fbpx
Таг: шампион

таг: шампион

Aргентина е светски шампион во фудбал

Aргентина е светски шампион во фудбал, откако во финалето на Мундијалот, што се одржува во Доха, Катар, ја победи Франција. Регуларниот дел од натпреварот заврши нерешено 2:2, по што следуваа продолженија по кои резултатот беше 3:3. Во пенал рулетот подобра беше Аргентина, откако Французите промашија двапати. Ова е трета светска титула на Аргентина, прва по 1986 година.

Картинг пред претседателскиот кабинет: Петар Богатиновски се подготвува за Светско првенство во картинг

Картинг шампионот или како што медиумите во светот го нарекуваат македонското чудо од дете, 12 – годишниот Петар Богатиновски вчера го возеше својот картинг пред претседателскиот кабинет. Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук изрази поддршка за Петар, кој со победата во Централна Европска Зона – CEZ, е првиот Македонец којшто се квалификуваше за светското првенство во Бахреин во декември годинава. „Иако има...

17-годишник го победи 42-годишниот велемајстор на Светскиот шампионат во класичен Тетрис

Џозеф Сејли (Joseph Saelee) го победи Који Нишио наречен Кориан (Koji "Koryan" Nishio) во последниот натпревар од Светскиот шампионат во класичен Тетрис кој заврши на 27 ноември во Портланд, Орегон, САД. https://www.youtube.com/watch?v=nfo8hmIcoDQ Класичниот Тетрис се игра на конзолата Нинтендо ентернтејмент систем (Nintendo Enterntainment System - NES) од 1989 година, закачен на обичен телевизор на ист начин како што тоа се правело...

Светскиот шампион во кревање тегови Андреј Драчев убиен во тепачка со шампион на ММА

Светскиот првак во дигање тегови, Русинот Андреј Драчев го загуби животот вчера претпладне во договорена тепачка во рускиот град Хабаровск. Тој се тепал пред едно кафуле во центарот на градот со шампионот во ММА, Анар Алакверанов. Како што пренесуваат руските медиуми, до тепачката дошло откако двајцата „борци“ во алкохолизирана состојба се расправале кој спорт е посилен, дали дигање тегови и...

Аутсајдерот Лестер, нов шампион на Премиер-лигата

Екипата на Лестер ја освои шампионската титула во Премиер-лига, што во Англија, но и во целиот свет се коментира како еден од најголемите спортски настани на сите времиња. Шансите за Лестер, кој сезонава влезе во Премиер-лигата, да ја освои титулата беа 5.000 спрема 1, но екипата имаше само три порази во лигата, што англиските медиуми го опишуваат како „бајка“ и...

Голден Стејт е новиот НБА-шампион

Голден Стејт со победата над Кливленд од 105:97 и финални 4:2 ја осви шампионската титула во НБА. Ова е четврта титула на клубот, прва по 40 години. Најефикасни кај Голден Стејт беа Стеф Кари и Андре Игудала, секој со 25 поени. Драјмонд Грин натпреварот го заврши со трипл-дабл од 16 поени, 11 скокови и од 10 асистенции. Леброн Џејмс, иако постигна 32 поени,...

Хокеарите на Чикаго блекхокс го освоија купот „Стенли“

Хокеарите на Чикаго блекхокс го освоија купот „Стенли“, откако ноќеска со 2-0 го совладаа тимот на Тампа Беј лајтнинг и со вкупен резултат од 4-2 во победи, ја добија финалната серија во НХЛ. За Чикаго блекхокс ова е шеста титула во нивната клупска историја. Погодоците за шампионскиот тим ги постигнаа Данкан Кит, во 37. и Патрик Кејн во 55. минута од натпреварот. Трофејот...

Штутгарт стигнал до титулата со допингување фудбалери

Нов допинг-скандал ја тресе Германија, за овојпат во центарот на вниманието се фудбалските тимови кои во 70-тите и во 80-тите години на минатиот век систематски ги допингувале фудбалерите. Како што јавуваат светските медиуми, постојат цврсти и несоборливи докази дека фудбалерите на Штутгарт, во тоа време шампион на Германија, биле подлегнати на незаконски третмани, а истото се случувало и со Фрајбург. Германската...

Кошаркарите на Работнички триумфираа во Купот на Македонија

Кошаркарите на Работнички триумфираа во финалето на Купот на Македонија, кое се одигра во спортскиот центар „Јане Сандански“, совладувајќи го тимот на Кожуф со 74-66. Клучна за победата на Работнички беше третата четвртина од натпреварот, кога тимот од Градски парк направи двоцифрена предност, откако првиот дел помина во незивесна и резултатски изедначена игра. За најкорисен играч беше прогласен играчот на победничкиот...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...