение за преговарачката рамка на Северна Македонија, која ја вклучува и Бугарија, јави Ројтерс. „Мислам дека најдовме компромисно решение“, порача тој на прес-конференција во Мадрид. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел по прес-конференцијата на францускиот претседател Макрон преку својот Твитер-профил го поздрави решението постигнато од...

Макрон и Мишел по самитот на ЕУ: Преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија продолжуваат деновиве

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и францускиот претседател Емануел Макрон по денешниот самит на европските лидери изјавија дека преговорите меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе продолжат и наредните денови, а во функција на деблокада на почетокот на преговорите со ЕУ на Северна Македонија и Албанија. Во својот говор, Мишел се заблагодари на француското претседателство со Европската Унија и за...

Украина и Молдавија добија кандидатски статус за членство во ЕУ

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Украина и Молдавија им доделија статус на кандидати за членство во унијата. Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел ја објави ваквата одлука, опишувајќи ја донесената одлука како „историски момент“. Исто така, тој спомена дека почетокот на преговорите за членство во ЕУ со овие две земји нема да започне до спроведувањето на неопходните реформи. Мишел...

Вистиномер: Mажот во сукња и потпетици не е Шарл Мишел

Фотографијата што се споделува на Фејсбук е направена на 1 јули 2021 година, за време на модната недела Пити Уомо во Фиренца и прикажува еден од учесниците на настанот. Ова е една од  фотографиите споделени на Фејсбук страницата на Пити Уомо со наслов: „Во живо од Pitti Uomo 100“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: На...

Пендаровски до Мишел: Лидерите на ЕУ да го исполнат ветеното

Со пролонгирање на македонските евроинтеграции се разнишува кредибилитетот на Европската Унија, што истовремено значи и опаѓање на нејзиното влијание меѓу нашите граѓани. Условувањето од страна на земја-членка кон земја-кандидат за членство од билатерални причини, не само што флагрантно го прекршува ветувањето за европска иднина на земјите од Западен Балкан, туку може и целосно да ја компромитира политиката на проширување...

Ковачевски-Мишел: Интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е прашање од највисок приоритет

Северна Македонија целосно ги исполни условите за почеток на преговорите, врз основа на што е донесена и препораката за безусловен почеток за отворање на поглавјата во март 2020 година, нагласил премиерот Димитар Ковачевски на денешната средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во рамките на Преспа форумот за дијалог. На средбата присуствувале вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ и...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел утре доаѓа во Охрид

Во пресрет на Преспа Форумот за Дијалог, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе го посети Охрид од 15 до 16 јуни, соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје. Во оваа прилика, претседателот Мишел ќе се сретне со претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски. Тој ќе има средба и со премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе учествува и вицепремиерот...

Почна изградбата на терминалот за природен гас во Грција, Србија сака гасно поврзување со нашата земја

Со свечена церемонија, денеска во грчкиот град Александруполи започна изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ). На настанот присуствуваа претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, премиерите на Грција Киријакос Мицотакис, на Северна Македонија Димитар Ковачевски и на Бугарија Кирил Петков, како и српскиот претседател Александар Вучиќ. Терминалот ќе претставува нова енергетска порта, која што ќе им помогне на Балканот...

Премиерот Ковачевски во Брисел на средби со раководството на ЕУ

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Брисел оствари средба со раководството на Европската Унија. Тој разговараше со претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел. За време на разговорот во Европскиот парламент, премиерот Ковачевски ја запозна претседателката на ЕП Мецола со силно изразената подготвеност на владите во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...