fbpx
Таг: Самит 100

таг: Самит 100

Скопје го доби првиот полнач за електрични возила

Станицата за полнење електрични возила официјално беше пуштена во употреба во „Парк хотел и спа“. На настанот присуствуваше еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата што го употреби новиот полнач. Со оваа инвестиција, Скопје се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network), преку која се очекува електрификација на автопатиштата...

„Самит 100“: Да испратиме порака за регионално единство

„Самит 100“ е одлична можност за премиерите да дадат конкретна поддршка на бизнис-заедницата, порача премиерот Зоран Заев, на обраќањето на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа. Тој додаде дека политичарите треба да ја донесат Европа во регионот бидејќи ако приватниот сектор и бизнис-заедницата одат напред, тогаш и државите ќе постигнат добри економски резултати. - Работиме на унапредување на регионалната соработка...

„Самит 100“ и Коморски инвестициски форум потпишаа меморандум за соработка

Во рамките на „Самит 100“, вчера беше потпишан меморандум за соработка помеѓу регионалната платформа „Самит 100“ и Коморскиот инвестициски форум на шест земји од Западен Балкан (WB6 CIF).Форумот е тело за регионална соработка на коморите од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и од Црна Гора и e формиран на маргините на Самитот во Трст за Западен Балкан. Според потписниците на...

Заев и премиерите на Албанија, БИХ и на Црна Гора денеска ќе дискутираат на „Самит 100“

Премиерот Зоран Заев, заедно со премиерите од Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, и со претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, денеска ќе учествува на панел-дебатата „Дали регионот може да се натпреварува на глобалниот пазар?“ на „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа, кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Премиерите ќе дебатираат за енергијата, за...

Анѓушев на „Самит 100“: Треба да се поттикнат граѓаните да користат електрични автомобили

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, обраќајќи се на „Самитот 100“, на панел-дискусијата „Е-концепт за забрзување на порастот базиран на поврзувањето“, рече дека земјите во Југоисточна Европа може во Македонија да гледаат сигурен партнер и добар сосед и нагласи дека Владата ќе прави напори да одржува одлична соработка на сите полиња со соседните земји, како и со пошироката меѓународна...

Булц: Поврзувањето на регионот е клучно за влез на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Западен Балкан има пореални можности за влез во Европската Унија во однс на изминатите 10 години, порача еврокомесарката за транспорт, Виолета Булц, која имаше специјално обраќање на „Самит 100“ за бизнис-лидери на Југоисточна Европа, што се одржува во Скопје. Таа рече дека ЕУ има стратегија за проширување и тоа треба да биде голем мотив за земјите од Западен Балкан. - „Самит...

Почнува „Самит 100“, со бизнис-лидери од ЈИЕ и со петмина премиери

Шестиот „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа се одржува денеска и утре во хотел „Мериот“ во Скопје. На самиотот ќе учествуваат 100 реномирани бизнис-лидери, но и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, и македонскиот премиер, Зоран Заев. „Самит...

„Самит 100“ ќе почне утре, ќе учествуваат бизнисмени и премиери на држави од регионот

Шестиот годишен „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа ќе се одржи утре и задутре (16 и 17 октомври) во хотел „Мериот“ во Скопје. На овој настан ќе учествуваат 100 реномирани бизнис-лидери, но и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседавачот со советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, како и македонскиот премиер, Зоран Заев. Посебно...

Заев, Рама, Марковиќ и Звиздиќ ќе учествуваат на „Самит 100“

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на регионалниот настан „Самит 100“  за бизнис-лидери од Југоисточна Европа, кој на 16 и 17 октомври ќе се одржи во Скопје. Заев е поканет да учествува со свое излагање на премиерската пленарна панел-дебата под наслов „Нов договор за новото време или дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена?“, на која ќе се дебатираат и темите за енергијата, за економиите...

Пет премиери од регионот и 100 бизнисмени на „Самитот 100“ во Скопје

Шестиот годишен „Самит 100“ за бизнис-лидери од Југоисточна Европа ќе се одржи во Скопје на 16 и 17 октомври. На овој настан ќе учествуваат 100 реномирани бизнис-лидери, пет премиери на држави во регионот - Албанија, Црна Гора, Косово и Хрватска, Македонија - како и претставници од Европската комисија. Претседателот на управниот одбор на „Самит 100“ и генерален директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов,...

Иванов ќе учествува на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“ во БиХ

Претседателот Ѓорге Иванов денеска и утре ќе престојува во работна посета на Босна и Херцеговина, каде ќе учествува на состанокот на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ и на регионалната бизнис иницијатива „Самит 100“. На годинешниот „Самит 100“,  насловен „Нов договор за ново време“, ќе учествуваат и бизнис - лидерите и истакнати претприемачи и стопанственици од Југоисточна Европа. Главни теми на дискусија ќе бидат одржливото снабдување со...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...