fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Северна Кореја истрела балистичка ракета кон Јапонското море

Северна Кореја истрела балистичка ракета, соопшти министерството за одбрана на Јужна Кореја, оценувајќи дека станува збор за провокација кон новата администрација на американскиот претседател, Доналд Трамп. Ракетата, како што пренесуваат светските медиуми, била лансирана во 7.55 часот според локално време од базата Бангјон во западниот дел на Северна Кореја и летала на исток, кон Јапонското море, каде паднала. Проектилот...

Ким Јонг-ун сменил министер и погубил службеници

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го сменил министерот за државна безбедност, Ким Вон-хонг, поради злоупотреба на овластувањата и погубил неколку претставници на агенцијата за државна безбедност, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за обединување. Министерот Ким Вон-хонг е сменет на средината на јануари, откако неговата агенција се најде под истрага поради злоупотреба на власта и корупција, соопшти портпаролот на Министерството во Сеул, Џеонг Џун-хе. -...

Пјонгјанг нема да има нуклеарно оружје со дострел до САД, порачува Трамп

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, вели дека Северна Кореја нема да успее да направи нуклеарно оружје што би имало дострел до Соединетите Американски Држави. „Северна Кореја соопшти дека е во финална фаза од развој на нуклеарно оружје способно да достигне до делови од САД. Тоа нема да се случи!“, напиша Трамп на својот официјален профил на „Твитер“. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун...

Во Северна Кореја, три дена жалост за Фидел Кастро

Во Северна Кореја почна тридневната жалост поради смртта на лидерот на кубанската револуција, Фидел Кастро, кој почина во петокот вечерта во Хавана, на 91 година. Знамињата во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во знак на почитување спрема револуционерниот лидер, а граѓаните се собираат на метро-станицата во Пјонгјанг, каде е поставена стаклена витрина со некролози за Кастро. Во некролозите се...

Пентагон: Северна Кореја неуспешно лансираше ракети

Американската војска детектираше неуспешно лансирање на севернокорејски балистички ракети во близина на градот Кусонг, на северозападот на Северна Кореја. - Ние остро го осудуваме ова како и другите неодамнешни севернокорејски ракетни проби. Имаме намера да изразиме загриженост во Обединетите нации за да се зајакне меѓународната решеност во барање одговорност од Северна Кореја за ваквите акции – соопшти портпаролот на Пентагон, командантот...

Јужна Кореја тврди дека има план за целосно уништување на Пјонгјанг

Јужна Кореја има план за целосно уништување на севернокорејската престолнина Пјонгјанг, доколку тамошните власти покажат каков било знак дека подготвуваат нуклеарен напад, објавила јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на воени извори, пренесува „Би-би-си“. Воени извори за агенцијата рекле дека секој агол во Пјонгјанг „ќе биде целосно уништен со балистички ракети и со високо-експлозивни гранати“. Северна Кореја во петокот ја изведе петтата...

ОН најавија нови санкции кон Пјонгјанг по нуклеарната проба

Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да изрече нови санкции кон Северна Кореја, откако Пјонгјанг вчера ја изведе петтата и најсилна досега нуклеарна проба, јавуваат светските медиуми. Одлуката е донесена на вонредниот состанок на 15-члениот совет, јавува „Би-би-си“. Јужнокорејската претседателка, Парк Гуен Хје, вчера жестоко ја осуди нуклеарната проба и изјави дека „провокациите на Северна Кореја го забрзуваат нејзиното...

Северна Кореја ја изведе петтата нуклеарна проба, најсилна досега

Северна Кореја успешно ја извела петтата нуклеарна проба, најсилна досега, соопштија официјални јужнокорејски претставници кои остро го осудија новото тестирање, оценувајќи го како „чин на самоуништување“. Американските, европските и кинеските сеизмолошки служби вчеравечер регистрирале потрес, за кој се претпоставува дека е предизвикан од нуклеарната проба на Пјонгјанг. Нуклеарнот тест го потврди и Северна Кореја. „Нашите нуклеарни научници изведоа проба на најновата нуклеарна...

Кина жестоко се противи на американскиот антиракетен штит во Јужна Кореја

Кинескиот претседател Си Џинпинг на својата колешка, претседателката на Јужна Кореја, Парк Геун Хје, ѝ соопштил дека Кина е против распоредувањето на американски противракетен штит во нејзината земја, јавуваат светските агенции. Си Џинпинг, за време на билатералниот состанок, на маргините на Самитот на Г20, кој се одржува во Хангџоу, Кина, ја предупредил дека неадекватното третирање на ова прашање не е добро...

Сеул тврди дека е погубен министерот за образование на Северна Кореја

Севернокорејскиот министер за образование е погубен, а уште двајца членови на режимот во Пјонгјанг биле испратени на превоспитување, објавија властите во Сеул. - Министерот за образование, Ким Јонг-џин, е погубен – изјави на прес-конференција портпаролот на јужнокорејското министерство за обединување, Јеонг Јоон-хее. Министерот Јонг-џин исто така бил и потпретседател на владата. Под обвинение дека е антипартиски и антиреволуционерен агитатор, Ким Јонг-џин бил...

Советот за безбедност на ОН ја осуди Северна Кореја за ракетните проби

Советот за безбедност на Обединетите нации ја осуди Северна Кореја поради лансирањето на балистички ракети и соопшти дека ќе преземе „значајни мерки“ како одговор на последните проби. Тоа Пјонгјанг го оцени како провокација. Текстот на резолуцијата за осуда на балистичкото тестирање беше едногласно усвоен вчера и за него гласаа сите 15 членки на Советот за безбедност, меѓу кои и Кина, главниот...

Северна Кореја истрела балистичка ракета од подморница

Северна Кореја истрелала балистички проектил од подморница, јавува севернокорејската новинска агенција „Јонхап“. Проектилот од типот КН-11 бил истрелан од подморница на источниот брег на Северна Кореја и прелетал 500 километри пред да падне во Јапонското Море, соопштил претставник на властите на САД. Јапонскиот премиер Шинзо Абе потегот на Пјонгјанг го нарекол „пакосен чин“. Инаку, Обединетите нации ѝ забранија на Северна Кореја, за која...

Северна Кореја и се закани на САД со нуклеарен напад во случај на провокација

Северна Кореја е подготвена да изврши превентивен напад врз САД во случај на провокации во Азиско-пацифичкиот регион, јави ТАСС, цитирајќи соопштение на севернокорејската државна агенција КЦТА. „Правото на извршување превентивен напад не е монопол на САД. Оперативната единица на Корејската народна армија е подготвена да изврши напади врз непријателот во случај и на најмала провокација“, се наведува во соопштението на...

Северна Кореја повторно лансираше балистички ракети

Северна Кореја тестираше две балистички ракети од источното крајбрежје, пренесуваат светските медиуми. Како што соопшти војската на Јужна Кореја, се верува дека станува збор за ракети со среден дострел. Лансирањето на ракетите го забележала и американската војска, која соопшти дека нејзините сателити детектирале истрелување ракети, кои паднале во водите на Јапонското Море.

Јужнокорејската морнарица пукала на севернокорејски брод

Јужнокорејската морнарица испукала предупредувачки истрели откако севернокорејски патролен брод и рибарски чамец ја минале спорната граница на Жолтото Mоре кај западниот брег на Корејскиот полуостров, изјавија претставници во Сеул. Двата пловни објекта, кои ја минале северната линија на раздвојување, во близина на јужнокорејскиот остров Јеонпиеонг, ја смениле насоката осум минути откако Сеул испукал предупредувачки истрели и се вратиле во севернокорејските...

Севернокорејски генерал пребегал во Јужна Кореја

Севернокорејски генерал со две ѕвездички минатата година побегал во Јужна Кореја и со тоа станал највисок воен офицер од Пјонгјанг кој пребегал, соопшти денеска јужнокорејската влада. Во соопштението, во кое не се открива идентитетот на офицерот, се наведува дека бил вработен во севернокорејскиот Главен разузнавачки уред и бил задолжен за шпионирање на Сеул, пренесува јужнокорејската агенција „Јонхап“. Информацијата ја потврдија портпаролите...

Северна Кореја ги блокираше „Фејсбук“, „Твитер“ и „Јутуб“

Северна Кореја соопшти дека го блокирала пристапот со „Фејсбук“; „Твитер“, „Јутуб“ и до јужнокорејските сајтови. Во соопштението на Министерството за пошта и телекомуникации се наведува дека „антирепубличките сајтови за лажна пропаганда, сексуалните и интернет станиците на возрасни“ се блокирани, заедно со сервисите „Јутуб“, „Фејсбук“, „Твитер“, „Гласот на Америка“ и страниците на јужнокорејските медиуми. Соопштението е објавено на главниот мобилен оператор „Кориолинк“...

Пјонгјанг повторно истрела ракети

Северна Кореја утринава истрела повеќе проектили со краток домет во море, во близина на својот источен брег, соопшти јужнокорејската војска. Во соопштението се наведува дека проектилите летале 200 километри, по што паднале во водите источно од Северна Кореја. Северна Кореја кон крајот на минатата недела истрела два балистички проектила на изолиран остров, што претставува директно кршење на новите санкции што ги воведоа...

Северна Кореја лансираше балистичка ракета

Северна Кореја денеска лансирала балистичка ракета во море, кај источниот брег, само неколку дена откако лидерот на земјата, Ким Џонг Ун, нареди понатамошни проби на нуклеарни боеви глави и ракети, соопшти јужнокорејското министерство за одбрана. Портпаролот на министерството наведе дека ракетата е лансирана од Сукчон, на југозападот на Северна Кореја. Тој додаде дека ракетата минала 800 километри до Источното Море. Засега...

Обама воведе нови санкции кон Северна Кореја

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се воведат нови санкции кон Северна Кореја, по спроведените незаконски нуклеарни проби и лансирањето сателит. Со наредбата, се замрзнува имотот на владата на Северна Кореја во САД и се забранува извоз или американски инвестиции во Северна Кореја. Со нуклеарната проба извршена на 6 јануари и лансирањето на сателитот на 7 февруари се прекршени постојните санкции на...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...