fbpx
Таг: Сашо Василевски

таг: Сашо Василевски

Мукоски, Василевски, Димовски, Арнаудов и Тарчуловски добија амнестија

Пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски се помеѓу првите обвинети што добија амнестија за крвавиот четврток на 27 април минатата година, пишуваат дел од медиумите. Покрај петте пратеници, амнестија е одобрена и за вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Елена Божиновска и Иван Цветановски, како и за обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан...

Општина Свети Николе не се согласува регионалната депонија да биде таму

Куманово е предлог-општина за седиштето на новата регионална депонија, каде ќе се транспортира сметот од 18 општини од Источна и Североисточна Македонија. Проектот на кој се работи веќе осум години, предвидува со 34 милиони евра од ЕУ, да се гради депонија со фабрика за преработка на отпад на пасиштата во близина на Свети Николе, додека седиштето на јавното претпријатие да...

МЕПСО ќе вложи 1,1 милиони евра во модернизацијата на трафостаницата „Прилеп“

Прилеп и неговата околина ќе добијат стабилно и сигурно снабдување со електрична енергија во наредните 20 години со модернизацијата на трансформаторската станица „Прилеп 1“ во која МЕПСО вложува 1,1 милиони евра. По тој повод денеска во трансформаторската станица „Прилеп 1“ договор за модернизација склучија Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, и Бранислав Лековиќ, претставник на конзорциумот изведувачи „Кончар КЕТ“ од...

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните измени. Истакна дека не...

Пo Сашо Василевски и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Апелацискиот суд Скопје го прифати барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Aрнаудов, со гаранција да се брани од слобода, однoсно да му се укиине мерката притвор. Тој е еден од пратениците кои обвинителството ги товари за упадот и насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Утрово Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ја прифати гаранцијата од 400.000 евра...

Пратеникот Сашо Василевски излегува од домашен притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски кој е обвинет за настаните во Собранието на 27 април минатата година, излегува од куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја прифати понудената гаранција во недвижен имот. - Кривичниот совет на одделението за Организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на одбраната С.В., обвинет во предметот  КОК...

Врховен суд треба ја соопшти одлуката за притворените од 27 април

Врховниот суд на Република Македонија денеска, три дена откако истече рокот за тоа,  треба да ја донесе одлуката по жалбите за притворите на пратениците и другите осомничени за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година. Рокот од 48 часа за донесување на решението по однос на жалбите на притворените истече во четвртокот. Осомничени за настаните од 27 април...

Врховен суд решава за притворите на Мукоски и Василевски

На јавна седница во Врховниот суд денеска ќе се одлучува за притворите на обвинетите за насилствата во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година. Судот треба да се изјасни дали ќе биде потребно продолжување на притворот на пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Тие се дел од 35-те осомничени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Меѓу нив...

Пратеникот Сашо Василевски останува во притвор

Пратеникот Сашо Василевски, шефот на обезбедувањето на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, Горан Ѓошевски, началникот во МВР, Душко Лазаров и началникот на посебните и специјалните единици на МВР, Митко Пешов остануваат во притвор, откако Апелацискиот суд им ги одби жалбите и ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Апелацискиот суд Скопје денеска треба да ги разгледува жалбите за притворот на...

Новаковски: Со притворот на Василевски, притворени се 60.000 лица кои гласале за него

Одбраната на притворениот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски на јавната седница во Апелацискиот суд побара укинување на притворот и одредување на друга мерка или предметот да се врати на повторно одлучување во Кривичниот суд. На седницата не беше присутен пратеникот Василевски кој е во притвор за учество во насилствата во Собранието на 27 април минатата година. Судот испратил наредба Василевски...

Апелација ќе ја разгледува жалбата на Василевски за притворот за 27 април

Кривичниот совет на Апелацискиот суд Скопје денеска ќе ја разгледува жалбата за продолжениот притвор на пратеникот Сашо Василевски, осомничен за насилствата во Собранието од 27 април, минатата година. Јавната седница на која ќе се разгледува жалбата е закажана во 12.30 часот. Кривичниот суд во Скопје на 27 декември, минатата година на Василевски, Крсто Мукоски и на Љубен Арнаудов им го продолжи...

Василевски останува во „Шутка“, а Димовски во домашен притвор – судот им ги одби жалбите

Пратениците во Собранието, Сашо Василевски и Љупчо Димовски остануваат во притвор, односно во куќен притвор откако Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска им ги одби жалбите и ги потврди решенијата на судијата на претходна постапка. Василевски и Димовски се дел од шестмината пратеници осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, оваа година. „Постапувајќи по жалби изјавени против решенија...

Собраниската комисија едногласно одобри да им се одземе имунитетот на пратениците

Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања едногласно, со пет гласа „за“ и без воздржани или против, го одобри барањето на судот и донесе заклучок да му предложи на Собранието да им се одземе имунитетот на пратениците Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска. На комисиската расправа не присуствуваа членовите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу...

Утре напладне комисиска расправа за имунитетот на уапсените пратеници

Седница на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која ќе се расправа за барањата за притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, ќе се одржи утре, со почеток во 12 часот, потврди претседателот на Комисијата, Павле Богоевски. Одлуката е објавена и на веб-страницата на Собранието. Барањата за одземање на пратеничкиот имунитет...

Џафери ги доставил барањата за притвор до надлежната комисија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, до Комисијата за деловнички и мандантно-имунитетни прашања вечерва ги доставил барањата за одобрување притвор за пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска, известија собраниските служби. Барањата се поднесени вчера од Основен суд Скопје 1, односно од Одделението за организиран криминал и корупција. Џафери ги доставил барањата до надлежната комисија...

МЕПСО ќе ги подобрува своите капацитети со околу 50 милиони евра

Договор вреден 4,6 милиони евра меѓу МЕПСО и конзорциумот „Сименс и Сискон“, за ревитализација на трансформаторската станица „Дуброво“, беше потпишан денеска во Владата на Република Македонија, соопшти владината служба за информирање. Со тоа, се нагласува во соопштението, почнува среднорочен инвестициски циклус на МЕПСО во своите капацитети. Сашо Василевски, генералниот директор на МЕПСО, истакна дека почнува среднорочен инвестициски циклус со проекти...

Василевски и Зиков ќе го водат МЕПСО, Миновски нов директор на ЕЛЕМ

Сашо Василесвки е назначен за директор на МЕПСО, Љупчо Зиков за директор на финансии и комерција на таа комопанија, а Драган Миновски е новиот директор на АД ЕЛЕМ, одлучи вчера Владата. Сашо Василевски е дипломиран правник кој од 2006 до 2008 беше заменик-министер за правда, од 2008 до 2010 година бил член во Комисијата за полагање правосуден испит, а од...

Јанева: Јас го кажав своето, на ред е Советот на јавни обвинители

Околу е еден и пол час траеше сослушувањето на специјалната обвинителка, Катица Јанева, пред тричлената комисија на Советот на јавни обвинители во врска со отстранувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим, по кое многу прашања и понатаму остануваат неодговорени за јавноста, а се појавија и нови. Јанева по завршувањето на распитот изјави дека пред членовите на комисијата дала изјава за случајот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...