fbpx
Таг: Самоопределување

таг: Самоопределување

Ковачевски за Курти: Учеството на партии од други држави на изборите е непосакувана динамика

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска изјави дека не е познато сестрински партии да учествуваат во политичка поддршка на партии во други држави, но и додаде дека учеството на политички партии од соседството во изборниот процес на нашата држава може да предизвика и партии од други држави да бидат дел од изборите во земјава, што, како што вели, би претставувало...

„Самоопределување“ на Курти со освоени 48 отсто од гласовите победник на изборите во Косово

Движењето „Самоопределување“ со освоени 374.913 гласови, или 48,17 отсто од преброените гласови, е победник на вонредните парламентарни избори што се одржаа вчера во Косово. Демократска партија на Косово која што долги години ја предводеше Хашим Тачи освои 17,35 отсто од гласовите, додека досегашната владејачка партија Демократска лига на Косово на Авдула Хоти доби 13,18 отсто од гласовите, покажуваат резултатите...

Тесна победа на „Самоопределување“ во Косово, но владата ќе биде коалициска

Движењето „Самоопределување“ , прогласи победа на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, а претседателот на движењето, Албин Курти, објави дека тој ќе биде идниот премиер. Сепак, прелиминарните резултати од преброени речиси 96 отсто ливчиња, покажуваат дека движењето нe освоило доволно гласови за самото да формира влада и ќе мора да прави коалиција. Самоопределување е во водство пред Демократскиот сојуз на...

Косовски пратеници се степаа во дебатна емисија

Политичката спротивставеност во Косово денеска ескалираше, откако во телевизиска дебата во живо се степаа двајца пратеници. Во емисијата „Инфо Локале“, Фрашер Красниќи пратеник на „Самоопределување“ и Милаим Зека, пратеник на „Иницијатива“ најпрво почнаа жестока расправија, а набргу и започнаа со навреди, по што во еден момент Красниќи фрли вода кон Зека. На тоа, тој одговори со фрлање предмети, па следуваше...

Владината програма на Харадинај наиде на остри критики

На вонредната седница на Собранието на Косово, свикана од опозицијата, новата владина програма презентирана од премиерот Рамуш Харадинај наиде на силни критики. Шефот на парламентарната група на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, ја критикуваше владината програма, велејќи дека е сигурен дека тоа е дело на самиот премиер Харадинај, бидејќи според Коњуфца се работи за многу сиромашна програма од содржински аспект. Коњуфца...

Косово: Нападнати активисти на Самоопределување

Опозициската партија на Косово, Движење за самоопределување, јави дека синоќа околу 21.20 часот четири лица, вооружени со ножеви, нападнале активисти на партијата во Приштина. - Двајца од напаѓачите биле синовите на Сабит Геци (поранешен борец на ОВК), Албан и Куштрим Геци, кои имаат кривични досиеја. Полицијата ги уапси двајцата, а другите двајца побегнале. Двајцата активисти на Движењето кои се избодени...

Осумдесет повредени на протестите во Приштина

Најмалку 56 полицајци се повредени за време на денешните протести во Приштина, а повеќе од 100 лица се приведени, соопшти директорот на полицијата на Косово, Спенд Маџуни. - На еден полицаец му е тешко повредена главата, на друг раката. Останатите добиле повреди по телото - рече Маџуни. Српските медиуми јавуваат дека 80 лица се повредени за време на протестите, кои ескалираа откако демонстрантите со...

Косово: Полицијата употреби водени топови против демонстрантите

Косовската полиција со водени топови се обиде да ги растера демонстрантите во центарот на Приштина. Активистите на „Самоопределување“ со камења фрлаа по полицијата. Повредени се 30 полицајци, како и лидерот на „Самоопределување“, Висар Имери. Инцидентот настана откако претставникот на „Самоопределување“, Дардан Муличај, ѝ постави ултиматум на полицијата за 15 минути да ги отстрани блокадите поставени пред Владата на Косово. Муличај првин ја...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...