fbpx
Таг: село

таг: село

Иновативна еко-мисија за борба против загадувањето: „Креативноста е наше најмоќно оружје против отпадот“

И покрај тоа што има повеќе иницијативи кои ја поттикнуваат граѓанската свест за рециклирање на отпад, сепак, поразителен е фактот дека најголем дел од македонските граѓани сè уште недоволно го селектираат отпадот што секојдневно го исфрлаат од своите домови, па така селектираната пластика изнесува само 1,8 отсто а останатиот дел често завршува во реките и планините. За среќа постојат...

Хвар гледа спас во лекарка од Македонија со плата од 6.740 евра!

Жителите на општината Суќурај, во источниот дел на хрватскиот остров Хвар долго време се без лекар, а решение за нивниот проблем изгледа ќе стане лекарка од Македонија, извести хрватскиот јавен радиодифузен сервис ХТВ. И половина година откако е распишан огласот за нов лекар во амбулантата во Суќурај, од Хрватска не се јавил никој, а единствена заинтересирана била лекарка од Македонија....

Царовска: Заедно со жителите одлучивме дека во Тимјаник ќе има мал групен дом

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вчера повторно ги посети Неготино и Тимјаник и заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков се сретнала со локалните жители, при што е постигната согласност да се надминат недоразбирањата и жителите на селото повеќе не се спротивставуваат на отворање мал групен дом  за деца со попреченост. - Никогаш не се сомневав...

Оштетени надгробни плочи во Драчево

Надгробни плочи на три гроба на гробиштата во селото Драчево биле оштетени во периодот од јули годинава до вчера. Како што извести МВР, случајот вчера го пријавиле три лица, откако првпат по повеќе од три месеци ги посетиле оштетените гробишта. Полициска екипа извршила увид и се работи на утврдување на причинителите.

Ќе се евакуираат 400 луѓе од село во Словенија зашто соселанец донел авионска бомба дома

Евакуирани ќе бидат сите, речиси 400 жители на селото Вурберк во североисточниот дел на Словенија, откако нивни сосед нашол неексплодирана авионска бомба и со камион ја донел дома. Селаните ќе бидат евакуирани утре, а ќе им биде дозволено да се вратат во своите домови откако деминерите ќе ја онеспособат бомбата. Селанецот ја нашол бомбата играјќи „Потрага по богатство“ во близина на...

Поплава разори село во Велика Британија

Голема поплава вчера го опустоши Корнвол во Велика Британија. Уништени се куќи во селото Коврак, каде со хеликоптери се спасувало загрозеното население. Локалните жители велат дека крајбрежното подрачје во попладневните часови било зафатено од силни дождови и од град. Невремето траело околу два часа, а нивото на водата во некои места достигнало и до метар и пол. Брзаците ги поплавиле куќите...

Сиромаштијата во руралните подрачја е сериозен проблем за државата, покажуваат истражувањата

Околу 87 проценти од територијата на Македонија e рурално подрачје, а во него живее 45 отсто од вкупното население. Сиромаштија во руралните подрачја е сериозен проблем за државата. Ова го покажува извештајот „Повеќедимензионална анализа за сиромаштија во РМ“, изработен од Федерацијата на фармерите на Македонија во партнерство со Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ во Скопје и во консултација со Македонската...

Мечка рика по мечето низ Шар Планина, цело Беловиште во страв

Со денови кружи околу селото и рика, веројатно си го бара мечето. Најмногу кога ќе почне да се стемнува. Страшно е и да се слуша, а камоли да помислиш што би било кога така гневна би пресретнала човек. А можеби се и повеќе мечки, сепак сме на Шар Планина, објаснува жител на тетовското село Беловиште, кое неколку дена живее...

Жители на Волковија протестираа поради загадувањето на селските извори

Со мирен протест, жителите од тетовското село Волковија го искажаа своето незадоволство поради, како што рекоа, загадувањето на селските извори од кои се снабдуваат со вода за пиење. Тие посочијa дека изворите се загадуваат поради градежни работи кои ги врши приватна фирма, ангажирана за изградба на воспитно-поправен дом, кој се гради во близина на изворите и во атарот на нивното...

На патот кон гостиварско Куново има половина метар снег, селото е отсечено

Гостиварско Куново е отсечено од градот бидејќи на патот кој води до нивното село има 50 сантиметри снег. Жителите велат дека се обратиле до сите институции надлежни за расчистување на патиштата, но не добиле позитивен одговор. - Дваесетина жители во ова село се целосно отсечени од Гостивар, патот е прооден само за движење пеш или со теренски возила и со синџири...

Љубчо Георгиевски предлага секое село да стане општина

Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, предлага секое село да стане општина и со тоа да добие политички и економски влог. Тој на денешната прес-конференција рече дека ако има избори, оваа идеја ќе биде дел од партиската програма. - Секој ден ги слушам ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ како се натпреваруваат со решенија за микропроблеми. Ние сакаме да пласираме системско политичко решение кое ќе...

Нова фабрика за вода во Гари

Во близина на дебарското село Гари, денеска беше отворена фабриката за вода „Маја“. Почетната инвестиција на хрватскиот инвеститор, компанијата „Мали Лошињ“, изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони евра инвестиција, достигнаа 14 милиони евра за овие три и пол години, колку што траеше процесот на реализација. Моменталниот број на вработени е 25, а според најавите на инвеститорот, тој наскоро ќе се зголеми. Дневното...

Повратник од затвор пукал во братот

Синоќа во штипската болница со прострелна рана е донесен Ќ.М. (31), жител на јуручкото село Ебиплија. Во него со пушка пукал родениот брат Ш.М.(35), кој во март 2000 година, ладнокравно, без причина, уби тројца жители на карбинското село Црвулево, а рани двајца. Еден од ранетите тогаш беше неговиот брат, истиот од синоќешниот инцидент. Првпат беше ранет во ногата, а синоќа...

Реакција на Општина Велес: Вложуваме напори да ги исполниме барањата на жителите

Агенцијата „Мета“ објави видеосторија со наслов „Велес: Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот“ за проблемите и за тешките услови за живеење на жителите од околните села поради лошата патна инфраструктура. Во сторијата прашавме каде се трошат парите на жителите и зошто локалната власт секоја година ги ветува, но не ги гради патиштата до нивните села. Во времето на подготовката...

Велес: Десет села отсечени од цивилизацијата и од буџетот

Илјада жители од десетина велешки села и во 21 век живеат отсечени од цивилизацијата. Со години бараат да им се асфалтираат полските патишта што се планираат во буџетите на Општината. Тие беа планирани и во годинешниот буџет. Наместо 16.800.000 денари за изградба и за реконструкција на локални патишта и на улици, локалните власти, за деветте месеци од годинава, за тоа потрошиле само...

Гостиварско Пожаране, втор македонски Ерусалим

Жителите на шарпланинското село Пожаране со возобновување на православните светилишта, сакаат на селото да му го вратат епитетот „македонски Ерусалим“. Во минатото, во Пожаране имало десетина цркви. Денес ги има храмовите посветени на свети Никола и на свети Илија. Наскоро селото ќе добие трето светилиште. Неодамна почна обновата на црквата „Свети Климент“, која датира од 8 век, но била урната до темели. - На...

Го викнале во полиција затоа што барал вода за нивите

Марјан Атанасовски, земјоделец од селото Кравари, член на управниот одбор на новото здужение на земјоделци „Спас“, денеска бил повикан на распит во СВР Битола бидејќи, наводно, му се заканувал на директорот на ЈП „Стрежево“, Марјан Ѓероски, за проблемите со наводнувањето од хидросистемот „Стрежево“. Ова за „Мета“ го тврди Атанасовски, напоменувајќи дека притисоците од власта го достигнале дното. Земјоделецот вчера добил покана да...

Хуманитарна трка за децата од СОС Детско село

Втората хуманитарна велосипедска тура за деца згрижени во Детското село, ќе почне денеска во СОС Детско село. Љупчо и неговиот другар Даниел од Бугарија ќе поминат 2.200 километри низ седум балкански земји и ќе возат сè до Австрија. Целта им е да ги привлечат вниманието и поддршката на јавноста за работата на СОС детските села, организација под чија закрила обајцата израснаа. Нивната...

Биди креативен и помогни на СОС Детско село

„Биди креативен и помогни“ е пораката со која се повикуваат сите граѓани да го дадат својот придонес во мисијата за испраќање на децата од СОС Детско село на летен одмор во рамки на донаторска кампања „Од срце за срце“. Кампањата која почнува денеска е во организација на СОС Детско село, Шпаркасе банка и Медиа-принт Македонија.. Во јуни 100 креативни дела ќе...

Тодоров посети пункт за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници

Министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со директорката на ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“, Валентина Варадинова-Везенкова, денеска го посети пунктот за рурален доктор во село Таринци, општина Карбиници. Станува збор за еден од седумте пунктови од проектот „Рурален доктор“ во штипско-карбинскиот регион. Тодоров истакна дека проектот „Рурален доктор“ дава позитивни резултати, бидејќи, како што рече, само на пунктот во Таринци...

Испробајте го демото на Assassin’s Creed Mirage на Epic Games до 30 април

Промоцијата на Epic Games за демото, односно trial (пробната), верзија на Mirage, најновиот наслов во Assassin’s Creed (AC) серијалот, може да се испроба до 30ти април бесплатно. Дејството на...