fbpx
Таг: сеф

таг: сеф

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник, осомничен за кражба на сеф во Црниче. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, дневен промет во износ од 228.000 денари и цигари вредни 45.000 денари, или се во...

Не е точно дека СЕФ поттикнува иницијатива за евтаназија на домашни миленици

Сторијата на Си-Ен-Ен која се споделува во текстот од објавата не споменува никакво убивање, односно евтаназија на домашни миленици. Тој текст само се занимава со прашањето дека сопствениците би можеле на милениците да внимаваат каква храна им купуваат, бидејќи нивната исхрана богата со месо придонесува да се користи многу енергија и вода за производство. Во текстот се препорачува да...

Им ги испразниле сефовите на пет граѓани во „Шпаркасе банка“

Пет граѓани пријавиле во СВР Скопје дека од сефови што ги изнајмиле во „Шпаркасе банка“ им биле одземени пари и предмети. Како што извести полицијата, за настанот бил известен и јавен обвинител и се спроведува истрага.

Грабеж во Сарај – од сеф украдени 5.000 евра

Ноќеска во околу 1.30 по полноќ, на улица Борис Сарафов во Скопје, непознат сторител извршил кражба во фирма сопственост на Џ.М. од село Сарај. Крадецот ја скршил влезната врата и од метален сеф одзел околу 5.000 евра. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето и за расчистување на случајот.

Нова кривична пријава за ексдиректорот на Неврохирургија

СВР Скопје соопшти дека до Основното јавно обвинителство-Скопје поднел кривична пријава против А.Ч. (57), поранешен директор на Клиниката за неврохирургија во Kлиничкиoт центар „Мајка Тереза“. Го товари за противправно стекнување и прикривање имот. Според новата пријава, Александар Чапаровски, кој претходно во мај доби кривична пријава за примање поткуп, од 2007 до 2017 година, спротивно на обврската, не ја пријавил својата...

Го украле сефот од поштата во Вевчани и го оставиле на улица

Ноќта помеѓу 5 и 6 јануари се случил обид за кражба во локалната пошта во Вевчани. Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој, неофицијално, имало околу 70.000 денари. Инцидентот се случил околу 2 часот по полноќ, но, за среќа, крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во...

Јанева: Прислушуваните разговори се чуваат во сефови отпорни на лава

Прислушуваните материјали се чуваат во два сефа кои можат да издржат цел час вриење во лава, рече специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во Советот на јавни обвинители. Јавниот обвинител Сашо Василевски ја праша Јанева за техничкиот дел од постапката на преслушување на прислушуваните материјали, за тоа како се чуваат и како јавните обвинители ги преслушуваат. - Разговорите се сместени во два сефа...

Ограбен сефот на битолски „Водовод“

Крадци го испразниле сефот на Јавното претпријатие „Водовод“ во Битола, кое се наоѓа во центарот на градот, во близина на Широк сокак. Според неофицијални информации, од сефот биле украдени околу 1.000 евра. Глетката што утрово ја затекнале дел од вработените била вознемирувачка. Крадците успеале да го извадат сефот, тежок неколку стотици килограми, од благајната на вториот кат, во ходникот и таму...

Од поштата во Миладиновци украден сеф со пари и со документи

Ноќта меѓу вторникот и средата неделава, непознат сторител провалил во поштата во скопското село Миладиновци и украл сеф, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, крадецот насилно ја отворил влезната врата, влегол внатре и одзел сеф во кој имало пари и документи. Извршен е увид на местото и полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

Украден сеф од благајната на Клиниката за инфективни болести

Вчера попладне, во периодот меѓу 15 и 19.30 часот, непознат сторител провалил во благајната на Клиниката за инфективни болести во Скопје и украл сеф во кој имало пари, картички за точење гориво и други предмети, информира полицијата. Според полицијата, крадецот, најверојатно, со автомобил влегол во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со...

Украле метален сеф од туристичка агенција

СВР Штип по преземени мерки и дејства откри и приведе четири лица: М.К.(23), Љ.Љ. (21), А.И. (22) и К.А. (24), сите од Скопје, кои на 16 септември годинава извршиле тешка кражба во туристичката агенција „Авто атом“ Кочани, од каде одзеле метален сеф. По брзата интерванција на полицијата, на улицата Димитар Влахов во Кочани извршен е преглед на автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, при...

Кражба во Скопје – украден сеф и пиштол

Непознато лице ограбило куќа во скопската улица Локов, во сопственост на Т.А. (1968). Крадецот од домот го одзел сефот во кој имало пиштол „ЗИК“, со калибар 9 милиметри. Во сефот Т.И. имал дозвола за пиштолот и разни документи. Полицијата сè уште трага по крадецот.

Украден сеф од менувачница на улица Македонија

Вчеравечер, околу 22 часот, непознат сторител провалил во менувачница на улица Македонија во Скопје и украл сеф во кој, според пријавата, имало 12.000 евра, информираат од полицијата. Како што информираат оттаму, станува збор за менувачницата „НН“, сопственост на скопјанецот Д.Н. (43). Полицијата нема осомничено лице за тешката кражба. Полицијата презема мерки и за откривање на сторителот на кражба во магацин на фирмата „АТА...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...