Најмалку 38 жртви во самоубиствен бомбашки напад во Багдад


Багдад, 15 јануари, 2018 - 10:19 (META) 

Најмалку 38 луѓе се убиени и уште 105 се повредени во двојниот бомбашки напад во средиштето на Багдад, втор во последните три дена. Двата напади уследија по неколкуте седмици релативен мирна состојба во главниот град на Ирак.

– Двајца самоубијци активираа експлозив кој го носеле на плоштадот Ал-Тајаран во центарот на Багдад – изјави генералот Сад Ман, портпарол на оперативната команда која ги координира војската и полицијата.

Плоштадот Ал-Тајаран е поприлично живо место во центарот на Багдад, а таму се собираат мајстори-надничари, во потрага по работа. Двајцата напаѓачи-самоубијци носеле елеци наполнети со експлозив.

 

 


Најмалку 28 лица загинаа, а 50 се повредени при експлозија на две бомби во Багдад


Багдад, 31 декември, 2016 - 13:19 (META) 

Две бомби експлодираа на пазар во центарот на Багдад, при што загинаа најмалку 28 лица, а повредени се повеќе од 54 лица, соопшти ирачката полиција.

Според последните информации од локалните власти, двете експлозии биле предизвикани од бомбаши самоубијци.

Претходно денеска избувнаа уште две експлозии во Багдад, во кои загинаа седум лица.


Давутоглу: Имаме докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци од Анкара со ИД или ПКК


Анкара, 14 октомври, 2015 - 21:06 (META) 

Ахмет Давутоглу, премиерот на Турција, денеска изјави дека некои од осомничените за нападот во Анкара, во кој во саботата загинаа 97 луѓе, поминале неколку месеци на боишта во Сирија.

– Имаме извесни докази за поврзаност на бомбашите-самоубијци со ИД или со ПКК. Дел од осомничените со месеци биле во Сирија – изјави Давутоглу.

Давутоглу рече дека истрага се води и за тоа дали имало разузнавачки и безбедносни пропусти пред двојниот самоубиствен напад во Анкара, извршен во саботата.