Во „Седмица“ имало салмонела, вели Државниот санитарен и здравствен инспекторат


Скопје, 23 август, 2017 - 16:29 (META) 

Државниот санитарен и здравствен инспекторат соопшти дека шест лица во сендвичарата „Седмица“ добиле труење со храна и дека тоа било предизвикано од бактеријата салмонела.

„Врз основа на должината на инкубацискиот период, клиничката слика на затруените лица, епидемиолошката анкета, епидемиолошката поврзаност на затруените лица, докажување на бактеријата Salmonella enteritidis кај 6 (шест) затруени лица можеме да констатираме дека се работи за труење со храна предизвикано од Salmonella enteritidis“, информираат од ДСЗИ.

Од Државениот санитарен и здравствен инспекторат соопштуваат дека и натаму ќе ја следат состојбата и дека ќе извршат контролен надзор во објектот на сендвичарата и дека ќе преземе соодветни правни мерки.