fbpx
Таг: Саша Јанковиќ

таг: Саша Јанковиќ

Српската опозиција прашува каква е улогата на Белград во бегството на Груевски

Опозициските Движење на слободни граѓани (ПСГ) и Граѓански блок 381 (ГБ381) денеска упатија прашање до власта во Србија каква е улогата на официјален Белград во бегството на Никола Груевски во Унгарија и дали е точно дека српскиот претседател Александар Вучиќ „незаконски наредил БИА тајно да го прифати Груевски и да го спроведе низ Србија“, мислејќи на српската агенција за...

Најавени протести во Белград по повод заклетвата на Вучиќ за нов шеф на државата

Досегашниот премиер и избран претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе положи заклетва пред пратениците во собранието на Србија и ќе ја преземе должноста шеф на државата. Според пишувањата на српските медиуми, Вучиќ ќе ја положи заклетвата над специјално изработен примерок на уставот на Србија, на кој заклетва ќе полагаат идните претседатели, а под уставот на говорницата ќе се наоѓа...

Саша Јанковиќ ја формираше својата партија „Слободни граѓани на Србија“

Второпласираниот кандидат на претседателските избори, поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ денеска го официјализираше своето политичко движење „Слободни граѓани на Србија“. На денешното основачко собрание, на кое Јанковиќ е избран за претседател, присуствуваат околу 60 основачи на движењето, меѓу кои актерот Никола Ѓуричко, музичарите Васил Хаџиманов и Владо Георгиев, режисерот Горан Марковиќ и други видни адвокати и личности од јавниот живот. -0Движењето ќе...

Саша Јанковиќ ќе формира политичко движење како одговор на Вучиќ

Саша Јанковиќ, еден од кандидатите на неодамна одржаните претседателски избори во Србија, денеска најави дека во следните денови ќе формира движење во кое ќе влезат партии, организации и поединци што ја поддржаа неговата кандидатура и со кои ќе учествува на следните избори. На конференција за медиумите, Јанковиќ рече дека тоа е „одговор на силата“ што ја применува Александар Вучиќ и...

Јанковиќ обвини за кражба, Вучиќ повика гласовите да се бројат пред камери

Победникот на претседателските избори во Србија, актуелниот премиер Александар Вучиќ повика Републичката изборна комисија јавно да ги отвори вреќите со гласачките ливчиња од избирачките места за кои неговиот противкандидат Саша Јанковиќ рече дека се „украдени“. Од изборниот штаб на Јанковиќ, поранешен народен правобранител, порачаа дека Александар Вучиќ украл 319.000 гласа за време на изборите на 2 април. Вучиќ освои уште...

Вучиќ победи во првиот круг на претседателските избори во Србија

Претседателскиот кандидат на владејачката коалиција и лидер на Српската народна странка, Александар Вучиќ, победи на претседателските избори во Србија во првиот круг, соопштија вечерва агенцијата „Ипсос“ и Центарот за слободни избори и демократија (ЦСИД), јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Според ЦСИД, на примерок од 72,2 отсто од обработените податоци, Вучиќ освоил 56,1 отсто од гласовите. На второ место е поранешниот...

Јанковиќ и Јеремиќ веруваат во промени што можат да ги донесат изборите

Претседателските кандидати и главни политички ривали на Александар Вучиќ, поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ и поранешниот шеф на дипломатијата Вук Јеремиќ, се надеваат дека денешните избори во Србија можат да донесат важни промени, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Јанковиќ, кој е поддржан од интелектуалната и граѓански ориентирана елита, посака Србија да има „среќни и успешни демократски избори“ и вети дека на граѓаните...

Утре се одржуваат претседателски избори во Србија

Граѓаните на Србија утре избираат претседател, а најголеми шанси за победа има кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ, јави дописничката на „Мета“ од Белград. Според предизборните анкети, Вучиќ има реални шанси да победи веќе во првиот круг, особено ако излезноста на гласачите не биде голема. Втор, според најголемиот број истражувања, е поранешниот омбудсман, Саша Јанковиќ, со околу 15 проценти поддршка,...

Последен ден за изборната кампања во Србија

Во Србија на полноќ почнува предизборниот молк за претседателските избори на 2 април, на кои фаворит е кандидатот на владејачката коалиција, актуелниот премиер Александар Вучиќ. Предизборните анкети покажуваат дека Вучиќ со поддршка од околу 50 проценти има реални шанси да победи во првиот круг, ако на изборите излезат помалку од четири милиони избирачи. Втор, според истражувањата, е поранешниот омбудсман Саша Јанковиќ,...

Завршен митинг на претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ вечерва во Белград

Околу 20.000 граѓани се собраа вечерва во центарот на Белград на завршниот предизборен митинг на претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ, од кој е порачано дека на Србија не ѝ треба лидер, туку претседател, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Митингот го отворил српскиот пејач Владо Георгиев, а покрај него зборувале бројни јавни личности, меѓу кои актерите Никола Ѓуричко, Никола Којо и...

Закани за претседателскиот кандидат Саша Јанковиќ

Саша Јанковиќ, кандидатот на граѓанската проевропска опозиција на претседателските избори во Србија, вели дека пријател од Безбедносно-информативната агенција (БИА) му рекол дека нема да биде безбедно за него да влезе во вториот круг на претседателските избори, оти може да се случи „сешто“. Во интервјуто објавено денеска на порталот „Инсајдер“, кандидатот на групата граѓани „За Србија без страв“ вели дека не...

Државјаните на Србија во странство, до утре треба да се пријават за гласање за претседателските избори

Државјаните на Србија кои престојуваат во странство, најдоцна до сабота, 11 март, треба да поднесат барање за да се запишат во единствениот избирачки список за на 2 април да имаат можност да гласаат на претседателските избори, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. Тоа барање се поднесува до амбасадите и до конзулатите на Србија во странство. Увид во избирачкиот список може да се...

Чедомир Јовановиќ најави поддршка за Саша Јанковиќ

Лидерот на Либерално-демократската партија на Србија, Чедомир Јовановиќ, вечерва најави дека неговата партија ќе ја поддржи кандидатурата на Саша Јанковиќ, јави дописникот на „Мета“ од Белград. Тој за телевизија Н1 рече дека на претседателството на партијата ќе предложи да го поддржат Јанковиќ и изрази уверение дека тоа и ќе се случи. - Тоа ќе го изнесам на претседателството на партијата и...

Вучиќ и Јанковиќ ги поднесоа кандидатурите за претседател на Србија

Два дена по распишувањето на изборите во Србија, до Републичката изборна комисија се поднесени потписи за двајца кандидати: актуелниот премиер Александар Вучиќ, кого го кандидира владејачката коалиција, и досегашниот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој се смета за кандидат на проевропската граѓанска опозиција. Собраните 17.866 потписи за кандидатурата на Саша Јанковиќ ги поднесе поранешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Србија, Душан...

Јанковиќ поднесе оставка поради претседателската кандидатура

Досегашниот народен правобранител на Србија, Саша Јанковиќ, денеска и формално поднесе оставка на функцијата, половина година пред истекот на вториот петгодишен мандат, бидејќи ќе се кандидира за претседател на Србија. - Одлучив да се кандидирам и да ја вратам смислата на институцијата претседател и за да гарантирам дека ќе биде во функција на граѓаните, а не на еден човек –...

Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил. - Србија денеска има институција - заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го заштитникот на граѓаните, ќе ви...

Србија: Демократска странка ја поддржа кандидатурата на Саша Јанковиќ

Српската партија Демократска странка (ДС) ќе го поддржи актуелниот народен правобранител Саша Јанковиќ како кандидат на изборите за претседател на Србија, едногласно денеска одлучи претседателството на опозициската партија. Претседателот на ДС, Драган Шутановиќ рече дека Јанковиќ е „персонификација на вредностите за кои се залага ДС“. - Водени од интересите на граѓаните, убедени сме дека тој е најдобар кандидат и дека ќе...

Омбудсманот Саша Јанковиќ потврди дека ќе се кандидира за претседател на Србија

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, денеска изјави дека ќе се кандидира за претседател на Србија, кога ќе бидат распишани изборите, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. - Ќе бидам кандидат на граѓаните. Како и досега, ќе си ја работам својата работа строго според законите и Уставот. Во Србија треба да постои ред, а не неизвесност и страв – изјави Јанковиќ. Тој оцени...

Српскиот омбудсман бара да се утврди дали во земјата има илегална депортација на мигранти

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, побара да се спроведе истрага за случајот со седумчленото семејство бегалци од Сирија, за кое постојат сомневања дека е жртва на обид за илегална депортација. Официјално објаснување за случајот чекаат и УНХЦР и другите меѓународните организации кои се грижат за третманот на бегалците во Србија. Семејството од Сирија минатиот викенд беше пронајдено во шума во...

Вучиќ: Немам намера да одговорам на бесмислиците на омбудсманот

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека нема потреба да одговара на отвореното писмо што до него го упати народниот правобранител Саша Јанковиќ, со образложение дека „не сака да се осврнува на бесмислиците кои ги говорат политичарите“, алудирајќи притоа на српскиот омбудсман. „Јанковиќ е политичар, добар или лош, тоа ќе каже народот. Мислам дека лошото е во тоа што,...

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...