fbpx
Таг: Северна Кореја

таг: Северна Кореја

Тинејџери од С. Кореја осудени на тешка физичка работа поради гледање јужнокорејски серии

Двајца тинејџери од Северна Кореја се осудени на 12 години тешка физичка работа поради гледање јужнокорејска серии, соопшти Би-би-си. Во снимка која ја добила британската телевизија и е најверојатно снимена во 2022 година, прикажани се две 16-годишни момчиња со лисици на рацете пред стотици студенти на стадион. Се гледа како униформираните полицајци ги прекоруваат момчињата дека „не размислуваат за нивните...

Јужна Кореја да се прогласи за „непријател број 1“, повика севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун повика на промена на Уставот на земјата за да се идентификува Јужна Кореја како „непријателска држава број еден“, со тоа ставајќи крај на посветеноста на режимот за обединување на двете земји на Корејскиот полуостров. Во говорот пред врховното народно собрание, Ким кажа дека повеќе не верува оти обединувањето со Јужна Кореја е можно и ја обвини...

Десетгодишната ќерка е веројатниот наследник на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун

Младата ќерка на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, се смета за очигледен наследник на својот татко, соопшти за првпат јужнокорејската разузнавачка агенција, по шпекулациите дека севернокорејскиот владетел ја подготвува ќерка си да стане четвртиот член на династијата што ја води земјата од нејзиното основање пред повеќе од седум децении. Интензивните меѓународни шпекулации за Ким Ју-ае, која наводно има околу...

Северна Кореја истрела 200 гранати во близина на морската граница со Јужна Кореја

Повеќе од 200 артилериски гранати истрелала Северна Кореја во правец кон морската граница со Јужна Кореја кај островот Јеонпјеонг, соопшти јужнокорејската војска, пренесува Би-би-си. Јужна Кореја им нареди на цивилите да побараат засолниште на островот, а официјален Сеул го осуди потегот, нарекувајќи го „провокативен чин“. Во 2010 година, севернокорејската војска направи сличен инцидент на островот Јеонпјеонг, при што загинаа четири лица. Артилериските гранати...

САД: Русија ја нападна Украина со севернокорејски балистички ракети

Русија почна да користи балистички ракети обезбедени од Северна Кореја за да ја нападне Украина, соопшти Белата куќа. Вашингтон, исто така, тврди оти Русија преговара со Иран за купување балистички ракети со краток дострел, јавува Гардијан. Проценката на американските разузнавачки служби е дека иранските ракети сè уште не пристигнале во Русија, но оти ќе биде постигнат договор. Портпаролот на Советот за...

Руското снабдување со севернокорејско оружје е под остри критики

Јужна Кореја, Јапонија и САД го критикуваат снабдувањето со оружје и воена опрема од Северна Кореја до Русија, велејќи дека се потврдени неколку испораки, соопштува Гардијан. Новинската агенција Ројтерс во Сеул известува дека Русија и Северна Кореја негирале трансфер на оружје за употреба во руската војна против Украина, а постојат извештаи за кои Вашингтон и истражувачите велат дека покажуваат движење...

Ракетни напади врз цивилни цели низ Украина, Лавров во посета на Северна Кореја

Украинските одбранбени сили остануваат во дефанзива на истокот и југот на Украина, додека офанзивни дејствија се преземаат во насока на Мелитопол, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили, a пренесува Укринформ. Руските трупи вчера извеле ракетни напади врз цивилни локации во Харкив, Запорижја, Павлорад и Обухивци во областите Днипропетровск и Миколаев. Во насоките Сивершчина и Слобожаншчина, Русија го задржува военото присуство...

Северна Кореја повикува да се спречи испуштањето нуклеарна вода од Фукушима

Северна Кореја ја повика меѓународната заедница да ја спречи Јапонија да испушта прочистена отпадна вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, известува Си-Ен-Ен. „Праведната меѓународна заедница не смее да седи и да ја гледа злобната, антихуманитарната и воинствената акција на корумпираната сила, која се обидува да го наруши домот на човештвото на сината планета. Мора да се обедини за темелно...

Покрај од Иран, Русија се снабдува со оружје и од Северна Кореја за да ја напаѓа Украина

САД соопштија дека Северна Кореја ја завршила почетната испорака на оружје за руската приватна војска „Вагнер“, со која врши помош во зајакнувањето на руските сили во Украина. Според Белата куќа, севернокорејските власти за „Вагнер“ испорачале пешадиски ракети и проектили, иако сопственикот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, го негира тврдењето како „озборувања и шпекулации“, пренесува Гардијан. И јапонскиот весник Токио Шимбун објави...

САД тврди дека Северна Кореја тајно испраќа артилериско оружје во Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја обвини Северна Кореја дека тајно ја снабдува Русија со гранати за агресијата врз Украина, пренесе „Блумберг“. Според портпаролот на Советот за национална безбедност на САД, Џон Кирби, Северна Кореја оружјето го испраќа најпрвин на Блискиот Исток или во Северна Африка, во обид да се сокрие точната дестинација на испратените гранати. Претходно во септември, САД...

Северна Кореја нема да му испрати на Путин 100 илјади „доброволци“ за борба против Украина

Руски „Регнум“ успеа да ги протне наводните „дипломатски канали” како извор на дезинформацијата дека 100 илјади војници од Северна Кореја ќе се приклучат на руска страна во воената инвазија во Украина, а на тоа експресно се надоврзаа политичари од Русија, да ја поддржат непостоечката иницијатива и да ја оквалификуваат како историски момент. Дезинформацијата не ја заобиколи ниту руската државна...

„Русија се обидува да направи Северна и Јужна Кореја во Украина“

Русија сака да ја подели Украина на два дела, како што се случи со Северна и Јужна Кореја, изјави во неделата шефот на военото разузнавање на Украина, ветувајќи „тотална“ герилска војна за да се спречи распарчување на земјата, пренесе Ројтерс. Претседателот Володимир Зеленски го повика Западот да ѝ даде на Украина тенкови, авиони и проектили за да помогне во одбраната...

Јужна Кореја: Ким Џонг Ун е жив

Јужна Кореја објави вчеравечер дека лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун е „жив и здрав“, во време кога многу медиуми шпекулираа дека тој е починат или е во критична состојба. Во отсуство на какви било информации од Северна Кореја, каде сите медиуми се под строга конрола на државата, Мун Чунг Ин, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на...

Медиумите пишуваат за критична состојба на Ким Џонг Ун, Сеул вели дека нема сигнали за такво нешто

Додека вчера и утрово голем број медиуми во светот пишуваа дека 36-годишниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун е со критична состојба по операција на срцето, официјален Сеул, престолнината на Јужна Кореја, порача оти не се забележани сериозни сигнали дека е навистина така, пишува Би-би-си. Ова не е првпат во светот да се пишува за здравствени проблеми на севернокорејскиот лидер, кој...

Ким Џонг Ун се извини што им го пореметувал мирот на Јужнокорејците

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на денешната средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе Ин се извини поради тоа што им го пореметувал сонот на Јужнокорејците со нуклеарните тестови минатата година. - Повеќе нема да ви го пореметуваме сонот во раните утрински часови - рече изјави Ким, мислејќи на ветувањето кое го даде дека ќе прекине со...

Трамп ја прифати поканата да се сретне со Ким Јонг-ун

Севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун и американскиот претседател, Доналд Трамп ќе се сретнат лично во мај откако Трамп ја прифати поканата за средба но напомена дека санкциите за Северна Кореја ќе останат. Чунг Еуи-Јонг, специјалниот советник за национална безбедност на претседателот на Јужна Кореја, кој пред неколку дена имаше средба со Ким во Пјонгјанг, на Белата куќа ѝ ја пренесол пораката...

Северна Кореја побрза да одржи воена парада пред Олимписките игри

Северна Кореја ненајавено денеска, пред самиот почеток на Олимписките игри во Јужна Кореја, ја одржала својата воена парада што вообичаено ја одржува во април. На севернокорејската телевизија била емитувана дури отпосле. Официјален Пјонгјанг вообичаено многу се фали со своите воени паради и ги најавува, но за најновата се дозна откако се одржала, јавија јужнокорејски медиуми. Во Јужна Кореја овој потег...

Северна Кореја ќе испрати 22 спортисти на ЗОИ во Јужна Кореја

Меѓународниот олимписки комитет соопшти дека спортистите од Јужна и од Северна Кореја заедно ќе маршираат на свечената церемонија на отворањето на претстојната Зимска Олимпијада во Пјонгјанг. ИОК, по денешниот состанок во Лозана со олимпските и државните претставници од двете земји, наведе и дека Северна Кореја на Зимските олимписки игри во соседната Јужна Кореја ќе ја претставуваат 22 натпреварувачи во 5...

Северна и Јужна Кореја постигнаа напредок во преговорите

Северна и Јужна Кореја постигнаа договор во преговорите чија цел е смирување на тензиите, соопштија двете страни после првата средба на официјални лица по две години. Двете земји се сложиле да ги стивнат сегашните воени тензии и да одржат воени преговори. После состанокот соопштија дека спортисти и севернокорејски официјални лица ќе отпатуваат на Зимските олимписки игри кои ќе се одржат...

Северна Кореја сепак ќе учествува на Зимските олимписки игри

Северна Кореја ќе испрати свои спортисти на претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгjанг, соопштија јужнокорејски функционери. Покрај натпреварувачите, на Игрите ќе присуствуваат и навивачи, беше соопштено по првата средба на високо ниво по повеќе од две години. Средбата се одржа во Панмунџон во демилитаризираната зона. Со цел да се овозможи настапот на Северна Кореја на Олимпијадата, Јужна Кореја ќе ја разгледа...

Ниту едно од поглавјата за преговорите со ЕУ не е отворено

Во својата програма за парламентарните избори во 2020 година, СДСМ вети дека 80 отсто, односно 25 од 33 поглавја за влез во ЕУ, ќе бидат отворени до крајот на нивниот...