fbpx
Таг: сеад кочан

таг: сеад кочан

Кочан во прединфарктна состојба бил примен на Клиниката за кардиологија

Бизнисменот Сеад Кочан, кој два месеци беше во бегство, вчера бил примен на Клиниката за кардиологија во Скопје со влошена здравствена состојба, објавија денеска дел од медиумите. Како што пишува порталот „Призма“, повикувајќи за извори од Клиниката за кардиологија, Кочан бил примен во прединфарктна состојба и денеска му бил вграден стент. Засега нема официјална потврда на информацијата дека Кочан, кој е...

Вангеловски: СЈО не дало доказ за да му биде одреден притвор на Кочан

Ние не го укинуваме притворот на Сеад Кочан, туку ја цениме законитоста на одлуките на пониските судови, вели претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловоски, за „Дојче веле“. Ова негово објаснување доаѓа откако во петокот минатата недела, постапувајќи по барање за заштита на законитоста доставено од Јавното обвинителство, Кривичниот совет на Врховниот суд реши да ги укине одлуките на Основниот...

Притворот и потерниците за Сеад Кочан укинати

Апелацискиот суд Скопје вчера до Основен суд Скопје ја доставил одлуката на Врховен суд со која се укинува притворот за бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на фирмата „Трансмет“ и на телевизијата „Нова“, по што Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 донел одлука да ги повлече потерниците што судот ги изрече, изјави Стојанче Рибарев, в.д. претседател на Основен суд Скопје...

Судот на барање на СЈО ги замрзнал имотот и сметките на Кочан

Основен суд Скопје 1 на барање на Специјалното јавно обвинителство попладнево го замрзнал имотот на сопственикот на „Трансмет“, Сеад Кочан, јавува телевизија „Телма“. Неофицијално, решението од судот опфаќало замрзнување на целиот движен и недвижен имот, како и на сметките на компаниите каде што тој има удели, меѓу кои телевизија „Нова“, градежната компанија „Трансмет“ и други. За бизнисменот Сеад Кочан распишана е...

Вангеловски: Неделкова е изземена од предметите на СЈО бидејќи син ѝ таму е ангажиран

Врховната судијка Лидија Неделкова била изземена од одлучувањето за предметите на Специјалното јавно обвинителство поради „состојба на блискост“, односно затоа што нејзиниот син бил во некаков работен однос во СЈО, рече претседателот на Врховниот суд, Јово Вангелвоски, на денешниот бирфинг со новинарите. Станува збор за случаите за апсењето на градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, во случајот „Титаник“...

Врховниот суд ќе бара мислење од експерти дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

Врховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите. Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак,...

Врховниот суд го одби барањето на СЈО за изземање на Вангеловски

Врховниот суд на денешната општа седница го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за изземање на претседателот на судот, Јово Вангеловски, од Кривичниот совет, кој треба да одлучува за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори СЈО. Од Врховниот суд сè уште нема официјална потврда за одлуката за Вангеловски. Специјалното јавно обвинителство бараше изземање на...

Јанева го повлече барањето на Зврлевски да му се укине притворот на Кочан

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска го повлекла од Врховниот суд барањето за заштита на законитоста што во понеделникот го поднел републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Во дописот, со назнака „многу итно“, Јанева се повикува на членот 5 од Законот за Специјално јавно обвинителство, според кој СЈО е...

Зврлевски бара од Врховниот суд да му го укине притворот на Кочан

Јавното обвинителство на Република Македонија до Врховниот суд поднело барање на заштита на законитоста во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Обвинителеството на Зврлевски бара „Врховниот суд да го уважи барањето за заштита на законитоста на Јавниот обвинител на Република Македонија, да ги укине решенијата на Oсновниот суд Скопје...

Додевски: Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународните судови

Одбраната докажа дека две од вкупно три основи за притвор, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги определил незаконски, што значи две третини од решението се незаконски, изјавил адвокатот Никола Додевски за „ТВ Нова“, по одлуката на Апелацискиот суд Скопје за притворот на бизнисменот Сеад Кочан. - Подготвени сме за правна битка пред домашните и меѓународни судови да докажеме...

Апелација го потврди притворот на Кочан поради опасност од бегство

Апелацискиот суд Скопје попладнево соопшти дека решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1, со кое му беше одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“ што го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), е потврдено „по однос на околноста опасност од бегство“. Како што информираат од судот, по вчерашната јавна седница, Кривичниот совет на Апелацискиот суд...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и СДСМ прават дефокус од гневот на народот

Двете реакции на СДСМ и на СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот што стои зад нив е еден ист, се вели во контрареакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост. СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната антидржавна и антинационална политика не поминува кај народот. Сосема очекувано беше...

СЈО до ВМРО-ДПМНЕ: Не сме поврзани со СДСМ, туку сме институција за која гласавте и вие

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ги демантира наводите за негова поврзаност со СДСМ, во реакција на денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“. Од СЈО потсетуваат дека тоа е независна е професионална институција, за чие формирање во Собранието на Република Македонија гласаа 111 пратеници. - Најостро ги демантираме наводите за поврзаност на ова јавно обвинителство...

ВМРО-ДПМНЕ со закани кон СЈО и кон СДСМ за притворот за Кочан

„ВМРО-ДПМНЕ со внимание и одблиску ги следи тенденциите на партискиот разгранок на СДСМ наречен СЈО, како и на Зоран Заев и на неговите сценаристи, но и на и судиите што се под влијание или под притисок на СДСМ, во случајот со обидот за незаконско одредување притвор на сопственикот на телевизија „Нова“, Сеад Кочан ,“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Според...

Додевски: Кочан се бара за притвор бидејќи е сопственик на медиум

Целта на барањето за притворање на Сеад Кочан е затоа што тој е сопственик на медиум што треба да се замолчи и заради нарушување на неговиот углед како бизнисмен, рече на денешната седница на Апелацискиот суд адвокатот на Кочан, Никола Додевски, во образложението на неговата жалба на одлуката за притвор. Одговорот на Специјалното јавно обвинителство на наводите на одбраната беше дека...

Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд денеска, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна, на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Завчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

Апелација утре на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за притворот на Кочан

Апелацискиот суд утре, во 12 часот, на јавна седница ќе ја разгледува жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, што го отвори Специјалното јавно обвинителство. Седницата ќе биде јавна на барање на Специјалното јавно обвинителство, потврдија оттаму за „Мета“. Вчера од Кривичниот суд информираа дека предметот по жалбата на одбраната на Кочан бил...

За притворот на Кочан, предметот е испратен во Апелацискиот суд

Кривичниот суд го комплетирал предметот по жалбата на одбраната за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, и го испратил во Апелацискиот суд Скопје, кој треба да одлучува по него, потврдија за „Мета“ од Основниот суд Скопје 1. - Откако е добиен одговор на жалбата од Специјалното јавно обвинителство, предметот е комплетиран и испратен...

Додевски: Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати

Ирелевантно е каде е Сеад Кочан и кога ќе се врати, изјави денеска неговиот адвокат Никола Додевски, по завршувањето на рочиштето за случајот „Тврдина 2“, каде тој е бранител на првоообвинетиот Горан Грујовски. Додевски вели дека Кочан е слободен граѓани и дека тие бараат да се стави „надвор од сила решението за притвор, сите потерници и сите правни дејства“, бидејќи во...

СЈО подготвува одговор на жалбата на Додевски за притворот на Кочан

Специјалното јавно обвинителство ќе поднесе одговор на жалбата на адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, на решението на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на Кочан да му биде одредена мерка притвор, велат за „Мета“ од СЈО. Оттаму информираат дека денеска ја добиле жалбата на одбраната на Кочан и дека во рок од 24 часа ќе поднесат одговор на...

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...