fbpx
Таг: сезона

таг: сезона

Воведени две нови авионски линии од Охрид кон Малме и Милано

„ТАВ Македонија“ на аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“ го пречека првиот лет на „Виз ер“ од Малме, во исто време одбележувајќи го отворањето на две нови дестинации од Охрид кон Малме и Милано и обратно. Двете нови директни линии ќе сообраќаат во текот на целата година, со две неделни фреквенции. Почнувајќи од денеска, 18 март, летот од и до Малме...

Заев в сабота да дојде во ски-центарот, бара иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара  средба со премиерот Зоран Заев и другите владини претставници кои се задолжени за развојот на зимскиот туризам. Тие бараат средбата да се одржи на Попова Шапка во сабота, во 11 часот. Тие му порачуваат на премиерот посетата на Попова Шапка да ја реализира како обичен граѓанин, за да ги следи реалните тешкотии...

Намален бројот на заболени од грип, изминатата недела регистрирани 2.781 случаи

Во текот на изминатата недела во земјава е регистриран 2.781 заболен од грип, што е намалување за 35 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 4.258 заболени лица, стои во извештајот што на својата веб-страница го објави Институтот за јавно здравје. Во однос на минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона...

Минатата недела имало 1.085 новозаболени од грип

Од 22 до 28 јануари  пријавени се 1.085 новозаболени од грип, што е зголемување за 70 проценти во споредба со претходната недела кога биле регистрирани 637 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје. Во однос на минатата сезона, кога биле регистрирани 1.919 случаи, постои намалување на бројот на заболени во четвртата недела од јануари за девет отсто. Најголем број од заболените се...

Холандските туристи ја отворија летната сезона во Охрид

Првиот сезонски чартер-лет со 180 патници од Амстердам, кои допатуваа со авиокомпанијата „Корендон“ на аеродромот „Св. Апостол Павле“, ја отвори летната сезона во Охрид. - Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата година на охридскиот аеродром – за Базел, Цирих и за Лондон, како и традиционалните чартер-летови од Холандија, ова лето ќе продолжат сезонските летови кои ги отворивме во...

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред празникот

Туристи од Турција и од Далечниот Исток го раздвижија Охрид пред првомајскиот празник. Туристите од Далечниот Исток го посетија градот во рамките на т.н балканска тура. На почетокот на мај, охриѓани и стружани ги очекуваат првите организирани посети на туристи од Холандија со чартер-летови, со што и официјално ќе биде отворена новата сезона за која предвидувањата се добри. Охридското Езеро, пак, го разубавија...

Грејната сезона може да почне порано од 15 октомври

Дистрибуција на топлина „Балкан енерџи“ од 1 октомври ќе почне со секојдневни ладни проби на системот за топлинска енергија, а целта е да се подготви и да се провери целосно системот за топлинска енергија за претстојната грејна сезона, информираат од компанијата. - Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурата, грејната сезона може да почне порано од 15 октомври, проверката на...

Претстојниот викенд ќе го наполни Охрид

Со чиста и релативно топла вода во езерото и со богата културно-забавна понуда, македонскиот туристички центар Охрид престојниов јулски викенд го очекува првиот голем бран туристи. Синоќа, со отворањето на Балканскиот фолклорен фестивал, практично почна богатото охридско културно лето, кое кулминацијата ја најавува за 12 јули, Петровден, кога традиционално се отвора меѓународниот музичко-сценски фестивал „Охридско лето“. Во прилог на бројните гости од земјата и од...

Што поскапува во Грција со новите мерки?

Бран поскапувања ја очекуваат Грција летово со изгласаната мерка за зголемување на данокот на додадена вредност на 24 отсто за голем број услуги и производи. Зголемувањето на данокот ќе се одвива во неколку етапи, почнувајќи од јули годинава, па сè до јануари 2018 година. Оваа мерка се очекува да внесе во државната каса 1,8 милијарди евра од поскапувањата на производите и на услугите. Првиот бран...

Туризмот во Македонија по шести пат беше промовиран во Холандија

Туристичките убавни на Македонија беа промовирани по шести пат на саем во Утрехт, Холандија, кој се одржува од 13 до 17 јануари. - Најголемите туристички оператори „Туи“ и „Корендон“ кои носат холандски туристи во Македонија, покажаа оптимизам за претстојната туристичка сезона, истакнувајќи ги неповолните гео-политички случувања во одредени делови од светот. Неодамна, откако белгискиот „Томас Кук“ беше во Македонија и склучи...

Почна скијачката сезона на Попова Шапка

На скијачкиот центар Попова Шапка официјално почна скијачката сезона. Снежната покривка на патеките надминува половина метар, а на Церипашина има повеќе од еден метар снег. - На најатрактивната патека на Балканот, Церипашина, пред неколку години поставивме дрвени тараби кои го задржуваат снегот, односно не дозволуваат ветерот да го разнесе снегот. Овој снег во текот на сезоната може да се искористи и за другите...

Снег на Попова Шапка и на Маврово

Синоќа околу полноќ на Маврово и на Попова Шпапка врнеше снег. Најавите на метеролозите се дека до петок ќе паѓа повремен снег на овие локации, кои се скијачки центри, но не се очекува доволно количество врнежи што би значело почеток на скијачката сезона. Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни бранови од Медитеранот, кои ќе предизвикаат променливо облачно време...

Грејната сезона ќе почне утре

Од утре, 15 октомври, официјално почнува грејната сезона. Од „Балкан енерџи груп“ за „Мета“ велат дека сè е подготвено за почетокот на грејната сезона и дека граѓаните ќе добијат парно доколку температурата по 21 часот падне под 12 степени. Според последните одлуки на Регулаторна комисија за енергетика, времето на греење се продолжува за еден час и наместо до 21 часот, граѓаните...

„Туристички сојуз“ од Охрид задоволен од летната сезона

Летната туристичка сезона може да се оцени како една од  поуспешните во однос на бројот на странски туристи и бројот на ноќевања реализирани во охридско–струшкиот регион, сметаат во  Здружението од областа на туризмот и угостителството „Туристички сојуз“, со седиште во Охрид. Отворањето нови хотели, како „Мираж“ во Струга, хотел „Филип“, хотел „Тино“  и „Аква лине“ во Охрид, е добар сигнал...

Охрид солидно посетен, на плажите како во сезона

Македонскиот туристички центар Охрид викендов е солидно посетен, додека сликата од плажите е како во тек на главната туристичка сезона. Најбројни се посетителите од странство, но допатуваа и помал број викенд-туристи од земјата. Во новоотворениот хотел „Тино“ во туристичката населба Свети Стефан, велат дека до 26 мај, немаат место „ниту за лек“. Овој современ објект, со отворен и со затворен базен, ексклузивен бањски центар е хит...

СДСМ: Не се остваруваат ветените проекти и ова не е успешна туристичка сезона

Ниту се остваруваат ветените проекти, ниту е ова успешна туристичка сезона, порача од денешната прес-конференција претседателот на охридските социјалдемократи, Томислав Тунтев. – Вистината и реалноста се поразителни. За 28 месеци, градоначалникот Бакрачески и власта на ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да реализираат ниту еден проект од тие што во нивната изборна програма беа ветени како приоритетни и капитални. Дополнително, годинешната летна сезона...

„Бела ноќ“ за официјален почеток на летната сезона во Охрид

Официјалниот почеток на летната туристичка сезона во Охрид ќе биде означен со манифестацијата „Бела ноќ“, која ќе трае од 3 до 5 јули. Главниот акцент ќе биде на 4 јули, сабота, кога ќе се одржи централната манифестација на градскиот плоштад Свети Климент Охридски. Угостителските објекти ќе работат со продолжено работно време, а во сабота со неограничено работно време. – На 4...

Отворена сезоната на капење во Охридско Езеро

Вториот јунски викенд, заедно со порастот на дневните температури, ги охрабри посмелите и помалку трпеливите да ја отворат сезоната на капење во Охрдиско Езеро. Tемпературата на воздухот викендов се искачи до 30 Целзиусови степени, додека темепратурата на водата е пониска за десетина степени. Сепак, наглото зголемување на дневната температура, многумина ги принуди разладување да побараат во сè уште студената езерска вода. Најмногу капачи...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...