fbpx
Таг: СашеПолитико

таг: СашеПолитико

СЕММ го осуди нападот врз Саше Политико: Очекуваме Пешевски да си поднесе оставка

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска преку писмено соопштение го осуди физичкиот напад на вицепремиерот Владимир Пешевски врз сопственикот и уредник на порталот „Мактел“, Саше Ивановски. Од Советот велат дека очекуваат вицепремиерот Пешевски да си поднесе оставка „како чин на преземање одговорност и одлика на демократичност“. „Како тело кое е одговорно за воспоставување на процесот на саморегулација во...

ЗНМ: Пешевски веднаш да поднесе неотповиклива оставка

Здружението на новинарите на Македонија силно го осудува физичкиот напад врз новинарот Саше Ивановски од вицепремиерот Владимир Пешевски, со кој е загрозено здравјето и физичкиот интегритет на еден новинар. Од ЗНМ велат дека насилството против новинарите во едно демократско општество, е насилство против слободата и демократијата. „Жртви на тоа насилство не се само новинарите, туку и самите граѓани, кои имаат...

Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и од крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот инцидент со сопственикот на порталот „Мактел“. „Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

Твитер-реакции за нападот на Пешевски врз Ивановски: А да беше обратно?

Откако вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна новинарот Саше Ивановски-Политико со тупаници и со клоци, на социјалните мрежи се појавија коментари кои ја осудуваат реакцијата на Пешевски и бараат тој да даде оставка поради напад врз новинар. Вас ви смета што Саше е удрен? Тоа е ок? Да беше рецимо Геро или Боко удрен тогаш е друго? Вице премиер удри...

Вицепремиерот Пешевски со клоци и со тупаници го нападна Саше Политико

Вицепремиерот Владимир Пешевски физички го нападна новинарот Саше Ивановски-Политико додека тој му го поставуваше прашањето „Дали се плашите од новиот специјален обвинител заради тоа што МВР е сега во опозијата, дека ќе бидете уапсени, бидејќи се слуша на снимките дека сте го...“. По ова следува физичката реакција на Пешевски. На двете видеоснимки се гледа како Пешевски со тупаница го удира Ивановски по...

Во кулоарите на лидерската средба: Папата, Саше и „разделбата“ Ахмети – Тачи

Дали поради заканите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека нема да седне на преговарачка маса на третата лидерска средба без да бидат пуштени сите новинари или поради нешто друго, Саше Ивановски - Политико денеска беше присутен на новиот состанок во Клубот на пратениците. Тој ја имаше „честа“ и прв да му постави прашање на премиерот Никола Груевски, а тоа гласеше: Премиере,...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...