fbpx
Таг: сеад кочан

таг: сеад кочан

Контраспин: Наместо фронт за борба против корупцијата, фронт против ДКСК

Во еден ден негативни реакции против ДКСК дојдоа од четири места од ЈО (жестока), од МВР, од ДИК (жестока), од Државно правобранителство, а ден претходно и од градоначалничката на Скопје. Повод – наодите и заклучоците на ДКСК за три предмети – (не)извршување на заплена на имот во случајот Труст (милионски суми во евра), сомнежи за кражба на лични податоци...

Нееднаквост на Врховниот суд: Граѓаните чекаат со години, бизнисмените и функционерите „вршат работа“

Врховниот суд донесе одлука за случајот „Труст“ на бизнисменот Сеад Кочан една година и седум месеци по одлуката на Апелациониот суд. Но тоа не е случај со граѓанинот Насер Ештрефи, чие семејство пет години чека пред вратите на судот, каде случајот е покриен со прашина, пишува Порталб.мк. Нееднаквиот пристап на судските институции кон граѓаните е секако една од главните причини...

Судскиот совет да внимава, новиот претседател на Врховен суд да учи од грешките на Вангеловски

Правните експерти очекуваат Судскиот совет конечно да се подобри, а новиот претседател на Врховниот суд, кој и да биде тоа, да не ги повтори грешките на неговиот претходник, Јово Вангеловски. Тој беше разрешен од функцијата затоа што доверената задача ја извршувал несовесно и непрофесионално, пишува Порталб.мк. -Ова е многу клучен и специфичен момент, кога треба да се покаже дека институциите...

Врховниот суд сè уште е без претседател

Фаик Арслани и понатаму останува в.д. претседател на Врховниот суд, бидејќи Судскиот совет се уште нема објавено оглас за избор на нов претседател, наместо разрешениот Јово Вангеловски, кој според решението работел несовесно и непрофесионално, пишува „Порталб.мк“. „Сè уште го немаме објавено огласот, и кога ќе се објави ќе бидете известени. Немаме законски определен рок за објавување на огласот, а до...

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна. -Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции...

ААВМУ ќе ѝ ја одземе дозволата на „ТВ Нова“

Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) до Советот на агенцијата ќе поднесе предлог за одземање на дозволата за телевизиско емитување на телевизијата „Нова“, која е речиси два месеци во стечај. Според дневниот ред на утрешната седница на Советот на ААВМУ, тоа би можело да се случи и утре. Според Агенцијата, телевизијата која беше сопственост на бизнисменот...

Бубевски: Му честитам на Судот за конфискацијата на имотот во „Труст“

Јавниот обвинител од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски рече дека е задоволен од пресудата во случајот „Труст“ со која на обвинетите Сеад Кочан и Василие Авировиќ им се изрекуваат затворски казни од шест години за првиот и три години затвор за второобвинетиот. Бубевски ја поздрави и одлуката на судот да го конфискува имотот и рече дека нема да бараат притвор за...

Сеад Кочан доби шест години затвор за „Труст“, Авировиќ три години

Шест години затвор доби бизнисменот Сеад Кочан, а три години затворска казна доби Василије Аврировиќ, одлучи судијката Лидија Трајковска-Зимбовска во случајот „Труст“ на СЈО, во кој тие беа обвинети дека формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола. Третообвинениот во предметот Сафет Ватиќ е ослободен од обвинението, како и неговата фирма ВАТО ДООЕЛ. За...

Завршува судењето за „Труст“, Кочан, Авировиќ и Ватиќ ќе ги слушнат пресудите

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, која е претседател на судечкиот совет за предметот на СЈО „Труст“, денеска треба да ја објави пресудата за обвинетите во овој случај. Обвинетите Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ пред Судот се изјаснија дека не чувствуваат вина за делото за кое се товарат. Кочан во завршните зборови рече дека не се чувствува виновен, бидејќи немал никаква умисла...

Заврши судењето за „Труст“, пресудата в петок

Со завршни зборови на тројцата обвинети во процесот „Труст“, кој го води Специјалното јавно обвинителство, денеска судењето заврши, а в петок треба да биде изречена пресудата. Во Кривичен суд Скопје денеска завршни зборови дадоа Сеад Кочан, Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети за учество во местење на тендер на „ЕЛЕМ“, за ископ на јаловина од „РЕК Битола“, вреден 1,06 милијарди...

TВ „Нова“ оди во стечај

Телевизијата „Нова“ на Сеад Кочан, која важеше за блиска до власта во периодот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, и официјално е во стечај. Одлуката за отворање стечај на Основен суд Скопје 2 е објавена денеска во весниците, a е донесена во петокот. Предлогот за отворање стечај е на група доверители застапувани од адвокатско друштво „Бона Фиде“ од Скопје. Претходно 43 вработени и...

Денеска пресуда во „Триста“ за Ѓоко Поповски

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да биде прочитана пресудата за предметот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), во кој обвинет е поранешниот помошник-министер за внатрешни работи Ѓоко Поповски. Тој се товари за злоупотреба на службена должност во врска со јавната набавка на 300 возила за МВР. Поповски пред Судот на минатото рочиште кажа дека не е виновен и...

Денеска во суд ќе се слушаат снимките за „она на М“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржат судења за предметите „Труст“ и „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). На рочиштето за „Тенк“ треба да бидат слушани цедеата со снимките од прислушуваните разговори, како и да бидат сослушани тројца сведоци на обвинението, обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник...

Во Кривичен рочишта за „Труст“, „Трезор“ и „Тарифа“, се очекуваат Мијалков и Кочан

Во Кривичниот суд денеска ќе се одржат три судења за случаи на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Во 10 часот ќе почне судењето за случајот „Трезор“, во кој е обвинет поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, половина час подоцна ќе почне судењето за „Труст“, во кое обвинет е бизнисменот Сеад Кочан, а во 11 часот почнува...

Продолжуваат судењата за нападот врз Села на 27 април и на Кочан за „Труст“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на десетмината обвинети за обид за убиство на лидерот на Алијанса за Албанците и пратеник Зијадин Села за време на насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. На денешното рочиште треба да бидат сослушани тројца вештаци. Инаку, вчера пред судот сведочеше Села, кој разкажа за нападот и дека од...

Судењето за „Труст“ одложено за 20 февруари, се разболе адвокатката на Авировиќ

Денешното рочиште од судскиот процес за случајот „Труст“, во кој првообвинет е бизнисменот Сеад Кочан се одложи, бидејќи во Кривичниот суд не се појави адвокатката Сања Алексиќ, која го брани второобвинетиот Василије Авировиќ. Причина за денешното отсуство е тоа што адвокатката се разболела, а за тоа ја известила и судијката, која следното рочиште го закажа за 20 февруари. Инаку, судењето за...

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик" во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик" заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. Истовремено, во судот ќе се одржи и ново рочиште за предметот на СЈО...

Во Кривичен суд, денеска ново рочиште за „Труст“

Во Основен суд Скопје 1 денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Труст“ на СЈО, во кој првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на „Електрани на Македонија“. Според обвинението, осомничените местеле тендери во ЕЛЕМ во вредност од...

СЈО со 1.560 докази ќе ја докажува вината на Кочан и на другите во „Труст“

Специјалното јавно обвинителство на денешното рочиште од судскиот процес „Труст“ презентираше вкупно 1.560 докази, наведени на 81 страница, против бизнисменот Сеад Кочан, Василие Авировиќ и Сафет Ватиќ, обвинети во случајот. Меѓу доказите, кои беа изведени на денешната расправа, се и три прислушувани разговори, од кои еден меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, и два...

Двочасовна пауза на рочиштето за „Труст“, СЈО не ги нумерирало доказите за одбраната

Примерокот од листата на докази на СЈО за случајот „Труст“ повторно предизвика застој на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, поради што судијката Лидија Зимбовска даде двочасовна пауза. СЈО денеска почна со изведување на доказите, но адвокатите на одбраната реагираа дека во листата што ја добиле од обвинителството, доказите не се нумерирани и не можат да го следат обвинителот...

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...