fbpx
Таг: секретар

таг: секретар

Арсовска го разреши Зоран Глигоров, ја назначи Наталија Митовска за нов секретар

Преку соопштение Град Скопје денеска информираше дека е разрешен секретарот на град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше во фокусот на интересот на јавноста поради наводни пријави за семејно насилство. На негово место ќе биде назначена Наталија Митовска, за која во соопштението се вели дека била на високи раководни функции во Владата. Инаку, Митовска е сопруга на Александар Митовски, сопственик на порталот...

Три лица го претепале секретарот на Бугарскиот клуб во Охрид

Дваесет и едногодишниот Бугарин од Охрид, Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, синоќа бил претепан од три лица пред угостителски објект во центарот на градот. Информацијата на Фејсбук ја објави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој извести и дека Пендиков е примен в болница. „Насилството, омразата и дискриминацијата треба да сопрат! Очекувам моментална реакција од властите...

Разрешување и суспензија за секретарот на охридската болница

Директорот на Општата болница Охрид, денеска ќе го разреши и суспендира секретарот на болницата, кој спротивно на Националниот план за ковид имунизација се вакцинирал спротивно од предвидениот план за вакцинација против ковид-19, во модуларната болница на КИБФС во Скопје, информира Министерството за здравство. „Министерството за здравство ја осудува секоја злоупотреба и прекршување на приоритетните групи опфатени во трите фази на...

Американскиот секретар за здравство, љубител на луксузни авиони, поднесе оставка

Секретарот за здравство и социјална заштита на САД, Том Прајс поднесе оставка откако беше покрената истрага за неговите патувања со скапи чартер летови, кои го налутија претседателот Доналд Трамп. „Секретарот за здравство и социјална заштита Том Прајс ја понуди оставката и претседателот ја прифати“, се наведува во соопштението на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс. Изјавата ја дадоа помалку од...

Керим меѓу првите четворица по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Кандидатот на Македонија за генерален секретар на Обединетите нации (ОН), Срѓан Керим, е меѓу првите четворица по завршениот четврти круг на гласање, соопштија од неговиот кабинет. По денешниот неформален круг на гласање, на прво место и понатаму е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор е кандидатот од Словачка, Мирослав Лајчек, а на трето место е кандидатот од Србија, Вук Јеремиќ. Следното...

Рокот за за донации за поплавените Црвен крст ќе го продолжи до петок

Црвен крст ќе го продолжи периодот за донации за граѓаните од поплавените подрачја до петок, изјавија од Црвен крст за „Мета“. Тоа значи дека со продолжување на акцијата, граѓаните сè уште ќе можат да донираат по 100 денари на телефонските броеви 075/070/077 143 400. - Има интерес од граѓаните за донирање и не е фер да ги прекинеме линиите – изјави за...

Хојт Ји в четврток во посета на Македонија

Заменикот помошник на државниот секретар за Европа и за Азија на САД, Хојт Ји, в четврток ќе допатува во посета на Скопје. Тој се смета за човек од американската администрација кој сериозно ги придвижува работите на теренот. Неофицијално се дознава дека главни теми на разговорите на Хојт Ји со домаќините во Скопје ќе биде функционирањето на Специјалното јавно обвинителство и...

Хазби Лика поднесе оставка од функцијата организациски секретар во ДУИ

Oставка од функцијата организациски секретар во ДУИ си поднесе Хазби Лика. Тоа го направи и заменик-министерот за одбрана Лабеништа од сите функции во ДУИ. „Освен чин на оставка од партиската функција, ова е и мој чин на протест против одредено однесување на партијата и солидарност со членовите на ДУИ“, пишува Лика во писмото до јавноста.

Општинскиот секретар Спасески бара 5.000 евра од советникот Блажески

Секретарот на Општина Охрид, Димитар Спасески, со тужба за навреда и за клевета, бара 5.000 евра од членот на Градскиот совет, Дејан Блажески, кој е и претседател на општинската организација на ЛДП, но и член на највисокото партиско раководство во Скопје. Советникот Блажески, преку советничко прашање на седница на Советот на Општината, но и со соопштение од прес-конференција, наведе Спасески, го...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...