fbpx
Таг: семејнонасилство

таг: семејнонасилство

Кривична за стружанец затоа што ја тепал свршеницата

Струшката полиција поднела кривична пријава против Г.А. (42), осомничен дека на почетокот на овој месец, во алкохолизирана состојба, ја нападнал својата свршеница, информираат од полицијата. Според пријавата, стружанецот се товари за телесна повреда при вршење семејно насилство. Како што информираат од полицијата, осомничениот на 7 март во алкохолизирана состојба првин почнал вербална расправија, а потоа и физички ја нападнал својата свршеничка....

Битолчанец со секира ѝ се заканувал на сопругата

Педесет и деветгодишен битолчанец вчера, со секира ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие во нивниот дом во градот, информира полицијата. Инцидентот се случил околу 10.40 часот. По пријава на случајот, интервенирала полициска екипа која ја одзела секирата и го привела Р.Т. (59), против кого е поднесена пријава.

Уште еден охриѓанец под посебни мерки поради семејно насилство

На 34-годишен охриѓанец деновиве му биле изречени мерки забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство, забрана за малтретирање и за вознемирување на неговата сопруга, задолжително лекување од алкохолизам и задолжително лекување од психичко заболување, откако минатиот месец под дејство на алкохол ја тепал сопругата. Како што информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, по прифатениот предлог на полицијата и...

Охриѓанец ја претепал ќерка си со дрвена ногалка

Педесет и едногодишен охриѓанец е осомничен дека пред два дена со дрвена ногалка ја претепал својата ќерка, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. Како што информираат од полицијата, во неделата И.Ш. (51) почнал расправија со својата ќерка, во нивниот дом во градот, а потоа ја нападнал удирајќи ја со дрвена ногалка. По инцидентот, таа била згрижена во болницата „Св. Еразмо“, каде...

Жител на Охридско под заштитни мерки поради семејно насилство

Охридската полиција до Основниот суд во Охрид поднел предлог на А.М. (51) од охридското село Лескоец да му се изречат заштитните мерки отстранување од домот без оглед на сопственоста, забрана за заканување дека ќе стори семејно насилство и задолжително лекување од алкохолизам. Како што информираат од полицијата, предлогот бил поднесен откако А.М., на средината од минатиот месец, во алкохолизирана состојба, ги навредувал...

Пијан штипјанец ја нападнал сопругата

Штипјанка утрово, во локалната полициска станица, пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг, информираат од МВР. Таа пријавила дека ноќеска, триесетина минути по полноќ, нејзиниот сопруг С.П. (31), без повод и причина, почнал да ја удира по телото и по главата. Жената исплашена побегнала од својот дом, а по пријавата на случајот, била прегледана од лекар кој констатирал телесни...

Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Четириесет и едногодишна жена вчера е донесена во Клиничката болница во Битола со повреди во пределот на телото, градниот кош и на главата. Случајот е пријавен во полиција, по што полициски службеник извршил разговор со повредената. Жената на полицијата ѝ соопштила дека сопругот, во период од 14 до 16 часот, физички ја малтретирал, ја удирал со тупаници и со клоци...

Скопјанец со стап ѝ ја скршил ногата на сопругата

Четириесет и осумгодишен скопјанец е осомничен за кривично дело при семејно насилство, откако со стап ја нападнал својата сопруга и ѝ ја скршил ногата, информираат од полицијата. Против осомничениот А.Г. е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда при семејно насилство, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од осум дена. Според информациите на скопската полиција, осомничениот на 11 ноември,...

Животот стана најевтина стока: Десет убиства за седум месеци

Последните случаи на убиства, вчерашното во Злетово и тоа пред неколку недели во Кавадраци, по својата зачестеност и по бројот на жртви, алармираат и укажуваат на сериозни аномалии во општеството. Убиства и самоубиства во идентични околности имаше и во мај, и во јули, во Скопје. Пет убиства за седум месеци, од кои две трикратни и едно двократно. Сите тие по многу...

За 25 отсто зголемен бројот на кривични дела при семејно насилство

Во првите девет месеци од оваа година, бројот на кривични дела сторени при семејно насилство е зголемен за 25 отсто во однос на регистрираните случаи во истиот период минатата година, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод промоцијата на националната кампања, која е во рамки на глобалните 16 дена активизам, насловен „Orange your neighbourhood“,...

СДСМ: Заштитата од семејно насилство не функционира

Опозициската партија СДСМ денеска обвини дека заштитата од семејно насилство лошо се применува на терен, а показател за тоа, според партијата, е последниот случај на тројното убиство во Кавадарци. Мила Царовска од СДСМ посочи дека згрижувачките центрите не работат, полициските станици наплаќаат за посета на семејства каде има пријава за семејно насилство, здравствените институции сметаат дека пријавувањето жртви на семејно насилство...

Кривични пријави за двајца полициски инспектори поради пиштолот на осомничениот за трикратното убиство

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на МВР, по извршени проверки, утврдила низа пропусти кај двајца инспектори од кавадаречката полиција, кои постапувале по пријавите за семејно насилство од жртвите на тројното убиство што се случи во неделата. Како што информираат оттаму, полициските инспектори Д.Т. и Д.К. не постапувале професионално и против нив секторот за внатрешна контрола ќе поднесе кривични...

Семејното насилство се храни од бавноста и нереагирањето на институциите

Четири убиства, од кои едно двократно и едно трикратно, на кои им претходело семејно насилство, се случиле од мај до ноември годинава, што е алармантната бројка која укажува на нефункционалноста на системот за заштита, реагираат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство и Невладината организација „Хера“. Карактеристично за сите овие случаи е што убиствата се извршени од...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...