fbpx
Таг: серија

таг: серија

Почина актерот Метју Пери, ѕвездата од серијата „Пријатели“

Американскиот актер Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер Бинг во телевизискиот ситком од 90-тите години - „Friends“ (Пријатели), почина на 54-годишна возраст. Актерот бил пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес. Тамошната полиција ја истражува смртта, јави Си-ен-ен. Во моментов нема сомнежи дека станува збор за кривично дело, но инцидентот е под истрага на Одделот за грабежи и убиства...

Ќе се снима серија базирана на книгата Неуромансер од Вилијам Гибсон

Неуромансер насловна на книгата превземена од Википедија
Компанијата „Епл“ во рамки на својот огранок Apple TV+ ќе снима серија базирана на книгата Неуромансер од Вилијам Гибсон. Гибсон буквално го измисли сајберпанк жанрот во литературата и неговата реактуелизација денес несомнено ќе наиде на добра рецепција кај публиката ширум целиот свет.  Неуромансер е приказна за хакер во мрачна иднина каде постојат повеќе типови на ликови. На пример, има улични...

Шега од филм на Дизни погрешно контекстуализирана како љубов кон сатаната

Во филмот на Дизни, делот каде е прикажана секвенцата со натписот „Те сакаме сатано“ (We love you Satan) е дел од шега. Како што може да се види од  извадокот за оваа епизодата,  Дедо Мраз ги поправа елфовите, по што тие правилно се распоредуваат во редот и натписот гласи „Те сакаме Дедо Мраз“ (We love you Santa). Во постот што...

Нетфликс ќе снима реално „Squid Game“ шоу со награда од 4,56 милиони долари

Нетфликс објави повик за учесници за реално ТВ шоу инспирирано од неговата најпопуларна серија на сите времиња – „Squid Game”, пренесува Би-би-си. Во реалните игри, сепак, нема да станува збор за прашање на живот или смрт, како што е прикажано во познатата јужнокорејска дистописка драма. Наместо тоа, 456 регрути од целиот свет ќе играат игри инспирирани од оние во серијата,...

Во април премиера на „The Offer“ – серијата која го претставува снимањето на „The Godfather“

Во продукција на Paramount, режија на Декстер Флетчер и сценарио на Мајкл Толкин,  документарната мини-драма за случувањата зад сцената на снимањето на култниот крими филм „The Godfather“ премиерно пристигнува во април. „The Offer“ е приказ на замислата и процесот на снимање од режисерското око на Францис Форд Копола во улога на Ден Фоглер, аголот на продукција од Алберт Руди кој...

Јужнокорејската „Squid Game“ може да стане најгледана серија на Нетфликс досега

Јужнокорејската хорор-трилер серија „Squid Game“ на Нетфликс има „многу добри“ шанси да стане најпопуларната програма досега на оваа платформа, изјави Тед Сарандос, заменик- извршен директор на Нетфликс, а пренесе „Си-нет“. Популарноста на своите серии Нетфликс најчесто ги рангира според бројот на луѓе кои ги гледале насловите најмалку две минути во првите 28 дена од нивното објавување. Најпопуларна серија на Нетфликс...

Агенција за филм: Вратени 300.000 евра од „Јадран филм“ за неснимената „Македонија“

Со правосилно извршно решение, Агенцијата за филм успеала да врати 300.000 евра државни пари од хрватската продукција „Јадран филм“, како последица на неисполнувањето на договорот за производство на играната серија „Македонија“. Како што извести директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, сумата од 19 милиони денари, односно околу 300.000 евра, не е целосната сума што државата му ја исплатила на хрватскиот...

„Твин Пикс“ по 25 години се враќа на телевизија

Култната телевизиска серија од 90-тите години на минатиот век, „Твин Пикс“, по 25 години од прикажувањето на последната епизода, повторно се враќа на ТВ-екраните. Премиерата е најавена за 2016 година, а режисерот Дeјвид Линч и екипата се во полн ек на снимање. Серијата престана да се емитува во 1991 година, иако заврши со навестување за продолжение, моментот кога духот на...

Софија Вергара во „Симпсонови“

Глумицата Софија Вергара ќе го позајми својот глас во серијата „Симпсонови“. Американско-колумбиската ѕвезда ќе ја игра професорката Барера во една епизода од 27. сезона на хит-серијата. Во Барера ќе биде заљубен Барт Симпсон и неговиот учител Скинер. Вергара е ѕвезда во серијата „Модерна фамилија“ и е најплатена ТВ-актерка во САД. Серијата „Симпсонови“ се прикажува од 1989 година.

Ќе се снима детска авантура во дивина „Потрага по загубеното богатство“

„Потрага по загубеното богатство“ е темата на филмската авантура што летово ќе се снима во рамки на филмскот детски камп во периодот од 26 јуни до 1 јули, а во организација на КЦ „Тинтири минтири“ и „Аурипигмент продукција“ од Скопје. Група деца секојдневно ќе работат на снимање филм на тема „Потрага по загубеното богатство“, каде децата вистински ќе бараат богатство...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...