fbpx
Таг: СаудискаАрабија

таг: СаудискаАрабија

Затворен саудиски блогер е добитник на наградата „Сахаров“

Саудиски блогер, кој е во затвор и јавно беше камшикуван поради своите написи, е добитник на наградата „Сахаров“ за слобода на мислење, што ја доделува Европскиот парламент. Триесет и едногодишниот Раиф Бадави е уапсен во 2012 година и е осуден на 10 години затвор и на 1.000 удари со камшик поради навреда на исламот на интернет. Првите 50 удари со камшик ги доби...

Пет лица убиени и девет ранети за време на шиитски фестивал во Саудиска Арабија

Пет лица се убиени, а уште девет се ранети во вооружен напад на собир на шиитиски верници во источниот дел на Саудиска Арабија, соопшти саудиското министерство за внатрешни работи, пренесува „Би-Би-Си“. Одговорноста за нападот ја презела група која тврди дека е поврзана со Исламска држава и себеси се нарекува Исламска држава - Бахреин. Нападот се случил во градот Саихат, во саудиската Источна провинција,...

Саудиска Арабија: Асад нема иднина во Сирија

Официјален Ријад го нема променето ставот кон Сирија и понатаму смета дека сирискиот претседател Башар ал Асад нема иднина во Сирија, изјави шефот на саудиската дипломатија, Адел ал Џубери, на заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи, Лоран Фабиус. Францускиот министер ја повика Русија да го искористи своето влијание и да го спречи Асад во користењето барел-бомби во судирите во...

Саудиска Арабија: 74-годишен Британец осуден на камшикување

Семејството на еден британски пензионер го повика премиерот Дејвид Камерон да интервенира и да го спаси нивниот татко од смрт, која ќе биде предизвикана од казната од 350 удари со камшик во Саудиска Арабија. Седумдесет и четиригодишниот Карл Анде треба да се соочи со драконска казна откако минатата година во неговиот автомобил било откриено шише домашно вино. Саудиска Арабија има...

Саудиска Арабија негира дека ја бомбардирала свадбата

Официјален Ријад денеска ги отфрли обвинувањата на јеменските власти дека нејзините воздухопловни сили се одговорни за завчерашното убиство на 130 цивили на свадба во jугозападниот дел на Јемен. Саудиска Арабија тврди дека за време на инцидентот, нивните воздухопловни сили, како и силите на членките на меѓународната сунитска коалиција, не учествувале во никакви воени операции во Јемен. Јеменските медиуми јавуваат дека жртви биле...

Саудиски принц уапсен во Лос Анџелес за сексуално насилство

Саудискиот принц Маџид Абдулазиз ал Суад во средата е уапсен во Лос Анџелес под обвинение за сексуално насилство врз една од своите слугинки. Како што соопшти полицијата во Лос Анџелес, 28-годишниот принц е пуштен на слобода откако платил кауција од 300.000 долари. Весникот „Лос Анџелес тајмс“ пишува дека полицијата упаднала на имотот на принцот, откако еден од соседите пријавил дека забележал...

Трагедија во Мека: Во стампедо загинаа 717 аџии

Бројот на жртвите во стампедото за време на чествувањето на Курбан-бајрам во близина на Мека достигна 717 лица, а 805 се повредени, соопштија саудиските власти. Околу 4.000 членови на спасувачките екипи и 220 возила на брзата помош се испратени на местото на несреќата. Трагедијата се случи на првиот ден од Курбан-бајрам, на ридот Мина во близина на Мека. https://www.youtube.com/watch?t=2&v=2zpXElFJGT0 https://www.youtube.com/watch?v=uMOYbWJeFVY

Бројот на загинатите кај Мека се зголеми на 310

Бројот на жртвите во стампедото што се случи за време на прославата во близина на светиот муслимански град Мека се зголеми на 310, се наведува во новите податоци на саудиските служби за цивилна заштита. Во соопштението се наведува дека уште 450 лица се повредени во големата турканица во Мина, околу пет километри од Мека. Во Мина се наоѓаат повеќе од 160.000 шатори во...

Почна аџилакот во Мека

Неколку стотина илјади муслимански верници денеска го почнаа аџилакот во Мека, каде секоја година се одржува најголемото муслиманско празнување. Се очекува доаѓање на околу два милиони верници, наведоа саудиските власти, кои на 11 септември со соочија со голема несреќа, кога скеле падна во Големата џамија во Мека, при што загинаа 108 лица, а 400 беа повредени. Саудиска Арабија мобилизираше околу...

Седумнаесет загинати во бомбашки напад на џамија

Најмалку 17 лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад на џамија на југот на Саудиска Арабија, јави саудиската државна телевизија. Нападот се случил во јужната провинција Асир, која се наоѓа југоисточно од Мека, во близина на границата со Јемен. Во џамијата имало припадници на единиците за државна безбедност – специјални сили за вонредни ситуации, јавуваат локалните медиуми. Сите загинати се припадници на единицата.

Саудискиот крал го прекинал контроверзниот одмор во Франција

Саудискиот крал Салман бин Абдулазиз ал-Сауд го прекинал својот одмор на француското крајбрежје откако затворањето на плажата за другите посетители, заради негова лична безбедност, предзвикала револт, јавуваат светските агенции. По само осум еден, од она што било планирано како тринеделен одмор, кралот Салман заминал за Мароко, соопштиле официјални лица. Како што пренесуваат медиумите, саудискиот крал на француската ривиера допатувал со половина од...

Членови на семејството на Бин Ладен загинале во авионска несреќа во Британија

Членови на семејството на Осама бин Ладен биле во авионот кој вчера попладне се урна во Хемшир, Велика Британија, соопштиле од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, јавува „Би-Би-Си“. Приватниот авион се урна во близина на аеродромот „Блекбуш“, а во несреќата загинаа пилотот и сите тројца патници. Во изјава, објавена на „Твитер“, саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Мохамед бин Наваф...

Саудиски принц ќе донира 32 милијарди долари во добротворни цели

Саудискиот милијардер, принцот Алвалед бин Талал, изјавил дека ќе го донира целото свое богатство од 32 милијарди долари во добротворни цели, пренесува „Би-Би-Си“. Принцот Алвалед, кој е на 60-годишна возраст и е еден од најбогатите луѓе на планетата, рекол дека на овој потег бил инспирирана од Фондацијата „Гејтс“, основана од Бил Гејтс и од неговата сопруга Милинда, во 1997 година. Според...

Саудиска Арабија осуди блогер на 10 години затвор и на камшикување

Врховниот суд на Саудиска Арабија ја потврди пресудата од 1.000 удари со камшик и од 10 години затвор за блогер Раиф Бадави, без разлика на меѓународната осуда. Бадави е уапсен во 2012 година поради навредување на исламот преку социјалните мрежи и усвојување либерални мисли. Тој четири години водел блог наречен „Либерална саудиска мрежа“, кој поттикнува дискусија за верски и за...

Саудијците гледаат најмногу телевизија

По 407 минути телевизија дневно гледаат жителите на Саудиска Арабија. Со тоа станаа први на листата на најголеми зависници од малите екрани, што ја изработи меѓународната маркетинг-агенција „Зенит оптимедија“. Веднаш зад Саудијците се најдоа Хрватите, кои днвено минуваат по 377 минути пред своите телевизори, по што следат Романците со 340 минути, Литванците со 325 и Србите и Американците со 300...

Триесетина загинати во самоубиствен напад на џамија во Саудиска Арабија

Најмалку 30 лица денеска загинаа или се ранети во самоубиствен бомбашки напад, кој се случи за време на молитва во шиитска џамија на истокот на Саудиска Арабија. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, прв врз шиите во Саудиска Арабија од минатата година, кога осум лица беа убиени за време на верска прослава, исто така на истокот на земјата. Како...

Саудиска Арабија ги продолжува нападите врз Јемен

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија во текот на ноќта го нападна главниот јеменски град Сана, целејќи кон силите лојални на поранешниот претседател Али Абудалху Селаху на истокот и на југот на градот. Станува збор за прв напад на град по шестдневниот прекин на огнот, кој заврши во неделата навечер, иако воените операции продолжиле во понеделникот во провинцијата Сада на северот на...

Бомбардирани позициите на Хутите во Јемен

Борбените авиони на коалицијата предводена од Саудиска Арабија утринава гаѓаа позиции на Хутите, во селата јужно од јеменското пристаниште Аден, изјавија жители на подрачјето. Авионите гаѓале тенкови што му припаѓаат на движењето чиј сојузник е Иран. Меѓународната коалиција пред два дена објави дека ја завршила 30-дневната кампања на воздушни напади во Јемен, но саудискиот портпарол подоцна рече дека бомбардирањето ќе продолжи затоа...

Саудиска Арабија ги продолжува нападите на Јемен

Меѓународната коалиција предводена од Саудиска Арабија денеска го бомбардираше градот Таез, на југозападот на Јемен, каде бунтовниците Хути претходно нападнаа камп на војската на актуелниот јеменски претседател, Абд Раб Мансур Хади. Неименувани извори соопштија дека мета на нападот бил воен камп, каде рано наутро се судриле приврзаниците и противниците на Абд Раба Мансур Хади.

Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

Претседателот на САД, Барак Обама, во вторник ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се запознае со новиот крал Салман и да изрази сочувство на фамилијата на покојниот крал Абдула, велат од Белата куќа. Делегацијата на САД требаше да ја предводи потпретседателот Џо Бајден, но распоредот на Обама беше сменет и тој ќе ја скрати посетата на Индија за еден...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...