fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Вирусот „вонакрај“ можеби е дело на Северна Кореја

Компании за компјутерска безбедност велат оти постојат знаци дека Северна Кореја може да е поврзана со глобалниот кибер-напад преку вирусот „вонакрај“ (WannaCry), кој зарази неколку стотици илјади компјутери во повеќе од 150 земји. Според првичните заклучоци за изворот на масовниот хакерски напад со вирусот што ги заклучува документите и бара да се плати откуп за да ги отклучи, има многу...

ОН ќе го санкционираат севернокорејското лансирање ракета

Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди најновото ракетно тестирање на Северна Кореја, истакнувајќи дека ќе преземе нови мерки, вклучително и санкции поради дестабилизирачкото однесување на Пјонгјанг. Во соопштението, кое е едногласно усвоено, Советот за безбедност на ОН истакнува дека е многу важно Северна Кореја веднаш да покаже искрена посветеност на процесот на намалување на нуклеарното вооружување низ конкретни акции. Генералниот секретар на...

Северна Кореја им испрати протестна нота на САД

Парламентот на Северна Кореја денеска испрати протестно писмо до американскиот претставнички дом поради нивниот нов пакет санкции против Пјонгјанг. Санкциите на Долниот дом на американскиот Конгрес се осудуваат како „гнасен акт против човечноста“. Ова го пишува во писмото испратено од надворешно-политичкиот одбор на севернокорејскиот парламент. Не е јасно како протестното писмо е испратено, затоа што Северна Кореја и САД немаат дипломатски...

Северна Кореја спроведе неуспешна ракетна проба

Северна Кореја тестираше уште една балистичка ракета, соопшти јужнокорејската војска и додаде дека тестирањето завршило неуспешно. Агенцијата „Јонхап“ тврди дека ракетата се распаднала неколку секунди по лансирањето. Американските власти потврдија дека тестирањето завршило неуспешно. Ракетата е лансирана од територија во близина на Пјонгјанг, во 5.30 часот по локално време. Според „Си-ен-ен“ се работи за ракета со среден дострел КН-17, која била лансирана од аеродромот „Букчанг“...

Носачот на авиони на САД наскоро ќе пристигне во Јапонското Mоре, најави Пенс

Американскиот носач на авиони „Карл Винсон“ за неколку дена ќе пристигне во Јапонското Mоре, изјавил денеска во Сиднеј, потпретседателот на САД, Мајк Пенс, пренесуваат светските агенции. Вашингтон, на почетокот на овој месец, најави дека носачот на авиони и неговата флота ќе тргнат кон Корејскиот Полуостров, што беше протолкувано како демонстрација на сила на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп. „Очекуваме...

Советот за безбедност на ОН се закани со нови санкции кон Пјонгјанг

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ја усвои резолуцијата со која остро се осудуваат последните тестирања на ракети од страна на Северена Кореја и се закани со нови санкции кон Пјонгјанг, јавуваат светските агенции. Со резолуцијата, која е усвоена едногласно, се осудува однесувањето и „илегалните активности“ на властите во Пјонгјанг, кои се повикуваат повеќе да не изведуваат нуклеарни проби...

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во СБ на ОН

Русија ја блокираше осудата на Северна Кореја во Советот за безбедност на ОН, која ја предложија САД, а беше поддржана и од Кина, по неуспешниот обид на Пјонгјанг за лансирање ракети, велат дипломатите. Во предложената декларација, во која АФП имале увид, се бара Пјонгјанг да се воздржи од спроведување нуклеарен тест или балистички проектили, по неуспешните лансирања во неделата. Во декларацијата,...

Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на САД

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја да не ја тестира решителноста на американската војска затоа што таа ќе одговори на ефикасен начин на употребата на нуклеарно и на конвенционално оружје. Во рамки на посетата на Јапонија, Пенс на американскиот носач на авиони „УСС Роналд Реган“ рече дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп продолжува „внимателно да работи“ со...

Јапонија се подготвува за прием на бегалци ако дојде до корејска криза

Владата на Јапонија работи на планови за непредвидени ситуации во случај кризата на Корејскиот Полуостров да доведе до бранови бегалци во Јапонија, изјави јапонскиот премиер Шинзо Абе. Тој на седница на парламентот рече дека јапонската влада формулира мерки, кои вклучуваат заштита на странци, процедури за слетување, изградба и функционирање на засолништа, како и проверка на баратели на азил. Абе појасни...

Северна Кореја е подготвена за нуклеарен напад

Северна Кореја ги предупреди САД да не преземаат никаква провокативна акција во подрачјето на Корејскиот Полуостров затоа што таа е „подготвена да одговори со нуклеарни напади“. Овие пораки доаѓаат по одбележувањето на 105-годишнината од раѓањето на основачот на севернокорејската нација, Ким Ил-сунг. Војници и бројни тенкови парадираа денеска во Пјонгјанг и демонстрираа воена сила, а на парадата беа презентирани и нов...

САД се подготвени за напад ако Северна Кореја изврши нова нуклеарна проба, јавува „Ен-би-си“

Северна Кореја претставува проблем, кој ќе биде решен, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. По ваквата изјава на Трамп, телевизијата „Ен-би-си“, повикувајќи се на разузнавачки извори, јави дека САД се подготвени да извршат превентивен напад со конвенционално оружје врз Северна Кореја доколку Пјонгјанг изврши уште една нуклеарна проба. Според истите извори, два американски разузнавачки воени брода се наоѓаат на 480 километри од...

Северна Кореја би можела да направи боева глава со сарин, тврди Шинзо Абе

Јапонскиот премиер Шинзо Абе изјави дека можно е Северна Кореја да произведе ракета со нервен гас сарин. - Можно е Северна Кореја да има капацитет да произведе боеви глави со сарин – рече Шинзо Абе на седница на парламентот. Изјавата на Абе доаѓа во време кога сè повеќе се зголемува загриженоста дека Северна Кореја би можела наскоро да изврши шеста нуклеарна...

По Сирија, Трамп јуриша на Северна Кореја

Американската воена морнарица утрово соопшти дека кон Корејскиот полуостров упатила јуришна група бродови на чело со носач на авиони. Тоа е всушност покажување на сила пред Северна Кореја, но истовремено и своевиден одговор на Русија, по ракетирањата во Сирија. Овој потег сосема сигурно ќе ги крене тензиите во регионот. Некои нападот во Сирија го толкуваат како предупредување до корејскиот лидер...

Северна Кореја тестираше нов ракетен мотор

Северна Кореја изврши тестирање на нов ракетен мотор во станицата за лансирање Тонгчанг-ри, јавиле севернокорејските државни медиуми, пренесуваат светските агенции. Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун по повод тестирањето изјавил дека тоа претставува „ново раѓање на ракетната индустрија на Северна Кореја“. Државната новинска агенција на Северна Кореја, КЦНА, јавила дека со помош на моторот земјата ќе ги достигне капацитетите за лансирање сателити од...

Советот за безбедност на ОН ги осуди ракетните тестови на Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации доцна синоќа ја осуди ракетната проба што ја изврши Северна Кореја, наведувајќи дека тоа претставува „сериозно кршење“ на резолуцијата за санкции. Како што се наведува, Советот за безбедност на ОН ги осуди сите балистички активности на Северна Кореја, поради зголемените тензии во регионот. Во соопштението се додава дека Советот за безбедност изразил загриженост за „дестабилизирачките“ активности...

Северна Кореја предупредува дека воените вежби на САД водат кон нуклеарна катастрофа

Северна Кореја предупреди дека вежбите на војската на САД и на Јужна Кореја ги водат Корејскиот Полуостров и Североисточна Азија кон „нуклеарна катастрофа“. Пјонгјанг ја обвини администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека води „екстремна, антисевернокорејска политика“. Амбасадорот на Северна Кореја во Обединетите нации, Џа Сонг-нам, во писмо до Советот за безбедност на ОН изнесе тврдење дека вежбите кои почнаа на...

Севернокорејски дипломат осомничен за убиството на Ким Јонг-нам во Малезија

Малезиската полиција осомничи претставник од Амбасдата на Северна Кореја за убиството на Ким Јонг-нам, а уште еден осомничен за случајот е поврзан со државната авиокомпанија на Северна Кореја. Како што јавуваат локалните медиуми, двајцата осомничени сè уште се во Малезија и се повикани на распит. Дипломатот е со ранг втор секретар во амбасадата. Полицијата смета дека четири други лица, осомничени за...

Убиен полубратот на Ким Јонг-ун

Полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун е убиен во Малезија, соопштија кинеските и јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори. Како што се наведува, Ким Јонг-нам е убиен вчера, додека кинеска кабловска телевизиска мрежа пренесува дека на аеродромот во Куала Лумпур го отруле две жени, за кои се сомневаат дека се севернокорејски агенти. Малезиската полиција засега не изнесува никакви детали, освен...

Состанок на Советот за безбедност на ОН поради ракетните тестови на Северна Кореја

Соединетите Американски Држави, Јапонија и Јужна Кореја денеска побараа итни консултации во Советот за безбедност на Обединетите нации за севернокорејското лансирање на нов тип балистичка ракета со среден до долг дострел, соопшти денеска претставник на мисијата на САД во ОН. Како што соопшти јужнокорејската војска, Северна Кореја користела систем „студено исфрлање“, каде проектилот го покрева компресиран гас. Јужнокорејската војска наведе...

Ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници на Пацификот, порача Белата куќа

Ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници на Пацификот, одговори Белата куќа на лансирањето на балистичката ракета од страна на Северна Кореја. „Нашата порака е дека ќе ги зајакнеме нашите клучни сојузници во пацифичкиот регион, што е дел од нашата стратегија за спречување на растечкото непријателство кое го видовме изминатите години од режимот на Северна Кореја“, изјави советникот во Белата куќа,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...