fbpx
Таг: сеад кочан

таг: сеад кочан

СЈО го испраша првиот сведок во „Труст“, одбраната тврди дека ѝ се ускратени правата

Во Кривичниот суд во Скопје денеска со испрашување на сведоци продолжи судскиот процес против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот „Труст“ на СЈО. Двајцата сведоци, Феим Имери - Фичо и Васил Ристовски, беа причина за препирање меѓу адвокатите на одбраната и обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро. Одбраната приговараше дека овие лица ги немало на...

Кочан не се чувстува виновен за „Труст“, СЈО најави дека ќе го докаже спротивното

Не се чувстувам виновен, изјави бизнисменот Сеад Кочан на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое почна денеска во Кривичниот суд во Скопје. Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, како и фирмите „Трансмет“, „Силекс Неметали“ и „Вато“, СЈО ги товари дека со невистинити и фалсификувани документи добиле тендер на „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) вреден 17...

Одложено судењето за „Труст“ бидејќи одбраната не ја добила листата на докази

Почетокот на главната расправа од судењето за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, кое требаше да се одржи денеска, се одложи бидејќи адвокатите на обвинетите, меѓу кои и сопственикот на телевизија „Нова“, Сеад Кочан, со обвинителниот акт не ја добиле листата со докази што ги предлага СЈО. На рочиштето беа присутни тројцата обвинети, Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ,...

Советот на Врховниот суд што го ослободи Кочан треба да одлучува за притворите на Грујовски, Јакимовски и на Бошковски

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и уште четворица судии треба да одлучуваат по жалбите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и на Никола Бошковски, обвинети во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), на кои Апелацискиот суд Скопје вчера им одреди мерка притвор. Апелацискиот суд вчера соопшти дека ги прифатил жалбите на СЈО и донел одлука да ги...

Стоте дена на Вангеловски: Го ослободи Кочан, а сè друго стави на стенд-бај

Денеска истекуваат првите сто дена откако Јово Вангеловски беше именуван и ја презеде функцијата претседател на Врховниот суд. Овој период главно ќе остане запаметен по одлуката за ослободување од притвор на првоосомничениот во случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство, Сеад Кочан, и по неколку почнати, но незавршени иницијативи на Вангеловски, меѓу кои и таа со која треба да се утврди дали...

Судот нема повторно да одлучува за притвор на Кочан, туку само за гаранцијата од 900.000 евра

Кривичниот суд денеска појасни дека нема повторно да одлучува за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“, туку само за гаранцијата од 900.000 евра што Апелацискиот суд Скопје ја укина и предметот го врати на повторно одлучување. „Појаснуваме дека неточни се наводите дека првостепениот суд повторно ќе одлучува во однос на предлогот за определување мерка притвор,...

Апелацискиот суд ја прифати жалбата на СЈО и ја укина гаранцијата од 900.000 евра на Кочан

Апелацискиот суд Скопје ја прифатил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ја укинал одлуката на судијата на претходна постапка од Кривичниот суд, со која беше прифатена гаранцијата од околу 900.000 евра на бизнисменот Сеад Кочан за да може да се брани од слобода во случајот „Труст“, соопштија од судот. Одлуката за укинување на гаранцијата, Апелацискиот суд ја донел на...

Кочан побарал дополнителен увид во доказите за случајот „Труст“

Првоосомничениот во случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска, наместо да даде исказ, побарал дополнителен увид во доказите во предметот. Кочан, кој заедно со својот адвокат, Никола Додевски, пристигна во СЈО околу 14 часот, внатре се задржа четириесетина минути, а при излегувањето не сакаше да даде изјва за медиумите. Тој и неговиот адвокат, како што пишува „МКД“, поради обемноста на материјалот,...

Сеад Кочан дојде на распит во СЈО за „Труст“

Првоосомничениот за случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска во 14 часот пристигна во Специјалното јавно обвинителство каде треба да даде исказ. Кочан во СЈО пристигна со својот адвокат Никола Додевски. Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Ова е прво доаѓање на Кочан...

Кочан за „Труст“ на распит во СЈО

Бизнисменот Сеад Кочан денеска, во придружба на својот адвокат Никола Додевски се појави на распит во Специјалното јавно обвинителство. Ниту бизнисменот, ниту неговиот адвокат не дадоа изјава за медиумите. Кривичниот совет претходно ја одби жалбата на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“,кој претходно даде гаранција од околу 900 милиони евра и му го предаде пасошот...

СЈО ќе одржи прес-конференција на пладне

Специјалното јавно обвинителство денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција, но засега не се открива дали станува збор за откривање на нов случај или пак е поврзана со последните одлуки на судот поврзани со случајот „Труст“ и бизнисменот Сеад Кочан. Викендов Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО поднесена поради одлуката да се укине мерката притвор на бизнисменот Кочан, кој...

Одбиена жалбата на СЈО, Кочан ќе се брани од слобода

Кривичниот совет синоќа ја одби жалбата на Специјалното обвинителство покрената поради укинувањето на мерката притвор за бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомничен во случјот „Труст“. Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на вчера изнесоа аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу 900.000 евра и одземениот пасош не се доволна гаранција. Одбраната...

Кривичниот совет за 48 часа треба да одлучи дали Кочан ќе оди во притвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 во рок од 48 часа треба да одлучи дали ќе му одреди мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан или пак тој ќе се брани од слобода. Обвинителите на СЈО, Гаврил Бубевски и Артан Ајро на денешното рочиште ги изнеле аргументите дека постојат индиции Кочан да го повтори делото и оти гаранцијата од околу...

Кривичниот совет денеска ќе решава по жалбата на СЈО за притворот на Кочан

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска ќе решава по жалбата на Специјалното јавно обвинителство против одлуката на судијата на претходна постапка да не му биде одредена мерка притвор на бизнисменот Сеад Кочан, кој е првоосомниочен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека рочиштето е закажано за денеска во 11 часот. Аргументите на СЈО дека е неопходно...

Нема притвор за Кочан, судот прифати гаранција од 900.000 евра и одземање на пасошот

Бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, нема да оди во притвор и ќе се брани од слобода. Судијата на претходна постапка, како што соопштија денеска од Кривичниот суд во Скопје, го прифатил предлогот на неговиот адвокат, Никола Додевски, и донел одлука на Кочан да му биде одредена парична гаранција од 875.298 евра, да му биде одземен пасошот и...

СЈО пак побара притвор за Кочан, одбраната тврди дека е сериозно болен

Како „драматична деструкција на вредностите на уставниот поредок на државата“, обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски, ја оцени одлуката на Врховниот суд со која беа укинати решенијата за притвор на бизнисменот Сеад Кочан. Денеска кај судија на претходна постапка се расправаше за барањето на СЈО за притвор на Кочан, кој е првоосомничен во случајот „Труст“. По завршувањето на денешното рочиште, кое траеше три...

Судот по барање на СЈО денеска пак ќе одлучува за притворот на Кочан

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, и адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, утрово пристигнаа во Основниот суд Скопје 1, каде судија на претходна постапка повторно треба да одлучува по барањето на СЈО за притвор на бизнисменот Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“. СЈО и одбраната на Кочан пред судијата на претходна постапка ќе ги соочат доказите и аргументите за...

Хелсиншки комитет: Врховниот суд за Кочан донесе незаконско решение

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија смета дека постапувањето на Врховниот суд, кој го укина притворот за Сеад Кочан, осомничен во случајот „Труст“, е преседан кој е во спротивност со принципот на владеење на правото. Од Хелсиншкиот комитет нагласуваат дека ова е првпат кој и да било суд во Македонија да одлучи дека лицето против кое е определен притвор...

Притворот на Кочан утре повторно на суд по барање на СЈО

Кривичниот суд во Скопје, односно судија на претходна постапка, утре ќе одлучува по барањето на Специјалното јавно обвинителство за притвор на бизнисменот Сеад Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“, дознава „Мета“. Од СЈО потврдуваат дека сослушувањето е закажано за утре во 10 часот и на него, како и претходниот пат, ќе присуствуваат обвинител на СЈО и адвокатите на Кочан, кои треба...

Кривичниот совет експресно го врати предметот за Кочан кај судија на претходна постапка

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 експресно ја спроведе пресудата на Врховниот суд и уште денеска донел одлука во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан, кој Врховниот суд го укина и го врати предметот на повторно одлучување. Како што соопштија попладнево од Основниот суд Скопје 1, Кривичниот совет на првостепениот суд не донел конкретна одлука дали на Кочан...

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...