fbpx
Таг: Сараево

таг: Сараево

Рок архивистот Тошо Филиповски отвори изложба во Сараево посветена на македонската музичка сцена

„Екс-ју рок центар“ во Сараево е домаќин на изложбата „60 години македонска рок сцена“. Истата беше отворена во петок, 15-ти декември. Таа се состои од разни артефакти од македонската музичка сцена, вклучувајќи урамени плочи, плакати од концерти и фотографии од музичари. Изложбата ќе стои три месеци во културниот центар и веќе беше посетена од Зенит Џозиќ (од бендот „Забрањено...

Фон дер Лајен од Сараево: Иднината на БиХ е во ЕУ како единствена, обединета и суверена земја

Иднината на Босна и Херцеговина (БиХ) е во ЕУ, гласи пораката што од Сараево ја упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на земјата. Фон дер Лајен се сретна со претседавачот на Советот на министри Борјана Кришто, а по средбата одржаа прес-конференција за медиумите, јавува klix.ba. „Мојата прва порака во основа е повторно да...

Скопје и Сараево од октомври се поврзуваат со директна авиолинија, најавува ТАВ

Летовите од Меѓународниот Аеродром Скопје до Меѓународниот Аеродром Сараево, од 2 октомври годинава, ќе ги спроведува грчкиот национален авиопревозник „Егеан“ (AEGEAN), член на „Стар алајанс“ (STAR ALLIANCE), најавуваат од ТАВ Аеродроми. Грчката авиокомпанија ќе почне да лета меѓу двата града од 2 октомври 2023 година, со воздухоплов ATР72-600, со три лета неделно, односно секој понеделник, среда и петок. „Возбудени сме што...

Мрежата за борба против дезинформации на Западен Балкан презентирана на конференцијата ПОИНТ

На 11-тото издание на ПОИНТ конференцијата што почна денеска во Сарајево, БиХ, беше презентирана Western Balkans Anti-Disinformation Hub (Мрежата за борба против дезинформациите во Западен Балкан). Конференцијата ПОИНТ е најголемата конференција од својот вид во регионот, а е посветена на политичката отчетност и новите технологии. Таа претставува еден вид платформа на граѓанското општество за поттикнување на новите технологии и форум...

Филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ со две награди на Сараевскиот филмски фестивал

Најновиот филм во подготовка „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума, а во продукција на „Сестри и брат Митевски“ освои две награди за развој во програмата Синелинк на 28. издание на Сараевскиот филмски фестивал, соопштија од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Станува збор за Синелинк награда од Филмскиот центар на Србија и наградата Женски гласови од...

Наши математичари освоија четири медали и постигнаа најдобар успех во последната деценија

Четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева. Претседателот на Сојузот на математичари, проф. д-р Ѓорѓи Марковски, за Мета.мк вели дека ова е...

Петрески: Западен Балкан мета на странски кампањи за дезинформации, работиме на нивно разоткривање (ВИДЕО)

Малигните влијанија при што дезинформациите се користат за нивно ширење, на Западниот Балкан имаат регионална компонента, така што една дезинформација преминува од една во друга земја, а истото кога ќе се врати од каде што дошла, се враќа во најискривена форма, што може да предизвика уште поголема штета. Ова го изјави главниот уредник на „Вистиномер“,  Владимир Петрески, говорејќи на...

Започна регионалната конференција POINT во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис

Денеска започна десеттото издание на регионалната конференција POINT (Political Accountability and New Technologies - Политичка отчетност и нови технологии) во Сараево, во ко-организација на Фондацијата Метаморфозис. Конференцијата ја организираат членовите на мрежата ACTION SEE, од која дел е и Фондацијата Метаморфозис, а денеска и утре на панелите ќе говорат претставници од медиумите на Метаморфозис - Порталб, Мета и Вистиномер,...

Сараево одбележа 30 години од почетокот на опсадата во која животот го загубија 11.541 лице [галерија]

Босанскиот главен град вчера одбележа 30 години од најмрачниот момент во својата историја - почетокот на српската опсада на Сараево на 5 април 1992 година. Опколувањето на градот и постојаното гранатирање од страна на српските сили траеше 1.425 дена до 29 февруари 1996 година, а во текот на опсадата животот го загубија 11.541 жител на Сараево. Дојче Веле ги пренесува...

За пластичните и дрвените печати и за фотографиите како алатки за дезинформирање

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

„Метаморфозис“ во Сараево ја презентираше својата борба против дезинформациите

Фондацијата „Метаморфозис“ ги презентираше своите активности во борбата против дезинформациите во земјава и во регионот на меѓународната конференција „Политичката отчетност и новите технологии - ПОИНТ“ (Political Accountability and New Technologies – POINT), што се одржа во Сараево, БиХ, од 16 до 18 мај. Еден од организаторите на конференцијата беше и мрежата ACTION SEE, која дејствува во шест балкански земји, а...

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и...

Двајца полицајци убиени на должност во Сараево

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил. Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје. Притоа бил убиен Адис Шеховиќ (46),...

Фестивалот „Егзит“ прогласен за шампион на регионалната соработка

Светски познатиот музички фестивал „Егзит“ (EXIT) е прогласен за шампион на регионалната соработка на Западен Балкан за 2017 година. Признанието вчеравечер во Сараево му го врачи Регионалниот совет за соработка (РСС). Генералниот секретар на РСС, Горан Свилановиќ, врачувајќи ја наградата на основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, истакна дека „фестивалот со универзални музички содржини ги надминува културолошките, политичките и сите други...

Немало прислушување политичари и бизнисмени во Хрватска, вели министер од БИХ

Директорот на Безбедносно-разузнавачката агенција на Хрватска, Даниел Маркиќ, денеска се сретнал со својот колега од БИХ, Осман Мехмедагиќ, откако хрватските медиуми објавија дека Разузнавачко-безбедносната агенција на БИХ (ОСА) прислушувала хрватски бизнисмени и политичари од Хрватска и од БИХ. По средбата, министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ, рече оти челниците на разузнавачките агенции на БИХ и на Хрватска...

Денеска почна бизнис-форум во Сараево на тема „Еден регион – една економија“

Tрадиционалниот  бизнис-форум во Сараево почна денеска и на него учествуваат преку 1.600 учесници од над 30 земји, меѓу кои и актуелни и поранешни шефови на држави и на влади, претседатели на големи корпорации, на банки и на ЕУ. Главното мото со кое започна еден од панелите на годинешната средба е „Еден регион, една економија – поврзување и потенцијали“, соопшти Регионалниот...

Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал

Со краток говор, актерот Роберт де Ниро го отвори Сараевскиот филмски фестивал (СФФ). Де Ниро во оваа прилика изјави дека е почестен што го отвора фестивалот во Сараево, по што му беше врачена специјална награда за животно дело „Почесно срце на Сараево“. - Среќен сум што сум тука. Чест ми е што сум поканет. Бев заинтересиран да дојдам тука. Ме прашаа повеќепати и...

Се самоуби напаѓачот кој уби двајца војници во Сараево

Енес Омерагиќ, кој синоќа во сараевската населба Рајловац уби двајца војници и рани неколку други лица, се самоубил во својата куќа, која била опколена од полицијата. Според босанската полиција, Омерагиќ го сторил тоа со активирање експлозив. Претходно, Омерагиќ пукајќи од автоматско оружје, убил двајца припадници на вооружените сили на Босна и Херцеговина и ранил уште еден војник, како и жената што работела...

Исламска држава им се закани на амбасадите на Јапонија и на Саудиска Арабија во Сараево

Властите во Босна и Херцеговина под засилени мерки за безбедност ги ставија амбасадите и резиденциите на Јапонија и на Саудиска Арабија, кои се најдоа под директна закана од напади од членови на џихадистичката група Исламска држава, информира весникот „Независне новине“. Информацијата на весникот е потврдена од Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи на БИХ и од јапонската амбасада. -...

Меркел: На Германија ѝ е важна европската перспектива на БИХ

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Сараево оцени дека БИХ има европска перспектива, но под услов, политичарите сериозно да си ја сфатат можноста која на оваа држава ѝ ја дава новата иницијатива на Европската унија. - Европската перспектива на сите држави во регионот ни лежи на срце. Но, целиот регион може да просперира само со развој на БИХ - порача Меркел по...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...