fbpx
Таг: седници

таг: седници

ВМРО-ДПМНЕ сака да им ги одземе мандатите на советниците во Карпош кои не се појавиле три седници едноподруго

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Карпош денеска поднесе барање до претседателот на Советот на Општина Карпош, Бранко Ристов за отпочнување процедура за одземање на мандатите на советниците кои што три пати последователно не дошле на седница на Советот. Од партијата сметаат дека не смее повеќе да се толерира и плаќа неработењето. „Треба да се знае дека во Карпош...

ЦГК: Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно

Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1.319-те општински советници и претседатели на совети на општините изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра, покажува анализата на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат...

Одложени двете собраниски седници

Од Собранието на Македонија информираат дека се одложуваат за денеска закажаните 86. и 88. седница, но не ги наведуваат причините. Неофицијално од СДСМ денеска не се појавиле на редовната координација кај претседателот на Собранието, Талат Џафери, во знак на револт оти Џафери го проби рокот и не го стави на гласање одземањето на имунитетот на пратеникот Трајко Вељановски. Пратеникот од СДСМ,...

Град Скопје ја подобрува транспарентноста, во живо ќе ги пренесува седниците од Советот

На наредната седница, која што ќе се одржи во четврток, Советот на Град Скопје ќе одлучува за набавка на техничка опрема за видео пренос на седниците на Советот на Град Скопје во живо. „Со ова ќе започне процесот на создавање услови за пренесување на седниците на Советот на Град Скопје во живо, активност која има за цел да ја зголеми...

Во Собранието денеска четири седници, на 10 април ќе се гласа за реформските закони

Во Собранието денеска се закажани четири пленарни седници за повеќе закони за кои не е потребно двотретинско мнозинство. Пратениците ќе расправаат за измените на Законот за работните односи, за Предлог законот за остварување право на пензија за работниците во рударството, за измените на Законот за јавно обвинителство и Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано...

Судскиот совет треба да одлучува по 110 барања за разрешување на судии

Судскиот совет на седници во наредниот период, од кои првата е закажана во четврток, траба да расправа за 110 барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност, односно за разрешување на судии, пренесува „Телма“. Најмногу иницијативи за разрешување на судии се поднесени од Советот за утврдување на факти и за поведување постапка за утврдување одговорност на судија, но и од...

Апелација денеска на затворени седници ќе одлучува за уште девет жалби за 27 април

Апелацискиот суд Скопјe и денеска ќе разгледува жалби за продолжувањето на притворите на осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, потврдија за „Мета“ од судот. Оттаму велат дека денешните седници ќе бидат затворени за јавноста, бидејќи никој од осомничените не побарал нивните жалби да бидат разгледани на јавна седница. Како што ни изјавија од судот, станува збор за осум или...

Набиена агенда со пленарки на првиот работен ден на Собранието по Нова година

Собранието денеска, на првиот работен ден по Новогодишните празници, според најавите, треба да ги одржи продолженијата на шест пленарни седници, на кои на дневен ред се Законот за употреба на јазиците и именувањето на Осман Кадриу и Дарко Костадиновски за судии во Уставниот суд. Првата пленарна седници, на кои на дневен ред се точките кои останаа незавршени од минатата година,...

Ратификацијата на Договорот со Бугарија и законите за ОТА на 15 јануари пред пратениците

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за 15 јануари ја закажа седницата на која пратениците ќе го разгледуваат предлог-законот за ратификација на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија кој го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август минатата година во Скопје. На истата седница, точки на дневен ред се и законот за новата Оперативно-техничка агенција...

Собранието прави „закажи – откажи“ на седниците до Нова година

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре ги презакажа четирите пленарни седници, кои требаше да се одржат денеска по годишното обраќање на претседателот на државата, Ѓорге Иванов. На дневен ред на 11. седница се измените на законот за заштита од пушењето кои предвидуваат на надворешните тераси на рестораните и на кафулињата да може да се пуши без ограничување - без...

Полна собраниска агенда: Избор на нов јавен обвинител, уставни судии, закон за јазиците

Собранието денеска на пленарна седница закажана во 11 часот треба да гласа за именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Расправата за изменувањето на новиот државен јавен обвинител заврши на 15 декември. За избор на Јовески е потребно просто мнозинство, односно 61 глас. Покрај оваа точка, на дневен ред...

Наместо за буџетот, Собранието денеска ќе гласа за нов државен јавен обвинител

Наместо за предлог-буџет за 2018 година, Собранието денеска ќе гласа за изборот на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, член на Советот на јавни обвинители. Од Собранието соопштија дека „поради неодложни активности на дел од членовите на Владата“, која попладнево ќе одржи заедничка зедница со владата на Албанија во Поградец, седницата за буџетот за...

Собранието денеска треба да го именува новиот јавен обвинител

Собранието денеска ќе ја одржи 22. седница, на која прва точка на дневен ред е именувањето на нов државен јавен обвинител, функција за која Владата го предложи Љубомир Јовески, актуелен член на Советот на јавни обвинители. На оваа седница, покрај именувањето на јавниот обвинител, на дневен ред се уште седум точки, меѓу кои се и измените на Законот за заштита...

Замениците на Џафери и интерпелациите за Николовски и за Царовска, денеска пред Собранието

Собранието денеска ќе ја продолжи работата по точките од дневниот ред на осмата, дванаесеттата и на тринаесеттата седница, кои останаа незавршени поради паузата на законодавниот дом за локалните избори. На дневен ред на осмата седница е предлогот за именување на заменици на генералниот секретар на Собранието и неколку закони предложени од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ. Предлог-одлука за утврдување на бројот на...

Законот за јазиците в понеделник се враќа пред пратениците

Продолжението на дебатата за законот за употреба на јазиците в понеделник ќе се најде на дневен ред на пленарна седнца во Собранието, информираше денеска на брифинг за новинарите претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери. Според него, дебатата за овој закон би требало да трае до крајот на следната недела, доколку во меѓувреме не стигне предлогот за новите членови на Владата,...

Собранието денеска паузира, откако вчера го разреши Зврлевски

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска ќе одмораат, откако вчера помина гласањето за разрешување на, сега веќе, поранешниот државен јавен обвинител, Марко Зврлевски. Според келендарот на интернет-страницата на Собранието, „за денеска нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“. Вчера на дневен ред беа преостанатите точки од петтата, шестата и осмата седница, но, пратениците одработија само околу половина час,...

Владата ги отвори седниците – дневниот ред и записниците достапни на интернет

Јавноста од денеска има можност да ги види дневните редови и заклучоците од сите седници на Владата на нејзината официјална интернет страница. Ваквата новина Владата ја соопшти попладнево, преку својот „твитер профил“. На интернет-страницата е додадено ново „прозорче“ - „Седници на Влада“, каде во табела се наведени датумите, дневниот ред и записниците и соопштијата од седниците со можност за преземање на...

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух. И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за разрешувањето на Зврлевски во период...

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери, надвор од Рамковниот, сака да ги води седниците на албански јазик

ВМРО-ДПМНЕ во денешното утринско соопштение повторно го обвини СДСМ дека продолжува да работи спротивно на волјата на народот, со, како што велат од партијата, обидот нелегално да се избере претседател на Собранието на Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во својот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го претвори во штаб на неговата...

Судска ферија – предметите на СЈО на стенд-бај до 3 мај

Во зовриена политичка атмосфера, која никако не губи интензитет, судиите и главните судски инстанци ги ставија на стенд-бај клучните судења и седници, а деновиве како да си дадоа ферија со спојување на велигденските празници и на Први мај. Уставниот суд за оваа недела, односно за денеска нема закажано седница, а засега нема објавено агенда ниту за седница за следната недела. Врховниот...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...