fbpx
Таг: санација

таг: санација

По повеќе од еден месец прекин, ќе сообраќа возот Скопје- Гевгелија

Железничниот мост на реката Црна кај Градско е саниран и железничкиот сообраќај од Скопје кон Гевгелија може да продолжи. Јавното претпријатие Македонски Железници –Инфраструктура вчера изврши пробно оптеретување на мостот, кој беше вон функција месец ипол и донесе одлука дека возот кон Гевгелија ќе може да сообраќа. За санацијата на железничкиот мост на реката Црна денеска се заблагодари и министерот...

Воспоставен сообраќајот на пругата Велес-Гевгелија

Од денеска во 14 часот повторно е воспоставен железничкиот сообраќај на пругата Велес-Гевгелија. Испитувањата и техничкиот прием на санираниот мост на Црна Река кај Стоби се завршени, по што е ставен во функција товарниот и патничкиот железнички превоз, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Почнувајќи од 14 ноември, железничкиот превоз на пругата Велес-Гевгелија беше во прекин поради...

Мостот кај Стоби саниран, во јануари ќе тргнат возовите кон Гевгелија

За период од неколку недели е реализирана санацијата на железничкиот мост на Црна Река на пругата Велес-Гевгелија. Во периодот од 3 до 5 јануари 2024 година ќе се направи пробно испитување на носивоста на мостот, ќе се заврши техничкиот прием и повторно ќе се воспостави железничкиот сообраќај на Коридорот 10, информираат за Мета.мк од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура...

ЕСМ чека дозвола од Град Скопје за да ги постави топловодните цевки на мостот „Беласица“

АД ЕСМ е подготвен по добиената дозвола од Градот Скопје да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од државната компанија. „Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе...

Дупките од Качанички пат ќе се пополнуваат со владини пари од 3 милиони евра

Владата веќе доделила наменски средства во висина од 3 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, односно за надградба на постојниот Качанички пат кој од Момин Поток води до скопската обиколница. Средствата се доделени на Градот Скопје, а вкупната вредност на проектот за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ изнесува шест милиони евра. „Во разговор и соработка со градоначалничката на...

Заврши мини ремонтот, блок 2 на РЕК Битола во функција

Блок 2 на РЕК Битола е вратен на мрежа утрово во 9:50 часот, информираат од АД Електрани на Северна Македонија. „Постројката е повторно ставена во фунција по завршувањето на активностите за нега и санација. Согласно планот за производство на АД ЕСМ, РЕК Битола продолжува со работа со полн капацитет, односно со трите блока“, наведено е во соопштението од компанијата. Вториот блок...

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен“, велат...

ЕСМ: Исклучен од мрежа блок 1 на РЕК Битола заради скинати цевки во котелот

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму информираат дека на блок 1 пред една недела биле извршени...

Се прави проценка за реконструкција во црквата „Успение на пресвета Богородица“ и манастирот Трескавец

Меѓународни експерти прават увид во состојбите во манастирот Трескавец и на црквата „Успение на пресвета Богородица“, а во почетокот на ноември и експерт од Грција ќе го направи проценка на штетите од појавата на влага во црквата. Според директорот на прилепскиот Завод и музеј, Горан Цветкоски потребно е да се најде решение за да се заштитат архитектурата и фрескоживописот на...

Започна санацијата на депонијата „Русино“, Нуредини очекува соработка од полошките општини

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, заедно со претставници од Центарот за развој на Полошкиот плански регион, оствари посета на депонијата „Русино“ во општина Гостивар, каде по издадената наредба од страна на министерот за животна средина, веќе се спроведуваат брзите мерки за санирање на последиците по животната средина од работењето на депонијата на постојната локација за...

Бочварски: Санирана штетата на пругата кај Куманово, од утре повторно ќе биде во функција

фото: мин за транспорт и врски
Железничката пруга што беше оштетена кај Куманово поради излизгување на товарниот воз во четвртокот, од утре ќе биде повторно ставена во функција, информира министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој денеска заедно со директорот на ЈП ЖРСМ Инфраструктура, Хари Локвенец, извршија увид на санацијата на 250 метри пруга што беше оштетена. Бочварски рече дека вработените во рекордно време...

Порталб: Поправката на потпорниот ѕид кај Градска бања не е извршена, Општина Тетово не одговара на новинарите

Општина Тетово не го одржа дадениот збор дека во март ќе се поправи опасниот потпорен ѕид кај Градска бања, а свесни за нивото на опасност, пред два месеци општинските власти преку Порталб.мк упатија апел за дополнително внимание сè до март. Но денеска работите за регулирање на овој ѕид сè уште не се започнати, одроните преставуваат опасност долж целиот коловоз,...

ДИЖС ќе врши надзор на санацијата на депонија Русино која ќе започне во март

Од следниот месец ќе започне санација на депонијата Русино, а интервентните мерки за контрола на исцедните води од депонијата и организациските подобрувања на приемот и отстранувањето на отпадот ќе се следат од Државниот инспекторат за животна средина. Ова е договорено на координативната средба иницирана од Инспекторатот за животна средина со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, општината и...

Порталб: Потпорниот ѕид кај Градската бања во Тетово под ризик од уривање

На патот за Градската бања во Тетово се наоѓа опасен потпорен ѕид, бидејќи е речиси пред уривање, а општинските власти сè уште немаат преземено ништо за решавање на овој проблем, пишува Порталб.мк. Од Општина Тетово за Порталб.мк велат дека за овој ѕид ќе мора да се причека до март, и ги повикуаат граѓаните да бидат претпазливи кога поминуваат покрај него. Иако...

ЕСМ инвестира 3 милиони евра во реконструкција на хидроелектраната „Вруток“

есм хец вруток
Во хидроелектраната „Вруток“ што е во рамки на ХЕС „Маврово“, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти, за што беа инвестирани околу 3 милиони евра. Како што соопштуваат од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ, со овој проект ќе овозможи драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и...

Oколината на „Русино“ ќе се санира со систем за третман на исцедокот од депонијата

Ќе се санира околината на депонијата „Русино“ во Гостивар. Министерот за животна средина Насер Нуредини денеска најави дека по усвојувањето на заклучок на Владата, Центарот за развој на Полошкиот плански регион ги ангажирал изведувачите „Пелагонија“ и Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гостивар кои ќе треба изградат систем за третман на исцедокот, со насип кој ќе спречува влевање на атмосферски...

Започнаа активностите за санација и ревитализација на Стариот чинар во Охрид

Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis), лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“. Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе...

Седум студентски домови ќе штедат енергија и помалку ќе загадуваат од греењето

24,8 милиони евра ќе се инвестираат во Проектот за енергетска ефикасност на македонските студентски домови. Со претстојниот зафат ќе се изврши промена на крововите, прозорците и вратите, изведба на нова фасада, поставување на нови грејни тела и промена на електричната инсталација во седум студентски домови низ земјава. Станува збор за кредит во висина од 20 милиони евра од германската...

Стартуваат активностите на санација на колекторскиот систем во Охридско – струшкиот регион

По направениот увид во состојбата со колекторскиот систем во Охридско - струшкиот регион, премиерот Зоран Заев објави дека стартуваат активностите на негова санација. Предвидено е прочистување на колекторскиот систем од наслагите и корењата од дрвјата, како и рехабилитација на цевководот на истиот. „Дополнително ќе се поправат или ќе бидат заменети сите редуктори на сите 18 препумпни станици, ќе се санира...

Започна санацијата на дел од Охридското пристаниште

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со санациони активности на пристанишниот дел пред капетанијата. Со специјална механизација се вадат камените блокови од езерските води кои претрпеле оштетувања и откорнати се од шеталиштето заради големи бранови под налети на силен јужен ветар. По оваа фаза, ќе се продолжи со санирање на шеталиштето на овој потег.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...